Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeДругата страна на животот Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Другата страна на животот

Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeВто Апр 14, 2009 11:53 pm

НАСКОРО НА Ангели и Сериимк!

"ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ"
-веб новелата ќе започне на 3 мај и ќе се емитуваат 6 епизоди од првата сезона, следните 5 епизоди ќе бидат прикажани во почетокот на месец септември.

Другата страна на животот Hhhqh1


Последната промена е направена од Bobi на Нед Мај 31, 2009 3:33 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСре Апр 15, 2009 6:29 pm


Синопсис:

Уште од мали нозе, Сантијаго беше заинтересиран за проучување на мистиката. Завршувајќи ги студиите, почнува да се занимава со истражување на паранормалното не помислувајќи го што го чека. Сепак, се смета за среќник што од една страна има добра работа додека од друга страна е свршен со долгогодишната девојка, Кристина Серано. Кристина е млада новинарка, со успех, перфекционистка која добивајќи го местото на главна уредничка започнува да ги излудува сите свои вработени.

Сантијаго и Кристина ги извршуваат последните припреми за долго најавуваната венчавка кога нивната идила ја прекинува ненајдената смрт на Кристина под сомнителни околности. Виновникот за нејзината смрт никогаш не е пронајден, а Сантијаго не може да се помири со смртта на својата свршеница. Недолго после нејзиниот погреб, во домот на Сантијаго почнуваат да се случуваат необични работи. После низа збунувајќи и наизглед неповрзани настани, одлучува подетално да ги истражува работите, па една вечер се среќава лице со лице со нејзиниот лик. Од тој момент, Сантијаго е уверен дека духот на неговата покојна свршеница се вратил за да го пронајде виновникот на нејзината смрт но околината го уверува во спротивното тврдејќи дека се‘ му изгледа нереалност бидејќи не може да ја преболи нејзината смрт.

И покрај тоа, Сантијаго не сака да се откажи од понатамошното истражување па се вовлекува во заплетена мрежа од лаги и превари. Со секоја нова трага дознава дека неговата покојна свршеница не била таква каква што се правеше во животот па ја открива нејзината друга страна.

Онаа мрачната.

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Апр 19, 2009 4:59 pm

Од 3 мај само на СерииМк и Ангели!

Другата страна на животот Promodn9

Ентрада:


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Апр 19, 2009 5:42 pm

КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ЛИКОВИТЕ

Другата страна на животот Santiagoih6
САНТИЈАГО КОРЕ (Federico Olivera)
Еден од научниците во Институтот за истражувањето на паранормалните работи, е окупиран со светот на мистиката откако знае за себе. И покрај тежината на работата, задоволен е од животот бидејќи среќата ја пронаоѓа во долгогодишната свршеничка Кристина Серано. Смртта на саканата Кристина ќе биде голем удар за него, но и покрај тоа не се откажува да го најде виновникот за нејзината смрт. Животот му се менува темелно кога станува уверен дека духот на својата покојна свршеница сака да комуницира со него со цел да го открие виновникот.

Другата страна на животот Cristinaug4
КРИСТИНА СЕРАНО (Eugenia Tobal)
Млада новинарка на која еден од главните животни цели и е успешната кариера. Во тоа полека успева добивајќи го местото на главна уредничка на угледен магазин не сфаќајќи дека со преоптеретената работа, помалку ја запоставува својата врска со Сантијаго заради што влегуваат во конфликти. Сепак, венчавката за Сантијаго е нејзиниот животен сон кој го очекува со нетрпение. Но, нејзиниот живот не е ни малку едноставен како што се чини бидејќи позади маската на успешната бизнис жена и свршеничка се кријат многу тајни кои ќе ги одреди животите на нејзините блиски.

Другата страна на животот Monicavx4
МОНИКА АГИРЕ (Carina Zampini)
Новинарка во магазинот “Lifestyle” во кој Кристина станува главна уредничка. Нејзе ни малку не и се допаѓа карактерот на Кристина и грубиот однос спрема вработените, а со тоа помалку придонесува и љубомората која Моника ја чувствува спрема Кристина заради успешната кариерта. Кристина и Сантијаго ги знае уште од студентските денови кога одела заедно на факултет со Кристина. Својата тинејџерска љубов која некогаш ја чувствуваше спрема Сантијаго со времето успеа да потоне кога тој ја одбрал Кристина, но и покрај тоа нејзиниот однос со Кристина никогаш не бил најдобар и нетрпеливоста помеѓу нив не исчезнала. Нејзина најдобра пријателка и е соработничката Нина Фонтан.

Другата страна на животот Ninawy1
НИНА ФОНТАН (Magela Zanotta)
Најдобрата пријателка на Моника, работи заедно со неа во “Lifestyle”. Таа и Моника се најголема подршка една со друга и делат исто мислење во врска со Кристина и многѕ други работи што ги прават блиски како сестри. Ведра и секогаш расположена личност, која секогаш шири оптимизам на својата околина, спремна да им помогне на оние на кои им е потребна. Лесно може да опрости за многу работи, но лагата и измамата се работи кои не може да ги поднеси. Не е прилично приберлива кога станува збор за мажи и се‘ уште се надева дека ќе наиде на оној вистинскиот. Слободното време го поминува гледајќи ги новелите на Глобо, поради што се смета декае нивен најголем фан.

Другата страна на животот Hernanwz4
ХЕРНАН ФАРИНА (Fabian Pizzorno)
Близок пријател на Сантијаго и колега од работа, заедно работат на паранормалните случаеви и истражувањата на мистиката. Заинтересиран е за работата која ја работи но во помала мера од Сантијаго, бидејќи кон работата гледа само извор на неопходните пари. Му помага на Сантијаго да ги разреши необичните настани кои му се случуваат, а спрема верувањето на духовите и натприродните појави доста е скептичен па ќе му биде тешко да поверува во приказната на Сантијаго за средбата со духот на покојната свршеница.

Другата страна на животот Lucaszr3
ЛУКАС САНТИ (Osvaldo Laport)
Шеф на редкацијата на магазинот “Lifestyle”, воедно и еден од главните уредници. Освен работниот однос, со Кристина го врзува и блиското пријателство поврзано со тајни за кои се чини дека после смртта на Кристина ќе останат засекогаш закопани. Меѓутоа, после трагичниот настан работите се променуваат наопаку и тајните малку-помалку ќе почнат да излегуваат на виделина на што Лукас нема ни малку да одговара па ќе биде спремен на се‘ за да ја заштити сопствената кожа.

Другата страна на животот Gladysdi4
ГЛАДИС ИБАРА (Gloria Carra)
Психијатар чиј живот се сведува само на работата и грижата за старата мајка. Заради трагичниот настан кој пред многу години ја обележил нејзината фамилија, се оддалечила од својат амајка. Иако на себе ја превзела грижата за неа, нивниот однос и понатаму е поприлично подалечен и ладен. Ретко е кога некој сакала вистински па животот го преживува низ приказните на своите пациените за да се чувствува помалку осамена. Посебно внимание ќе и привлече приказната на Сантијаго кога тој ќе и се обрати за помош.

