Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeМајки | 2010 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Мајки | 2010

Go down 
+6
Chris
Losteech
Ana-Marija
LucasScott
Игор
Bobi
10 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 1:53 pm

„Мајки“ на Манчевски премиерно во Торонто

Мајки | 2010 4FFF216A9DDC6C46B06F1CD8BBA940D8

Според директорот на фестивалот, Пирс Хендлинг, кој е селектор на програмата „Специјални презентации“,Манчевски е прерано созреан талентиран македонски режисер

Новиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Мајки“, кој имаше работен наслов „Како бебе“, ќе има светска премиера на еден од најпрестижните светски фестивали во Торонто, на 13 септември. Филмот ќе биде прикажан во програмата „Специјални презентации“, во која пред три години премиера имаше и неговиот претходник „Сенки“.

Според дистрибутерот „Манаки филм“, за филмот се заинтересирал директорот на фестивалот, Пирс Хендлинг, кој е и селектор на таа програма. Според него, Манчевски е „прерано созреан талентиран македонски режисер“.

Мајки | 2010 75924A51092D9C40A78AFDAA35035334

- Како што сугерира насловот, филмот е за мајки. Но е многу повеќе од тоа, со оглед на тоа дека Манчевски создава вид свидетелство на актуелното расположение во неговата држава. Трилогијата од епизоди во овој секогаш сериозен, често провокативен и конечно вознемирувачки филм му ја дава слободата на Манчевски да прикаже многу различни аспекти од современа Македонија. Под површината на сите епизоди лежи мала мрежа на лаги и предавства - пишува Хендлинг на интернет-страницата на фестивалот.

ВО ПРОГРАМА СО КЛИНТ ИСТВУД

Во рамките на програмата „Специјални презентации“ се вклучени 18 филма, меѓу кои 14 се светски премиери. Филмот на Манчевски ќе биде во селекција меѓу најновите филмови на Клинт Иствуд, Дени Бојл, Беноа Жако, Џон Туртуро, Кеси Афлек.

Според директорката на „Манаки филм“, Тања Пепељугоска, македонската премиера се' уште не е закажана, но веројатно ќе биде набрзо по премиерата во Торонто. Таа додаде дека од продуцентот ќе зависи дали филмот ќе се кандидира за македонскиот избор на кандидат за „Оскар“ за 2011 година.

„Мајки“, кој е македонско-француско-бугарска копродукција, се снимаше есента на локации во земјава - Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Продуцент на филмот е Гркинката Кристина Калас, а зад македонскиот дел на продукцијата стои „Банана филм“. Монтажата беше завршена летово во студија во Париз, Лондон и во Минхен.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, кој прв пат работи со Манчевски. За него била голема чест што тој го поканил.

Мајки | 2010 440BB0A7FA1D4F4BAC3A688B15AD08D9

РЕФЛЕКСИЈА НА МРАЧНИОТ СВЕТ НА ДОСТОЕВСКИ

Улогите ги толкуваат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиоски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски, Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, а музиката е на Игор Василев Новоградска.

За актерот Ѓорѓиоски, за кого ова е прва поголема улога на филм, снимањето претставувало вистинска школа и многу пријатно искуство да работи и со поискусни колеги. Голем дел од актерите се повторуваат од „Сенки“. И Диме Илиев бил изненаден кога го поканиле да игра, а претходно не учествувал на аудиција.

- Чест е да се работи со Манчевски. Работевме мирно, полека, убаво, со Манчевски се разбиравме речиси со погледи и претходното искуство сигурно ни помогна. Во разговор со него, ми рече дека за сценариото се инспирирал од вистински настан од пред десетина години што се случил во Скопје - рече Илиев.

Мајки | 2010 C5CA0128AC6C2046836E656B60E5F94F

За Јачев, фасцинира структурата што претставува обележје на работата на Манчевски.

- Во „Сенки“ Манчевски користеше бинарни опозиции, еден тип матрица на претставување архетипски односи меѓу ликовите. И во овој филм имаме слична структура, само сега филмот се разликува во атмосферата, зашто „Сенки“ беше поурбан филм - смета Јачев.