Другата страна на животот Cleliaah4
СЕЛИЈА ИБАРА (Patricia Castell)
Мајка на Гладис, тивка и повлечена старица чиј однос со ќерката се слошил по трагичниот настан од минатото кој премногу ги променил ннивните животи. Уште од младоста станала вдовица губејќи го рано сопругот кој починал од тешка болест. Заради тоа своите обврски ги превзела за себе, па голем период од својот живот и бил тежок за неа а целата ситуација додатно ја слошил односот со Гладис. Иако сега живее кај неа бидејќи веќе не е способна да се грижи самата за себе, ситуацијата не е ни малку подобра од претходно.


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 03, 2009 2:11 pm


ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 1

Улиците на Буенос Аирес беа покриени со снегот додека луѓето обезглавено брзаа за да стигнат на време да ги извршат божиќните пазарувања. Беше времето на Бадник па веќе во раното утро многу луѓе истрчаа до продавниците за да ги докупат сите оние останати работи и со тоа да спречат нешто да не им го расипе бадниковиот дух. Некаде во центарот на градот, каде работниците на зградата само што ставаа голем плакат со божиќна реклама, се прогледа еден полуотворен прозорец. Во собата каде што се провираа утринските зраци на сонцето и пробивајќи се низ тмурните облаци, се слушна звукот на будилникот. Младата девојка со руса коса во полусон го прекина ѕвоното на будилникот и се обиде да се разбуди, иако тоа баш не ѝ одеше низ рака. Покрај неа лежеше момче, очигледно нејзиниот дечко, кој го разбуди со звукот на алармот. Почна да ја бакнува по вратот и да се спушта кон нејзините гради кога таа го прекина.

-Сантијаго... –зборуваше низ сон. –Морам на работа, немаме време за тоа.
Момчето, помалку разочаран, се тргна на својата страна на креветот и продолжи да спие. Излегувајќи од собата, девојката полека го удари по задникот како знак дека треба веќе да стане.
-Мрзотијо! –помисли. –Секое утро истата приказна.

Влегувајќи во туш кабината, пушти млаз ладна вода кој ја разбуди. Во тој момент почувствува раце на градите и завртувајќи се, го погледна Сантијаго. –Ти навистина не се откажуваш. –рече со насмевка, па веќе во следниот момент се најдоа во страстен бакнеж додека водата се слеваше низ нивните голи тела.

***
-Гледаш Крис, и новинските анкети докажуваат дека утринскиот секс е најдобар. –рече Сантијаго додека Кристина му налеваше кафе.
-Знаеш, понекогаш размислувам да те пратам на терапија да се излечиш од зависност од секс. –придодаде девојката ставајќи му свежо пециво во устата. Сантијаго ѝ врати со насмевка и продолжи да ги чита весниците.
-Па... одиме вечервва? –ја праша додека се спремаше за заминување.
-Ќе видеме, не знам кога ќе бидам готова од работа.
-Работа... Секогаш само работа. Ништо повеќе.
-Те молам не лути се сега како дете. Знаеш дека ова ми е тек прва недела откако сум уредничка во магазинот, морам да му докажам на сите дека можам да се снајдам во таа позиција. Впрочем, имаме и премногу работа околу новогодишното издание. Знаеш како е тоа во ова божиќно време...
-Како и да е...
-Ветувам дека што побргу ќе можам да ја одберам куќата која ќе ја купиме. –рече закопчувајќи ја јакната и набрзина истрча од станот.


Редакцијата на магазинот “Lifestyle”

Кристина како ураган истрча до својата канцеларија фрлајќи ја својата торба и јакна. Ѝ падна мрак на очи кога го виде нередот на својата маса па се изнервира кога не успеа да ги пронајде примероците од рубриките кои ќе ги има во новиот број на магазинот.

-Добро утро, г-це. –изусти девојката со долга смеѓа коса која влезе во канцеларијата.
-Немој ти на мене добро утро! Каде е веста за мојата венчавка која треба да биде во новиот број?! Или ја сум слепа или во овој глуп лаптоп ја нема.
-Ќе ви го префрлам веднаш, не стигнав вчера. Се извинувам ако створив проблеми.
-Да, да... Оди, донеси ми кафе, не стигнав утрово да се напијам од брзање. И те молам, Моника, не обраќај ми се со “вие”. Па нели се сеќаваш? Студиравме заедно. Тоа што сум ти шефица не значи дека треба да владеам со тебе.
-Како ќе кажете вие
? –рече Моника кога на заминување ги преврте очитe. Кристина нервозно ја прегледуваше насловната за новиот број кога со насмевка на лицето го прими пристигнатиот меил од г.Лукас.

-Што ти е тебе утрово? –ја праша Нина гледајќи ја Моника како нервозно зема кафе од апаратот.
-Ма уредничката-вештерка ми ги крена нервите, не замарај се.
-Веќе стигна? –рече Нина со израз на гадење на лицето.
-Да стигна... нека си оди одовде. Најпрвен се изнавика на мене, а потоа се обидува да ја смири ситуацијата на убав начин бидејќи знае дека би била длабоко во гомна ако не ѝ го средам списанието на време.
-Ајде кога ќе го средиш тоа, ќе одиме на кафе да се тргниме од овој затвор. Обиди се да не мислиш на неа, па се ближе Божиќ! –се обиде да ја расположи Нина.
-Да, се ближе времето кога сите треба да бидеме весели, задоволни и да ширеме мир. Whatever. Кога некој вака ќе ме изнервира не сум расположена за ништо, поготово не кога е во прашање Кристина. Нималку не се сомневам дека му се продала на шефот за да го добие местото на уредничка. Кучка. Единствено ми е жал за сиротиот Сантијаго, не знам како ја трпи.
-Ух, таквите со мажите се како мед.. Ќе и го открие вистинското лице кога ќе се венчаат, ќе видеш. –додаде Нина.


Нивниот разговор го прекина Кристина која нервозно праша за кафето кое веќе одамна и го имаше порачано на Моника.
-Кога ќе ти кажам да ми донесеш кафе, тоа значи дека навистина треба да донесеш, а не да останеш да правиш муабет со другите. –ѝ упати остар поглед на Моника. Напнатоста помеѓу нив две го прекина доаѓањето на Лукас, шефот на редакцијата.
-Кристина, во мојата канцеларија. Морам да разговарам со тебе. –ѝ нареди, а таа заводливо му се насмевна.
-Ти реков, со мажите се како мед. –коментираше Нина.
-Се досетив на нов прекар за неа. Уредничка курва.