Мотото на филмот е „Вистина, само вистина и скоро ништо освен вистина“. Филмот на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што деца што беснеат со кредитни картички набедуваат невини луѓе, каде што старци умираат сами и заборавени, каде што пензионирани чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски. Филмот користи експериментална структура во која играниот филм се претвора во документарец. (С.Ѓ)

Извор: Дневник
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 4:27 pm

Одвај чекам да го гледам. Мајки | 2010 425582
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 5:51 pm

И јас. Мада не ме воодушевува поголемиот дел од актерската екипа, но вреди ради Манчевски.
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 9:05 pm

Аууу мора да најдам карти за Торонто филм фестивал.Македонски филм во Канада да глеам,не е мала работа Мајки | 2010 996773
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 9:34 pm

Ana-Marija напиша:
Аууу мора да најдам карти за Торонто филм фестивал.Македонски филм во Канада да глеам,не е мала работа Мајки | 2010 996773

И "Black Swan" не го заборавај, 10 дена трае тој фестивал, мораш да ги изгледаш овие два Мајки | 2010 959987
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeЧет Aвг 19, 2010 9:36 pm

Обавезно Мајки | 2010 327923
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeПет Aвг 20, 2010 3:50 pm

Едвај чекам да го видам. После „Сенки“, кој беше одличен, се надевам на уште еден успешен филм на Манчевски. Мајки | 2010 996773 Се’ уште најдобар ми е Before the Rain, но којзнае после „Мајки“ дали ќе мислам исто. :)
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeВто Сеп 07, 2010 5:46 pm


Мајки | 2010 CAB35CF73FCB9745A56DFE6CC3529377

Новиот филм на Милчо Манчевски, со наслов „Мајки“, на 16 септември ќе доживее светска промоција. Прва ќе го види канадската публика на најголемиот филмски фестивал во Северна Америка, во Торонто. Единствениот македонски режисер добитник на престижниот „Златен лав“ на Венецискиот фестивал (1994 година за „Пред дождот“) вели дека овој пат за новиот филм има одличен тим, кој треба да му обезбеди удобност и долговечност на филмот. Со работа на нов проект почнува веднаш по премиерата.

„Мајки“ прв пат пред публика и тоа во на фестивалот во Торонто. Таму беше првата проекција на претходниот, „Сенки“. Дали тоа е среќна околност?

- Не е само среќна околност, туку е и убав континуитет. Торонто е еден од оние фестивали (како и Венеција, Токио, Сао Паоло, Истанбул, Тајпеј, итн.) што сериозно ја почитуваат мојата работа и каде што има континуитет на прикажување на моите филмови. Директорот на фестивалот е од старата школа, има огромно познавање на филм воопшто и знае да прави храбри потези во изборот. Торонто е и најголем фестивал во Северна Америка и еден од најважните во светот, па како таков многу е погоден за светска премиера. Доаѓаат сите агенти за продажба, дистрибутери и медиуми. И нашиот дистрибутер, и агентот за продажба, и продуцентите се радуваат како мали деца што филмот има премиера во Специјална презентација, во новото кино и во одличен термин. Веројатно и мене ќе ми беше голем мерак - да немав аверзија кон црвени килими и слични циркуси.

Како бебе“ беше работниот наслов на филмот. Го крстивте „Мајки“. Зошто?


- Затоа што мајките се оние што први не' учат на лага и на вистина.

Познато е дека филмот за тема ја има вистината. Практично има три дела од кои едниот е документарен (за Владо Таневски). Тешко ли беше да се направи форма на едно цело?


- Филмот го разработува односот меѓу вистината и лагата, меѓу играното и документарното. Понекогаш ќе каже некој „ова е за на филм“, ама толку е неверојатно што ниедна публика нема да го прифати како драматуршка конструкција - иако навистина се случило! Што би рекол Том Кленси: „Се разбира дека вистината е поневеројатна од уметноста. Во уметноста мора да има логика“. Кој е нашиот однос кон вистината - како луѓе, како поединци, како култура? Колку сме воспитани да ги лажеме другите, па дури и себе? Дали сме бесрамни? Овие прашања кон себе (и кон гледачот) ги поставувам низ една експериментална форма каде што трите приказни не се спојуваат наративно, како прикаски, како содржина, туку само како атмосфера и како тема.

Секогаш, а особено овој пат, цел ми е моите дела да поставуваат светски стандард, да предводат, да бидат инвентивни на глобално ниво. Резултатите на оваа моја намера се обработени во стотици есеи и книги за моите филмови; филмовите се предаваат и на десетици и десетици универзитети, а дури се и синематска школска лектира во Италија (во италијански неповлечен учебник). За жал, кај нас критериумот се потпира врз имитација на она што е работено на латиница, често без усул, додека пак во светот често очекуваат од тебе да бидеш понизен и да фаќаш на егзотика ако доаѓаш од мала земја - наместо да наметнуваш стандарди, да предводиш со квалитет и со визија во својата фела.

И' благодарам на Македонија која засекогаш ќе остане моја инспирација. На некој начин „Мајки“ е огледало на оваа заедница, на она што се случува денес тука, ама тоа не се однесува само на земјичкава. Ова (како и другите мои филмови) е филм од Македонија, а не филм за Македонија.

Филмот воопшто не е за Владо Танески. Филмот, меѓу другото, зборува и за убиствата на жените во Кичево, за една клаустрофобична средина и за болни умови, а Танески е само еден од луѓето што биле на еден или друг начин дел од тие случувања. Јас не знам дали Танески е навистина сторителот на тие грозни убиства. Тоа треба(ше) да го каже судот.

Мариово повторно во Вашиот филм. Инспиративен амбиент?


- Апсолутно. Мариово е еден од најубавите предели на планетава. Не само сликата, туку и мирисот, звуците, широчината. Многу ми е жал што неповратно ќе се уништи со хидроцентралите, ама и тоа е дел од неспособноста да се препознае и да се заштити убавото или уникатното. Тоа се случи со Охрид, со Дебар Маало, сега ќе му се случи и на Мариово.

Главните улоги повторно на анонимни актери, а многумина од постарите се од „Сенки“ (Диме Илиев, Ратка Радмановиќ и други). Поубаво се моделираат младите, доверба спрема проверените или нешто друго?


- Тоа е доверба кон нечија способност. Многу ја почитувам способноста во работата, во која било работа. § се радувам. И мило ми е кога работам со способни луѓе, актери или екипа. Избирам според способностите. Не ми е важно дали е некој голема ѕвезда, провинциска ѕвезда или непознат. За улогите во моите филмови ги избирам актерите што се апсолутно најдобри за тие улоги и тука нема компромиси. Кај нас има извонредни актери. Ќе ви раскажам еден момент од снимањето: во „Мајки“, Ратка Радмановиќ глумеше една емотивно тешка сцена, во физички тешки услови. Таа ја одигра, јас викнав „Стоп“ и се случи нешто што никогаш го немам видено - целата екипа почна да и' аплаудира на Ратка, како да сме на сцена, а не на снимање. Сите беа понесени, и техничари и колеги.

Велите дека Вашата работа завршува кога завршува работата на филмот. Колку вложувате лични ангажмани за да му обезбедите живот на своето дело?


- Онолку колку што морам, како да пишувам домашна. Тоа се деловни обврски, па ќе се појавам на некој од фестивалите или ако мора на некоја од премиерите, ќе помогнам во презентацијата, ќе дадам мислење за плакатот или за трејлерот, и често тоа ќе се развлече со месеци или со години. Со тоа треба да се бават продуцентите и другите костумисани. Сметам и дека на гледачот не му треба толкување во примањето уметничко дело. Тоа е како да и' објаснуваш на девојка зошто си се заљубил во неа или - бетер - зошто таа треба да се заљуби во тебе.

Филмскиот свет кај нас се фрустрира зашто Ве сметаат за милениче на актуелната власт, дека лесно се реализираат вашите творечки планови без разлика на цената. Се доживувате ли повластено?