Институт за истражување на паранормални појави ; вечер

-Сантијаго, светот не би пропаднал ако за момент не се одмориш од работата. –рече Хернан. –Не се помрдна од столицата денес.
-Сега ќе станам, само да завршам со проучувањето на најновите случаеви во “Willard Library”.
-Боже, ти навистина ја сакаш својата работа...
-Па во спротивно не би можел да работам.
-Него, како е ситуацијата со тебе и Кристина?
-Добро прашање... –застана на момент Сантијаго. - ... само што ни јас не го знам одговорот.
Слушајќи го звукот на својот мобилен, Сантијаго набргу го фати и се јави. Го бараше Кристина.
-Слушај, имам работа преку глава за вечерва. Би можеле утре да ја разгледаме куќата која планираме да ја купиме.
-Ти секогаш имаш работа. Очигледно јас морам да ја одберам куќата, да ја платам, да средам и наместам сѐ, а ти, како и обично, ќе добиеш сѐ на готово!
-Сѐ уште си нервозен од утрото, ха?
-Па и ако се нервирам и тоа ли е твој проблем? И онака сите работи за нашата врска ги средувам јас!
-Подобро ти е да не викаш на мене! Ако еднаш не мсум тука, ќе ти биде криво за сѐ што ми преговараше!
-Што, по ѓаволите, би требало да значи тоа?!

Кристина во тој момент ја прекина врската оставајќи го Сантијаго замислен, не му беше сеедно заради нејзините зборови.

***

Дојде доцна дома кога Сантијаго веќе спиеше. Легна до него и го прегрна, нејзините допири го разбудија.
-Опрости, ветувам дека утре ќе дојдам со тебе. Нека работата и сѐ друго одат по ѓаволите! - нејзините очи му вратија насмевка на лицето. Силно ја бакна и ѝ рече: Знаеш, би можеле да го повториме тоа од утрото. Се насмевна на неговите зборови ѝ им се препушти на страстите да ја водат.
Следниот ден навистина го изврши ветувањето. Одбраа преубава куќа на самиот крај од градот каде што се гледаше прекрасен поглед. На Сантијаго му беше драго што ја гледаше својата свршеничка среќна, откако стана уредничка постојано е во брзина, напната и нервозна. Беше време малку и таа да се посвети на нивната врска. -Би можеле да се вселиме веќе крајот на неделата! - му предложи.

Во редакцијата одушевено ја прошири веста за купувањето на новата куќа и гордо го покажуваше дијамантскиот прстен кој Сантијаго и го подари. На Моника ѝ нареди да ги среди фотографиите за идниот број, сакаше својата венчавка да ја вклопи во новогодишното издание на магазинот и така бомбастично да ги најавува своите планови за иднината.

-Сакам да заблеска! Нека ми завидуваат. –придодаде и се затвори во својата канцеларија. Влегувајќи, на столот најде букет со рози со порака од Сантијаго дека ја очекува на вечера. Тој ден се потруди порано да замине од работата и не се пожали, романтичната вечера која ја помина со него беше прекрасна.
-Од сега, нека не следи само среќа. –ѝ рече Сантијаго кој беше толку нестрплив заради скорешната венчавка и во еден момент ѝ предложи да се венчат веќе следниот ден.
-Што сѐ тебе нема да ти падне на памет. – се насмевна на неговата идеја. Истата ноќ, додека Сантијаго беше во длабок сон, Кристина не можеше да вклопи око. Беше вознемирена, очигледно нешто ја гушеше. Замислено гледаше во свршеничкиот прстен на кој блескаа нивните иницијали што Сантијаго ги даде да ги угравират. Беше тоа симбол на нивната љубов чиј пламен никогаш нема да згасне. –Нека не следи само среќа... –помисли и се заозбили.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“

-Може ли да влезам? –праша Моника.
-Слободно. –одговори Кристина која замислено гледаше низ прозорот од канцеларијата.
-Ги донесов фотографиите кои ги бараше, оние за новиот број. Ако е тоа сѐ, може да одам? Веќе е доцна.
-Да... тоа е сѐ. Ти се заблагодарувам на добро извршената работа но... нема да ми требат.
-Нема на што... Како тоа мислиш, нема да ти требат? –ја погледна Моника, сомнителна заради нејзиното необично однесување.
-Нема да ми требат. Речи му на Сантијаго да откаже сѐ, јас... немам храброст.
-Не разбирам... Ништо од венчавката?
-Не прашувај ме ништо, само... направи го тоа што ти реков!


Иако целата ситуација беше повеќе од чудна, Моника после тоа замина и одлучи утре да го изврши она што ѝ го нареди Кристина. Ни самата не знаеше што да мисли, зар Кристина после толку најавуваната венчавка ќе се откаже од сѐ, а да не го известила ниту Сантијаго? Зошто воопшто неа и ја даде таа задача да ја раскине веридбата? Недолго после тоа што Моника замина, Кристина го повика Сантијаго. –Ќе можеш ли, те молам, да дојдеш по мене? –воздивна. –Преуморна сум да се довлечам до дома.

Влегувајќи во зградата на редакцијата на магазинот, Сантијаго слушна истрел. На момент застана помислувајќи дека истрелот доаѓа од надвор, но набргу сфати дека доаѓа одозгора. Трчеше во канцеларијата на Кристина и влегувајќи слушна нечии чекори, иако внатре не затекна никој. Внатре ја погледна Кристина во локва крв. Панично ѝ го проверуваше пулсот и се обидуваше да ја врати при свест но безуспешно. Во тој момент исчезнаа сите нивни заеднички сонови за среќната иднина во која ќе бидат заедно, сѐ што планираа заедно, пропадна.

-Се собравме овде за последен пат да ја испратиме нашата сакана Кристина Серано. –изусти свештеникот кон присутните на почетокот на погребната церемонија.
-Страшно. Беше на почетокот на кариерата, а тогаш се одлучи да го прекине својот живот. –дошепнуваа неколку жени кога свештеникот им испрати остар поглед. Приближувајќи му се на Сантијаго, Моника го прегрна и му изрази сочувство.
-Зошто ковчегот цело време е затворен? –ја праша Нина заинтересирано Моника.
-Те молам Нина, зар е важно сега тоа? Некои одлучуваат да биде отворен, некои да е затворен. По желба.
-Добро, добро. Не нервирај се веднаш, само прашав.



***

Враќајќи се дома после погребот, Сантијаго ја сретна Моника која се враќаше од спротивен правец.
-Баш те барав дома, мислев дека веќе си дојден дома бидејќи не те видов во гужвата после завршувањето на погребот.
-Ма прошетав малку... морав да ги разбистрам мислите. Сето ова ми е сѐ уште... претешко.
-Навистина ми е жал. Вистина, двете не бевме баш во најдобри односи, но смрт не би посакала на никого. Не сфаќам што и текнало да се одлучи на тој чекор.
-Не се убила! Полицијата упорно тврди дека извршила самоубиство, што не е вистина. Слушнав нечии чекори во редакцијата кога се случи убиството. Знам дека некој ја убил, само никој не сака да ме слуша.
-Не знам што да ти кажам, но, мораш нешто да знаеш. Разговарав со неа пред... пред тоа да се случи. Се плашеше да не ќе те повреди, беше загрижена, се предомислуваше околу венчавката.
-Мојата Крис? Па беше возбудена околу венчавката скоро повеќе и од мене! Не е возможно да се предомисли.
-Гледај, очигледно работите не биле такви какви што изгледале. Очигледно нешто ја прогонувало кога сакала да ја откаже венчавката, нешто што ја натерало на самоубиство.
-Невозможно...
-Не можам ни да замислам колку ти е тешко, но мораш да гледаш на работите такви какви што се. Чекорите за кои зборуваш дека си ги слушнал… можеби воопшто и не биле чекори. Можеби ти се причинило. Секој би се заплашил кога би слушнал истрел.
-Моника, не ми се стори ништо! Знам што зборувам! Зар е толку тешко да се поверува?! На сите би им било полесно да се каже дека е самоубиство и да го затворат случајот. Но нема да остане на ова, во тоа биди сигурна!