- Филмскиот свет кај нас е фрустриран, точка. И јас би бил да сум филмски автор чиј филм го видело само неговото семејство и чиј филм не успеал да излезе од неговото маало, не пак да оди на големи фестивали и уште да победи во светска (а не фамилијарна) конкуренција или да биде на редовната кинопрограма во САД или Британија, или Бразил, или Јужна Африка, или Кореја. Не, не се чувствувам повластено, напротив.

Во моите четири филма Македонија како финансиер учествувала со вкупно 19 отсто од цената на филмовите. Обично прво влегуваа странските инвеститори, па дури потоа Македонија. Значи јас тука донесов не само едно чудо странски инвестиции што тука се потрошија, туку и едно чудо светски стручњаци од областа на филмот - ич да не зборуваме за меѓународни признанија и за трасирање на патот на македонската кинематографија и култура на глобален план. Патем школував десетици филмски работници. Ме интересира колку странски пари за македонски филмови донеле немиленичињата. Во Македонија - со ретки исклучоци - нема копродукции, и покрај правилата на Фондот. Какво милениче ќе бев кога сум изложен на редовни опструкции од културњачки апаратчици? Во моите филмови финансирале сите наши влади од 1993 до сега, ама и британската, француската, бугарската и германската влада, италијански компании, Еуроимаж, Полиграм, Бритиш скрин, Мирамакс, Њу лајн синема, Роберт Редфорд, Твенти сенчри фокс и ред други инвеститори. Значи, испаѓа дека сум милениче и на многубројни странски и наши влади и инвеститори. Вложувале веројатно затоа што оцениле дека во моите дела има уметничка и комерцијална вредност. Во светот на возрасните, финансии за проект не се добиваат оти е некој најубав на мајка или оти е послушен партиски војник, ами оти си го бива за работата.

Сто пати досега ги имам кажано овие работи и со секоја промена на власта го добивам истото прашање - дали сум миленик? Смешно ми е прашањето (како кога повторувачи се жалат дека одличниот ученик е миленик на учителката, иако овој се здробил од учење), ама и по малку тажно оти стално ме потсеќа дека Македонија цело време се шлапка во калта на меѓупартиските препукувања и жед за власт, и на перверзен начин сите уживаат во тоа.

Од „Пред дождот“ до „Прашина“ 7 години, од „Прашина“ до „Сенки“ - 6 години, од „Сенки“ до „Мајки“ - 3 години. Се намалува периодот од еден до друг проект. Следниот кога? Какви се плановите?

- Овој пат, за разлика од минатиот, имав извонреден менаџмент, чесни и способни продуценти, и супер си поминав. Патем направив и суперфилм. Почнувам со работа одма, в понеделник.

Извор: Дневник
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСре Сеп 08, 2010 12:26 am

Интервјуто му е одлично. Особено се согласувам со делот:
„Сметам и дека на гледачот не му треба толкување во примањето уметничко дело. Тоа е како да и' објаснуваш на девојка зошто си се заљубил во неа или - бетер - зошто таа треба да се заљуби во тебе“.
Филмови, книги, се` што има уметничка вредност - сосема точно. И споредбата му е стварно добра.

„Мајки“ се чека со голем ентузијазам. Филм ОД Македонија.

EDIT:
И еве малку поопширно инфо! :)

http://www.manchevski.com/docs/Mothers_Press_Kit.pdf
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСре Сеп 08, 2010 1:08 am

Мајки | 2010 Mothers1
Мајки | 2010 Mothers2
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСре Сеп 08, 2010 1:27 am

И мене многу ми се допадна интервјуто. Уште сабајле додека идев на школо го прочитав во весникот и си реков дека морам да го објавам. Филмот го очекувам со нетрпение, сета таа еуфорија за македонски филмови ја обожавам. Ете исто го очекувам и филмот на Теона Митевска, а и уште неколкумина македонски кои треба да видат бел ден во скоро време.

Исто така ми се допаѓа концептот за овој филм, трите приказни, убиствата, едвај чекам да видам во какво светло ова ќе ни биде прикажано. Очекувам и трејлер во скоро време.

Постерите се одлични, морничави. Патем зар Манчевски не најави продолежние на овој филм? Или ќе работи на нов проект?
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСре Сеп 08, 2010 1:46 am

Каде спомнал продолжение? Манчевски во интервјуто само спомна дека веднаш ќе почне да работи на нов проект. Не би требало воопшто да има место за продолжение, според ова што го прочитав во press kit-от. Имено, за овој филм, Манчевски го остава настрана линеарното раскажување една приказна и се враќа на стилот на „Пред дождот“ и оваа вест ме воодушевува. Ќе има три приказни различни по содржина, но сепак сите ќе ги поврзува истата тема, атмосфера и македонски менталитет.

Според ова што го читам, ми се чини дека „Мајки“ ќе му биде, по длабочина, најзрел филм, кој нема да биде лесно да се свари и кој ќе нѐ натера на размислување.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСре Сеп 08, 2010 1:51 am

Игор напиша:
Каде спомнал продолжение? Манчевски во интервјуто само спомна дека веднаш ќе почне да работи на нов проект. Не би требало воопшто да има место за продолжение, според ова што го прочитав во press kit-от. Имено, за овој филм, Манчевски го остава настрана линеарното раскажување една приказна и се враќа на стилот на „Пред дождот“ и оваа вест ме воодушевува. Ќе има три приказни различни по содржина, но сепак сите ќе ги поврзува истата тема, атмосфера и македонски менталитет.

Според ова што го читам, ми се чини дека „Мајки“ ќе му биде, по длабочина, најзрел филм, кој нема да биде лесно да се свари и кој ќе нѐ натера на размислување.

Да, знам дека ќе работи на нов проект, но не бев сигурен дали тој се‘ уште стои на своето мислење од пред година дена (еве извадок од 2009.)
Цитат :

Во амбиентот на мариовските села Чаниште, Вепрчани и Кален следната седмица ќе почне снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски, „Како бебе“. Живописниот мариовски предел беше визуелна заднина и во двата претходни филма на Манчевски - „Пред дождот“ и „Прашина“ - чиишто делови се снимаа во мариовското село Штавица. Иако режисерот ги држи во целосна тајност подготовките за првиот дел од филмската трилогија на која ќе работи во наредните неколку години, „Време“ дознава дека филмот ќе почне да се реализира на 20 септември.
http://www.time.mk/read/30e327fadd/b5fcb05709/index.html

Но добро, најверојатно се има откажано од таа идеја и се одлучил да го направи во еден филм, што е уште подобро. И баш ме радува тоа што веќе од понеделник почнува со свој нов проект. И да, и мене ме радува тоа што ќе биде во стилот на „Пред дождот“. Очекувам навистина да не ме разочара.
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 2:58 am

„МАЈКИ“ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИКАЖУВА!
На 35. Интернационалниот филмски фестивал во Торонто утревечер македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера.
Филмот е ставен во програмата „Специјални презентации“ и ќе има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември.

„Мајки“ е направен во македонско-француско-бугарска копродукција. Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен. Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска. Дистрибутер на „Мајки“ е „Манаки филм“.
„Мајки“ на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски.“ Додека мотото на неговиот нов филм е: „Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина.“


Но „Мајки“ најверојатно нема да биде достапен во кино салите за македонската публика.
Еве што изјави Милчо:
„За жал, како што сега стојат работите, ми се чини дека „Мајки“ нема да има ниту филмска премиера, ниту прикажување во Македонија. Не сакаме да соучествуваме во прикривањето на геноцидот извршен врз кино мрежата во Македонија. Мислам дека треба да се знае и да обрне внимание на овој проблем. Во Скопје пред 30 години имаше 16, а сега има кино ипол. И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот. За нас е голема одлука „Мајки“ да не го играме во Македонија, зашто сакаме да посочиме на фактот дека таму кино мрежата е уништена и физички и со тоа кои луѓе ја водат.“