Враќајќи се дома, Сантијаго се спремаше да ја отклучи вратата кога примети дека некој ја пукнал бравата! Внимателно влезе внатре веќе спремен да ги најде крадците но на негово изненадување немаше никого. Нешто необично се случувало овде и не му беше нималку сеедно што веќе неколку дена во новото соседство се случува нешто вакво. После краткиот преглед примети дека недостасува една работа : венчалниот прстен на Кристина!

-Кој знае, можеби Кристина едноставно го загубила. –му рече Хернан кога следниот ден му раскажа на работата што се случило.
-Не верувам, тоа навистина би била преголема случајност. Впрочем, бравата беше разбиена. Некој бил внатре!
-Па зошто тогаш не го пријавиш случајот во полиција?
-Зар навистина мислиш дека нешто би направиле? Па погледни го само случајот со убиството.
-Ти сѐ уште се сомневаш дека некој ја убил?
-Не се сомневам, знам дека е. По ѓаволите, што е овде тешко да сфатиш?!
-Стари, мислам дека би ти било подобро да земеш неколку денови одмор. Прерано се врати на работа, ти треба време да ја преболиш.


Откуцуваше полноќ кога Сантијаго се спремаше да оди на спиење, иако сонот не му доаѓаше на очи. Празната страна на креветот каде Кристина некогаш спиеше го потсетуваше колку му недостасува. Листајќи го албумот со заедничките фотографии, беше одлучен во намерата да го најде виновникот и не допушташе тагата да го прекине во тоа. На момент помисли на она што Моника му го кажа и се запраша дали навистина Кристина била толку способна да ја откаже венчавката. Дали навистина имаше нешто што ја натера на самоубиство како што сите тврдат. Ја тргна од мислите и го остави албумот на ноќниот ормар и го изгаси светлото. Полека стана и слушајќи внимателно, заклучи дека се работи за нечии чекори, кои наликуваа на оние од редакцијата. Го запали светлото и внимателно тргна кон ходникот, меѓутоа, таму немаше никој. Се спушти до дневниот простор и после краткиот преглед заклучи дека можеби ветерот ја создавала вревата, а и можеби сѐ му се причинило. Враќајќи се во собата неговите заеднички фотографии со Кристина беа исфрлани, а понекои и уништени. Сега беше сигурен : некој бил овде.

Крај на 1. епизода


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeВто Мај 05, 2009 8:58 pm


Не пропуштајте ја втората епизода од вашата омилена веб новела:
"Другата страна на животот"

Другата страна на животот Logogogogogocopyuo1
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 10, 2009 1:13 am

Другата страна на животот
Епизода 2 (прв дел)

Беше рано утро кога Хернан дојде во Институтот на работа како би завршил некои прилози на време. Градот сѐ уште полека се будеше, а после Нова година за момент исчезна и божиќниот дух и сѐ полека се враќаше на старото. Се изненади кога во виде Сантијаго кој внимателно ги побаруваше податоците на интернет за најновите паранормални случаи во светот.
-Од каде ти толку рано? Работното време започнува дури за час ипол.
-Немав сон, барем нешто корисно да направам кога веќе око не можам да склопам. –рече Сантијаго проѕевајќи се.
-Убаво, бидејќи добивме работа преку глава. Кортес сака сѐ за случајот Амитвил.
-Амитвил?
-Знаеш веќе како иде приказната: 14 ноември 1974. Роналд ДеФео ги убил своите родители, двата браќа и сестри, а нивната куќа во Амитвил оттогаш се смета за опседната. И самиот Роналд ДеФео се обидува да се брани на суд кажувајќи дека непознати гласови му кажувале да го убие своето семејство. Луѓето кои подоцна се доселија во куќата доживееја страшни искуства...
-Да, познато ми е? Зошто баш Амитвил?
-Му пукнало. Има намера да направи документарец за духовите па овој случај се смета за идеален. Сака готово прилози веќе од денес.
-Нека ги најде каде сака, од кога сме ние продуцентска куќа? Кажи му нека ги откупи од Амера и да ги титлува, тие ги имаат попреку. Што би требало, да одам специјално во Њујорк?
-Познавајќи го него... не би ме чудело.
-Некој синоќа беше во куќата. –Сантијаго нагло ја промени темата.
-Што е сега, нов грабеж?
-Не сум сигурен...
-Сигурно ти се вовлечил дух во куќата. А кој знае, можеби куќата е изградена на гробишта?! Замисли да под твојата куќа откриеш коски на одамна загинати луѓе... онака како во Спилберговиот “Poltergeist”. –се насмеа Хернан на негова сметка.
-Само смеј се ти, воошто не сфаќаш колку е сериозна ситуацијата.
-Океј, извини. Само не сфаќам зошто некој би ти влегол во куќата во намера да ти ги уништи фотографиите од албумот? Или сѐ си замислил или е во прашање некоја личност која ѓаволски го заменила здравиот мозок.
-Не знам ни самиот... Единствено што знам е тоа дека работите нагло се трнаа наопаку од... откога ја нема.


Редакцијата на списанието “Lifestyle”

-Побрзај, шефот сака да те види! –вознемирено ѝ рече Нина на Моника која само што влези во редакцијата.
-Што сака таа досада толку рано?! Не се продбудив ни чесно...
-Кој знае што му изнакажала Кристина за тебе пред да... –дофрли Нина и направи фаца покажувајќи го прстот кон вратата и исплазувајќи го јазикот.
-Нина... да ги оставиме мртвите на мира. –изусти Моника која веднаш го направи сериозниот израз на лицето.
-Како ќе кажеш.
Моника се задржи неколку минути во канцеларијата на г. Лукас, а притоа испадна со сериозно лице додека од долната усна и се појавуваше бавна насмевка.
-И? – беше љубопитна Нина. –Што кажа?
-Рече дека сега, после смртта на Кристина, дека сме ја изгубиле главната уредничка на списанието, нашата работа не трпела губење на време и дека мора да избереме нова уредничка.
-Па, за кој се работи? Немој само да ми кажеш дека е една од оние натрапничките од страната на Кристина, од горниот кат.
-Не будало! Што сѐ не ти паѓа напамает... -се насмевна Моника.
-Новата уредничка моментално стои пред тебе. –гордо придодаде. Нина радосно ја прегрна и ѝ честита на напредувањето додека Моника сѐ уште не можеше да дојде при себе од шок. Баш и недостасуваше ваква радосна вест да ја извлече од рутината во која паѓаше во последно време.