(преземено од Кајгана. Целата статија: http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5995611,00.html)


Од една страна го разбирам Манчевски, ама од друга, не сакам да бидам лишен од филмот поради неговите фрустрации со нашите кино сали. Ако ништо друго, се надевам декам барем ќе го издаде директно на ДВД.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 3:21 am

Цитат :
Од една страна го разбирам Манчевски, ама од друга, не сакам да бидам лишен од филмот поради неговите фрустрации со нашите кино сали. Ако ништо друго, се надевам декам барем ќе го издаде директно на ДВД.

Се согласувам.

Милчо ме разочара со оваа изјава, не знам зошто така смета, покрај Скопје барем уште десетина градови имаат кино платно и покрај тоа што не се користи. Што е битно каква е техниката на истите, мислам дека Манчевски треба да го испромовира филмот во Македонија на највисоко ниво, а не вака. И зар не се доста Рамстор и Милениум за еден филм? Не ми е јасно, Сенки имаше одлична заинтересираност.

Палец доле за Милчо. Се надевам барем ДВД изданието ќе ни‘ го достапи побрзо.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 10:39 am

Добро де ќе го симнеме, јас многу сакам сакам да го гледам.
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 12:30 pm

Не, јас мислам дека се има спречкано нешто со сопствениците на кината:

„И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот.“

Сигурно му направиле некој проблем и тоа било капката што ја прелила чашата. :)) Тој само си знае. Инаку, да му пречеа само кино-салите, ни Сенки немаше да го пушти кај нас; ситуацијата тогаш беше иста, ако не и полоша.

Цитат :
Добро де ќе го симнеме, јас многу сакам сакам да го гледам.

Ако не е кино сала, ако не е двд, тогаш Интернет. =)) Ваљда ќе се најде некоја добра душа што, ако го најде, ќе го пушти на нет. Убаво би било сега некој од Торонто да украде снимка.
Инаку, вчера било првото прикажување.
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeПон Сеп 13, 2010 6:47 pm

„Мајки“ дел од спектаклот во Торонто
Торонто, 13. септември 2010 (ИНПРЕС)

Светската премиера на „Мајки“ на Милчо Манчевски на фестивалот во Торонто мина во знакот на спектакуларната свеченост со која беше отворен новиот фестивалски дом, импресивниот кино - комплекс Бел Лајтбокс.

Мајки | 2010 47860E95E1C7744FA8897B534BA0B772
„Мајки" ја доби честа да биде првиот филм што има премиера во најголемото од петте првокласни кина во Бел Лајтбокс, со капацитет од 550 седишта и совршен звук.

Премиерата на „Мајки" мина со преполна киносала и исклучително големо внимание од гледачите. Публиката, главно љубители на уметнички филм, во штама, без здив го изгледа филмот до одјавната шпица, а потоа како се тргна од шокот и екна аплауз. Сите гледачи останаа и на речиси получасовната сесија прашања и одговори со режисерот Манчевски која мина особено добро.

Филмот на публиката го претстави директорот на Торонто фестивалот Пиерс Хендлинг, кој „Мајки“ го нарече „исклучително храбар филм!“

На публиката и беа претставени и режисерот Манчевски, продуцентката Кристина Калас и дизајнерот на продукција Дејвид Манс.

- Задоволен сум од широкиот одѕив на вака тежок филм. Вистината понекогаш боли, ама мораш да се соочиш со неа, изјави режисерот Манчевски.

- Мило ми е што филмот имаше многу убава премиера на одличен фестивал во вистинска атмосфера и во престижен термин. Добиваме многу покани за други фестивали, изјави продуцентката Кристина Калас.

Во публиката присутни беа и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, владиката Методиј.

Уште пред премиерата „Мајки“ во канадските медиуми беше сместен меѓу Топ 10 филмови кои мора да се видат на Торонто филм фестивал.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeПон Сеп 13, 2010 8:41 pm

Не се ни сомневав. Сега баш ќе проверам на интернет некои оцени и критики за филмот ако има ставено.