***

Сантијаго и Хернан седеа во кафето во близина на Институтот и го пиеја утринското кафе. Во моментот кога Хернан ги кажуваше своите можни идеи за случајот Амитвил, Сантијаго замислено гледаше низ прозорот на кафиќот. Потона во сеќавањата на времето додека Кристина беше жива додека некаде во подсвеста го слушаше гласот на Хернан на кој воошто не му обраќаше внимание. Наеднаш нешто му привлече внимание, тргна и истрча надвор.
-Сантијаго! –извикна Хернан и тргна по него. Сфати дека Сантијаго очигледно тргна по некоја личност, но заради гужвата не успеа да дознае за кого станува збор. Во еден момент исчезна низ аголот, па побрза по него за да не го изгуби од вид. Помина неколку моменти кога Сантијаго се врати назад задишан.
-Каде леташ?
-Ми се причини како да ја гледам. Ти се колнам, беше идентична на Кристина. Баш кога требаше да ја стигнам, исчезна низ аголот.
-Ти сфаќаш што зборуваш? Тврдиш дека си ја видел починатата жена!
-Не знам... Сигурно бил некој сличен на неа. –се обидуваше да се увери додека на неговото лице се појавуваа знаци на загриженост и неверување. –Премногу сличен...
-Хехе, тебе навистина ти е потребен одмор.
Нивниот разговор го прекина телефонот, Сантијаго набргу го извади од џебот мобилниот и се јави.


Институт за истражување на паранормални појави: 12 часот

-Може ли да знам каде ислезна? – го праша Кортез Сантијаго кој само што се враќаше назад во институтот.
-Имав некаква работа...
-Колку што јас знам, твојата работа е овде. Освен ако не мислиш да дадиш отказ.
-Ја искористив паузата, не гледам во што е проблемот.
-Паузата заврши пред ебените петнаесет минути Прифати го случајот Амитвил како што ти наредив, ако не сакаш да ти ја скратам платата. –рече Кортез и се повлече во својата канцеларија.
-Колку сакам да знам како го трпиш. –придодаде Хернан. –Јас на твое место одамна би пукнал.
-Кортез е како досадна мува, напорен но нема да повреди. Таквите како него многу зборуваат, а никогаш ништо не прават. Веќе станав имун на неговите напади на бес.
-Него, што беше толку важно што мораше да одиш кај оној бившиот шеф на Кристина? Како беше? Лукас?
-Искрено, и мене помалку ме зачуди повикот. Сакаше да разговара за Кристина, зборуваше нешто за тоа дека Кристина била неговата најдобра соработничка и дека затоа можам да рачунам на негова помош.
-А што ќе ти е тебе негова помош?
-Ни самиот не знам, и мене помалку ме чуди со претераната љубезност. Ваљда поради тоа што Кристина воедно му била и пријателка па чувствува потреба некако да ми се оддолжи. Од една страна можам да го сфатам, сите нас не погоди нејзината смрт. Што е тоа? –нагло ја промени темата гледајќи пакетче на својата маса.
-Некаква испорака до тебе, стигна додека не беше овде.

Гледајќи дека го нема името на праќачот, Сантијаго го праша Хернан кој го донесил пакетот. Меѓутоа, Хернан не знаеше да му одговори бидејќи не бил овде за тоа време кога поштата е донесена, а и не видел никој сомнителен да се мота по институтот. Љубопитно го отвори пакетот и на момент застана. Беше тоа книгата „Ритуали на смртта„ која ги опишуваше најдлабоките мисли на убиецот и настојуваше да објасни некои од најпознатите неразрешени убиства. Во истиот момент, описот на книгата го потсети на убиството на Кристина и почна да ја разлистува книгата, застана над неа и почна да го чита текстот кој беше означен со црвена боја. –Психопатските убијци најчесто уживаат и слават во своите злосторства, а познати се и случаи кога земаат предмети кои им припаѓале на жртвата како знак за својот триумф.
На момент во просторијата завладеа мртва тишина која ја прекина гласот на Хернан.
-Судејќи по тоа, ако твоите теории се точни, значи дека...
-... дека убиецот има нешто што и припаѓаше на Кристина. –се замисли Сантијаго на момент и се сети на вчерашната кражба. Сфати дека свршеничкиот прстен исчезна без причина, убиецот бил тој кој ограбил во куќата и го земал прстенот.


(крај на 1. дел)

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 10, 2009 1:13 am

(втор дел)

Улиците на Буенос Аирес ; вечер

-Фала ти што најде време за мене. –ѝ рече Сантијаго на Моника додека одеа кон нејзиниот стан. –Во последно време ми се чини дека никој не ме слуша. Посебно сега кога Кристина веќе ја нема.
-Нема потреба да ми се заблагодаруваш за такво нешто. Па пријатели сме!
-Ваљда...
-Знам, откако почна да одиш со Кристина доста се оддалечивме, но сметам дека никогаш не е касно да се вратиме на старото. Не мислиш така?
Сантијаго само се насмевна и ѝ даде до знаење дека се сложува со неа. Моника му откри дека е воодушевена заради напредувањето на работата и дека и е драго што вечерва има со кој да ја подели среќата.
-Секако, само ако имаш волја. Знам дека не ти е лесно, заради Кристина, па не сакам ни да те присилувам за нешто.
-Напротив, баш би сакал да поразговарам со некого. Ми се случуваат работи кои ни сам не можам да си ги објаснам, би сакал да слушнам нечие мислење. А и ми беше доволно тоа што празниците ги поминав сам, ми недостасува згодно друштво.


Отворајќи ја вратата од станот, Моника ја изненади ладен ветар кој доаѓаше од нејзината соба. Беше помалку изненадена гледајќи го прозорот отворен бидејќи беше уверена дека го затвори пред заминувањето. Затворајќи го прозорот, погледна дека во близина некој бргу заминува. Заради мракот не успеа да го виде лицето но беше женска фигура. –Нешто се случило.
-ја праша Сантијаго на што Моника му одговори дека не е ништо важно. Притоа си наведе самата да го заборави она што го виде сметајќи дека не е потребно да придава големо внимание на глупости.
Беше изненадена кога Сантијаго ѝ раскажа за вчерашната кражба на свршеничкиот прстен, и необичната посета доцна навечер. Случаите еднакво ја збунија како и Сантијаго кога ѝ призна дека има чувство дека некој сака да му помогне, некој кој сака да го открие виновникот за смртта на Кристина. Немаше поинаков начин да ја објасни книгата која ја доби утрото.
-Ако некој сака да ти помогне, не сфаќам зошто тогаш мора да работи сѐ во тајност...
-И мене ми е збунувачки, можеби се плаши од истата личност која ја убила Кристина. Можеби и е страв да не и се случи истото како што и неа!


Додека Моника заминуваше по чаши за шампањско за да го прослават нејзиното напредување во магазинот, Сантијаго љубопитно го разгледуваше станот. Го потсети на неговиот стан во кој некогаш тој и Кристина живееја, мал но сепак удобен. Огромната куќа која ја купија сега не служеше за ништо, се чувствуваше осамена во големиот полупразен простор. Ги зема дневните весници како би разгледал што има ново во светот бидејќи по смртта на Кристина потполно се исклучил од надворешниот свет и актуелностите. Во еден момент од весниците му се лизна мал предмет кој произведе звук кој го привече вниманието на Сантијаго. Се прибилижи и го погледна дијамантскиот прстен, сличен на оној кој што ѝ го купи на Кристина, за ко веруваш дека е украден од страна на убиецот на Кристина, се наоѓаше, ни повеќе ни помалку него кај Моника.
... случаеви кога ги земаат предметите кои им припаѓаа на жртвата во знак за свој триумф... –се одзиваше во мислите на Сантијаго.
Сеќавајќи се на сѐ што се случило, наеднаш сѐ му се сложило : средбата со Моника после погребот, грабежот во кој е украден прстенот, наводното предомислување на Кристина во врска со венчавката... Моника е убиецот! Ја убила Кристина со цел да го превземе уредничкото место во списанието, отсекогаш беше повеќе од јасно колку тие две не се поднесуваат и дека Моника сака да ѝ го земе местото. Како би криела трагите од целата ситуација одлучила да го прикаже како самоубиство. И баш како што прават убијците, него го наговорила дека чекорите во редакцијата ги замислил, додека наводните причини за самоубиството се само чиста глупост. Знаеше дека тој нема да се откаже од понатамошното истражување и за да не би ја открил морала да се реши од сѐ - да го полуди со уништувањето на фотографиите и ноќните посети.
-Што се случува? –го праша Моника гледајќи го Сантијаго како го држи дијамантскиот прстен. Остана шокирана кога Сантијаго ѝ удари шамар.
-Никогаш... Никогаш во својот проклет живот не мислев дека ќе ударам жена! Но ти си такво ѓубре што заслужуваш уште полошо! –бесно зборуваше додека Моника зачудено го гледаше. Беше вчудовидена кога ја слушна неговата верзија од приказната за убиството на Кристина.
-После сите овие години, мислиш дека сум способна да убијам некого? –викна Моника. –Зар никогаш не ти паднало на памет дека Кристина не е така совршена како што секогаш ја мислеше? По ѓаволите, симни ја од тој проклет трон!

На заминувањето, ја извести да очекува полиција на вратата додека таа бесно му одврати дека нема од што да се плаши. Напротив, радо ќе даде изјава да докаже дека е во целост крив. Откако замина, бесно ја скрши чашата за шампањско, и помина желбата за славење. Не сфаќаше како прстенот на Кристина се појавил овде, кога се присети на погледот кој го виде на доаѓањето. Зар е можно некој да влези во мојот стан само за да го остави прстенот? Сеќавајќи се на книгата „Ритуали на смртта„ што ја доби Сантијаго, помисли дека тоа е една од можностите која воедно помалку ја плашеше. Истата личност која наводно му помагала на Сантијаго, неа сакале да ја покажат како убиец. Имаше непријател позади вратата и под итно мораше да ја открие вистината. Веќе истата вечер е одведена во полициската станица за давање изјава.

Домот на Сантијаго : 23:25

Иако се обидуваше да заспие, на Сантијаго тоа не му поминуваше низ рака поради тоа што фактот дека можеби Моника е одговорна за смртта на Кристина не му даваше мира. Зар е можно Моника, која со години ја сметаше за пријатела да е способна за такво нешто? Но пак, можеби сепак пребрзо донел некои заклучоци. Ако Моника била убиецот зошто веднаш не го земала прстенот туку ограбила во неговата куќа? Сепак постоеја неколку нелогичности кои даваа можност дека Моника можеби не е убиецот. Воглавно, зошто воопшто би верувал во она што пишува во книгата, можеби целата оваа работа е само нечија стапица? Додека од една страна сакаше да верува во нејзината невиност, од друга страна нетрпеливоста помеѓу Моника и Кристина и сите тие случаи кои се случиле во последно време кажуваа поинаку. Отиде кон прозорот колку да би вдишил чист воздух и да ги разбистри мислите, кога примети светло кое допираше од еден од прозорите на соседската куќа преку патот. На прозорот се оцртуваше нечија фигура чија пунџа даваше до знаење дека се работи за женска личност. На момент Сантијаго ги оттргна експлицитните (језиви) мисли кои му ги причинуваше женската личност, па по неколку секунди откако светлото се изгасна и куќата преку патот потона во мрак, на крај целата оваа ситуација на Сантијаго му се виде и помалку смешна.

-Соседите се очигледно повеќе од љубопитни. –помисли и сфати дека од доселувањето во новата куќа всушност сѐ уште не ги запознал. Не видел никого на влезот или излезот од соседната куќа па ниту можеше да претпостави дали преку патот живее семејство или можеби некоја постара личност. А и со сета таа работа и обврски кои ги имаше не беше ни чудно што досега сѐ уште не стигнал да ги запознае.

На часовникот откуцуваше полноќ кога Сантијаго изненадно почувствува пристутност во просторијата, меѓутоа, гледајќи околу себе во полумрачната соба не виде никого – Глупости... –се насмевна, -каков сум будала кога се плашам на бабините приказни на Хернан за духови.
Сепак, се чинеше дека таа вечер нешто постоеше во воздухот што не сакаше да го пушти на мир. Во тој момент повторно се слушнаа чекори, идентични на оние од претходната вечер. –Беше доста! –бесно скокна, и истрча кон ходникот одлучен да ја фати личност која не му дава мир. Меѓутоа, повторно се појави истиот поглед од вчера : повторно немаше никој, иако овој пат беше уверен дека некој ќе начека во куќата.

Иако следното утро набргу се раздени, Сантијаго не можеше ни око да склопи и му се чинеше дека поминала цела вечност. Пред да тргна на работи, одлучи да ги провери емаил пораките. Меѓу низата на пораки кои секојдневно му стигаа, посебно внимание му привлече онаа која веќе повеќе од чудна. „Читај помеѓу редови„ – кратко гласеше пораката. Но наместо име, беше потпишана со низа од 15 бројки кои заедно не даваа никаква смисла. Во прв момент помисли дека некој си игра со него, но откако ја виде адресата од каде е пратена, Сантијаго сфати дека работите се посериозни отколку што мислеше.

Крај на 2. епизода
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСре Мај 13, 2009 11:38 am

Soundtrack од 3та епизода:
Rihanna “Please don’t stop the music”
Timbaland ft. Keri Hilson – “The way I Are”
Anastacia – “Piece of dream”
Download the music here!

Читавте: Додека Моника станува главна уредничка на списанието “Lifestyle” и со тоа ѝ го превзема местото кое некогаш ѝ припаѓаше на Кристина, Сантијаго од непозната личност прима книга која го наведува на мислата дека украдениот прстен го поседува убиецот на Кристина. Ситуацијата се закомплицира кога прстенот го наоѓа кај Моника и ѝ се заканува со средба со полицијата, а таа во очај сфаќа дека мора да го пронајде вистинскиот убиец и дека мора да ја докаже својата невиност. Истата вечер, Сантијаго преживува идентична ситуација како и претходната вечер а утрото прима меил кој го остава вчудоневиден...

Другата страна на животот
Епизода 3 (1 дел)

Попладневното сонце се криеше позади тмурните облаци и после неколку моменти ситни капки дожд почнаа да паѓаат на земјата. Во меѓувреме, улиците кои во ова време на денот обично беа исполните со луѓе, полека се испразнуваа.
Држејќи чадор во раката, Сантијаго нестрпливо чекаше пред полициската станица. Постојано во мислите го претресуваа настаните кои му се случија последноте денови и настојуваше да ги поврзи во смислена целина која колку-толку му даваше можна приказна. Но ниту една идеја не му беше доволно цврста да би била точна или погрешна. Било како било, верзијата на приказната која ја смисли синоќа беше сигурно грешна. Моника сепак не беше убиецот на Кристина како што отпрвен беше уверен. Нина во полицијата ја потврди истата приказна дека за време на убиството тие биле заедно во кафиќ. Исто така, теоријата дека Моника сака да го полуди со ноќните посети набргу падна во водата кога дозна дека за време на синоќешната збрка која се случи околу полноќ, таа се наоѓаше во полициската станица. А и заклучоците кои ги донесе врз темелите на книгата едноставно немаа докази кои би ја задржале Моника во полицијата како главна осомничена. Баш тогаш кога целата ситуација се чинеше како решена, кога створи приказна која можеби би можела да се поврзи со чудните случувања од последните денови, повторно се најде на самиот момент. Додека наоѓаше вистински зборови како би ѝ се извинил на Моника, таа само што излегуваше од полициската станица. После неколку моменти, се гледаа бледо еден во друг не изустувајќи ни збор па Моника се реши да го скрши мразот.
-Не те очекував овде... –вознемирено приговори –Всушност, после она синоќа не ни очекував дека ќе те видам повторно.
-Извини... Дури сега сум свесен колку грдо беше тоа од мене, не зна што да ти кажам... Згрешив.
-Искрен, како и секогаш. –полека се насмевна. –Штета што Кристина не знаеше доволно да ја цени таа твоја особина.
-Те молам, немој за тоа... Во последно време во ништо не сум сигурен. Она што ми го кажа за Кристина можеби е вистина, не знам... Само, да пуштиме сѐ ова да се смири.
-Знам дека не си крив за она што синоќа се случи, фактите беа против мене и од една страна не те осудувам, можеби и јас би го направила истото да сум на твое место. Но... имаш право, подобро да пуштиме да се смири ситуацијата.


Институт за истражување на паранормални појави ; 13:00 ч.

-И? Како помина? –го праша Хернан Сантијаго кој само што се враќаше од паузата.
-Па, подобро од очекуваното, би можело да се рече... Очекував шамар во лице и поплава на пцовки но Моника не е таква личност. Ни самиот не знам на што сме сега, ќе биде подобро некое време да не се гледаме.
-Ма Моника е и како секоја друга, ќе ти опрости набргу, ќе видеш. –се насмевна Хернан. –Неколку убави зборови и од безобразен гад ќе станеш ангел.
-Ти тоа најдобро го знаеш, а? –Мислам дека веќе ни самиот не знаеш колку веќе девојки ти послужија за една ноќ.
-Што ми можеш кога сум таков безобразно неодолив? Знаеш, изгледот и не е баш битен колку самата техника.
-Секако. –Подоцна ќе продолжеме за твоите дон Жуански подвизи, сега кажи ми што е со документарецот Амитвил на Кортез.
-Каков си, мораш интересните теми да ги замениш со досада, непоправлив си. Воглавно, Кортез се откажа од Амитвил случајот кога дозна дека целата работа е само голем hoax па сега е во потрага за нов случај кој би имал докази за паранормални случаеви.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“

-Средив сѐ! Екипа, пијалок и храна, музика... сѐ е подготвено вечерва во „Фабрицио„! –воодушевено Нина ја извести Моника за забавата.
-Ма ти реков дека не сум до славење, скоро цела ноќ ја поминав во полициска станица и верувај ми едвај стојам на нозе.
-Те молам Моника, зошто секогаш МОРАШ да бидеш таква party-breaker(ка)?! Па стана главна уредничка и требаш тоа заслужено да го прославиш! Воглавном, веќе е сѐ организирано па така да немаш некој избор. –придодаде и се насмевна.
-Па кога сум имала избор со тебе. Секогаш ме известуваш откако ќе подготвиш сѐ!
-Петок навечер е и не гледам причина да останеш дома, а згора на се имаш и за што да прославуваш. А и ова е добра шанса да фатиме некое добро парче.
-Аха... сега сѐ ми е јасно! Што? Се откажа од онлајн состаноците кога сфати дека не пали па се фрли а посигурната опција – забави?
-Кој каже дека онлајн запознавањето никогаш не пали? –придодаде Нина обидувајќи се да ги оправда своите за ѓабе потрошени часови на чет. -Тоа што имам по некој пропаднат состанок не значи дека четот не е добар.
-Ма секако... –рече иронично Моника. –Ок тогаш, ќе се најдеме во осум? И те молам, овој пат немој да играш по шанкот и да отидеш со првиот на кој ќе наидеш па да ме оставиш сама цела вечер.
-Кој? Јас? –Нина ја погледна саркастично. –Ма не, тоа последниот пат беше само еднаш и тоа заради повеќе виски, нема да се повтори.
-Кхм, само еднаш
. –се насмевна Нина. Иако не сакаше да и признае на Нина, Моника беше помалку и возбудена заради вечерашната забава знаејќи дека цело внимание овој пат ќе биде посочено кон неа. Сепак, мислите брзо и тргнаа кон работата за да не губи време и да биде што покорисна. Гледајќи задоволно колкав тираж постигна последниот број на магазинот, одлучи да ја провери состојбата на сметката на фирмата. Пробледи и застана во неверица откако виде што има пред себе.

***

-Ти реков дека тоа е средено, јас го извршив својот дел од играта и дека нема потреба повеќе да ме бараш! –бесно зборуваше Лукас низ телефонската слушалка додека од другата страна се слушаше лут женски глас.
-Драг мој, играта само што започна и ти ќе ми бидеш при рака кога ќе посакам. Молчам како заклана за она што го знам за вас и за вашите валкани работи кои ги правите... сѐ додека не ми станете преку глава.
-Не ни знаев колку си всушност наивна. –се насмевна г. Лукас. –И самата знаеш дека сме насекаде и дека ништо, ама баш ништо не се одвива без наша контрола. Мислиш дека не знам каде се наоѓаш и што правиш во овој момент?
Од другата страна на телефонот настана тишина која ја прекина Лукас. –Како што и мислев. Можеш да бидеш благодарна затоа што сѐ уште не те избришавме од лицето на оваа земја, и онака веќе премногу знаеш. А за Кристина се погрижив како што и сакаше, и тоа е исклучително од посебни причини. За тебе оваа приказна е завршена!
Г. Лукас го прекина телефонскиот разговор баш во моментот кога Моника без тропање дотрча во неговата канцеларија. На лицето и се оцртуваше голема нервоза и за момент не знаеше што да каже кога тој ја праша што се случува.
-Во големо срање сме. –изусти и фрлајќи му го документот на масата на што тој праша за што станува збор.
-Исчезнаа пола милиони, и тоа баш оној ден кога се уби Кристина. –вознемирно му соопшти додека лицето за момент му стана бледо.
-По ѓаволите, како можело ова да се случи?!
-Верувајте ми, збунета сум како и вие. Единствена личност која можела да ги земе парите од сметката беше Кристина, само што фактот дека Кристина сакала да се убие истата вечер никако не се поклопува со оваа ситуација. Зошто би ѝ требале пари, по ѓаволите? За задгробен живот?!
-А каде исчезнаа воопшто тие пола милиони?

Лукас брзо наред да се повикат сите оние кои беа во близок контакт со Кристина за да дознае нешто повеќе.

***

Вечерта набргу дојде додека Моника се спремаше за забавата. Она мало возбудување кое денес го почувствува поради вечерното излевање набргу исчезна поради проблемите кои се створија во канцеларијата. Сѐ повеќе и повеќе беше уверена во приказната на Сантијаго дека некој ја убил Кристина, а кога се сети дека парите исчезнаа истиот ден, единствена теорија би била дека некој ја присилил Кристина да подигне пола милион и да исчезне со парите, а како единствена сигурност никој да не дознае за тоа би била смртта на Кристина. Меѓутоа, повторно се раѓаа низа прашања на кои не можеше да се даде одговор. Колку и да го познаваше тешкиот карактер на Кристина, можноста да била вмешана во нешто матно помалку ја плашеше. Ни самата не знаеше дали ќе ѝ се јави Сантијаго што се случило бидејќи одлучи да не го гледа некое време. Баш во моментот кога се предомислуваше дали да ја земе слушалката и да му се јаве, се слушна ѕвончето на вратата. Брзо ја зема торбата, ја поздрави Нина и заедно истрчаа на вечерна забава.

(крај на 1 дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСре Мај 13, 2009 11:41 am

(2 дел)

City Club „Fabrizio“ ; 23:30 ч.


Додека поканетите лудо се забавуваа во загреаната атмосфера, Моника, која требаше да биде центар на вниманието таа вечер седеше на шанкот во кафиќот убивајќи досада. Додуша, имаше неколку ликови кои ѝ се нафрлуваа со веќе потрошени финти но нуту еден не беше доволно добар за да ја заинтересира за разговор. Имаше премногу барања кога стануваше збор за мажи, но тоа не го сметаше како маана како Нина туку едноставно не сакаше да губи време на врски од кои не би било ништо. [SOUNDTRACK: Rihanna – Please don’t stop the music]
-Луда жено, станувај од столчето и заигра! –ѝ викна Нина на Моника која од гласната музика скоро ништо не слушна. –Го славиме твоето унапредување а ти како дрвена Марија си се заковала за тој шанк!
-Само забавувај се, прослави и за мене и за себе. Не сум баш расположена вечерва... Впрочем, пола луѓе не ги познавам, од каде ги довлече сите?
-Па кој вели дека и јас ги познавам... –се насмевна Нина кога некој ја довлече и во тој момент се изгуби во многуте луѓе кои вечерва се забавуваа и повеќе од убаво.
[SOUNDTRACK: Timbaland ft. Keri Hilson – “The way I Are”]
Баш кога планираше неприметливо да избега од забавата (што и не беше баш тешко бидејќи ретко кој се загледуваше во неа), на влезот го виде Сантијаго и неговиот пријател Хернан кој набргу се изгуби во гужвата.
-Од каде ти? –го праша зачудено Моника додека Сантијаго се приближуваше до шанкот.
-Па да речеме дека една птичка ми прати порака за забавата, ни самиот не знам како успеав да се согласам да дојдам.
-Аха... можам да замислам за која птичка станува збор. –се подсмевна Моника и вртејќи се ја виде Нина како ѝ намигнува. Иако неколку моменти не знаеше што да каже, Моника ја почувствува темата на напнатост која избиваше меѓу нив двајца. Беше и повеќе од свесна дека е најдобро да ги подобро односите со Сантијаго, а впрочем, тоа беше и една од причините заради што лукавата Нина воопшто и го повика Сантијаго на забавата.
-Знам, беше малку незгодно од моја страна да зборувам за неа веднаш после погребот. Сакам што побргу да го заборавам она од синоќа и да продолжам како да ништо не се случило.
-Тогаш... пријатели?

Насмевката на Моника го означи потврдниот одговор и набргу се најдоа во згоден пријателски разговор кој ја разубавуваше оваа вечер и ја правеше посебна, баш таква каква што требаше да биде.

Кога веќе беше неколку часа после полноќ, Сантијаго прими необичен повик. –Задникот ти ѕвони. –се насмевна Моника мислејќи на мобилниот во џебот на Сантијаго. Меѓутоа, кога се јави не успеа да слушне ништо заради гласната бука која ја правеа сѐ уште неуморните луѓе желни за добра забава. Излезе надвор како би слушне кој го бара бидејќи бројот доаѓаше од блиската телефонска говорница. Од другата страна се слушна тивок шепот, некакво језиво мрмчење кое му долеваше одредена доза на страв. –Со кој разговарам? –вознемирено праша додека не добиваше никаков одговор освен шепоти кои непрекинато продолжуваа за да на крај му го каже она што сакаше. –Не запоставувај ги знаците, Сантијаго... –повторуваше гласот. Беше и тоа како свесен дека личноста мисли на емаил пораката која утрото ја прими и на која се обидуваше да не обраќа внимание одлучувајќи да го изолира од сѐ што му се случуваше. –Не заебавај се со мене! Кој е тоа?! –збесна и полека се приближуваше до телефонската говорница од каде што доаѓаше повикот и задржувајќи ја меѓувремено личноста на линијата. Баш кога се приближуваше, линијата се прекина а внатре во телефонската говорница немаѓе никого освен слушлката која полека се лулаше и даваше до знак дека некој навистина бил овде. –По ѓаволите! –се разбесни поради тоа што не успеа да го фати причинителот на дело. [SOUNDTRACK: Anastacia - Pieces of a dream] Сите овие знаци кои не можеше да ги разбери и случаи кои не му даваа мир го фрлаа во очај, секој ден сѐ повеќе... –Колку само би сакал да се пробудам и да сфатам дека сѐ ова е само еден сон... –помисли и уморно седна на клупата подигајќи ја главата.

Средината на ноќта веќе одамна беше помината кога Моника до доведе Сантијаго дома. Беше преморен а очигледно и се напил повеќе од што требаше, па одлучи дека е најдобро таа да го однеси дома. Иако на почетокот не сакаше, на упорното инсистирање од страна на Сантијаго сепак ја прифати понудата да преспие кај него. Знаеше дека ќе му биде и повеќе од потребно нечие друштво, посебно заради она што се случуваше додека беа на забавата.
-Знаеш... има нешто што не ти кажав. –прозбори Моника ставајќи сок и одлучна конечно да му каже за исчезнувањето на парите од редакцијата. Кога се сврти, Сантијаго лежеше на каучот и веќе беше во длабок сон па реши дека е најдобро таа тема да