Мајки | 2010 319488
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeПон Сеп 13, 2010 9:18 pm

А1 денес на вести даваа едно кратко телефонско интервју со него. Повторно спомна дека имало некој проблем (со кино салите), но дека работел на тоа што поскоро и македонската публика да може да го гледа филмот, како било.

Јас сум сигурен дека, ако не направи ништо со кината, ќе го даде право на двд. И од тоа сигурно вади многу профит, штом досега сите филмови му се издадени на двд, најмногу со весници. :)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСаб Сеп 18, 2010 2:36 pm

Мајки | 2010 433111 Мајки | 2010 433111 Мајки | 2010 433111 ... јас сакам да присуствувам на премиерата, доколку некој дознае каде ќе се продават картите веднаш нека извести. Патем, наслушнав негативни критики од Торонто, сепак со нетрпение го очекувам Мајки | 2010 319488

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Мајки“, официјалната македонска премиера ќе ја има на 16 октомври на отворањето на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола
Во исто време, кога ќе се случува премиерата во Битола, „Мајки“ ќе се прикажува и во киното „Милениум“ во Скопје.


Ова е епилогот од неколкудневните „недоразбирања“ за тоа каде и дали воопшто ќе има премиерата на филмот на Манчевски во Македонија.

Лабина Митевска, првиот човек на „Браќа Манаки“, уште во август месец упатила официјална покана до Манчевски, со барање неговиот филм „МАЈКИ“ да го отвори или затвори фестивалот.
Поканата била одбиена, но по интервенција на министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, истакнатиот режисер Милчо Манчевски ја прифатил, дознава Форум од извори во Министерството за култура.

Компромисот е постигнат, со тоа што во исто време филмот „Мајки“ ќе се прикажува и пред битолската и пред скопската публика на 16 октомври.

„Мајки“ е четврт долгометражен филм на Милчо Манчевски. Реализиран е во македонско-француско-бугарска копродукција. Снимањето се одвиваше во Скопје , Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар минатата година, а монтажата беше завршена летово во пост-продукциските студија во Париз, Лондон и Минхен.

Светската премиера ја имаше на 12 септември, на престижниот филмски фестивал во Торонто, Канада.
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСаб Сеп 18, 2010 8:49 pm

Добро е, сепак ќе го гледаме. Мајки | 2010 301909 Мајки | 2010 24632 Оно и претпоставував дека ќе најдат „компромис“ (сигурно бил финансиски :)) ) кога тогаш.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСаб Сеп 18, 2010 8:52 pm

Игор напиша:
Добро е, сепак ќе го гледаме. Мајки | 2010 301909 Мајки | 2010 24632 Оно и претпоставував дека ќе најдат „компромис“ (сигурно бил финансиски :)) ) кога тогаш.

Синоќа имаше дебата може не си гледал, на А1 на дебатната емисија со Билјана Секуловска, гостинка беше министерката за култура, и баш расправаа една од темите беше за премиерата на Мајки, истото и тие го кажаа револтот на Милчо но дека ќе најдат решение, иако не спомнаа за премиерата, еве веќе се решило Мајки | 2010 433111 Мајки | 2010 433111
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeСаб Сеп 18, 2010 9:55 pm

Да баш тогаш поминав низ А1 кога зборуваа за "Мајки", Билјана не им даде до збор да дојдат на кутрите гости, како и секогаш. Мајки | 2010 353532

Јас не знам како ја трпат, како што сум слаб со нервите на среде емисија би и удрил еден бокс по тоа грозната фаца што ја има.
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitimeНед Сеп 19, 2010 2:56 am

Мајки доби негативни критики после премиерата. Не знам какви ке бидат во Македонија
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Мајки | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мајки | 2010   Мајки | 2010 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Мајки | 2010
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
 Similar topics
-
» BETTER WITH YOU, 2010-
» LEGION | 2010
» OUTLAW|2010-
» THE EVENT|2010-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Филм :: Македонски Филмови-
Отиди до: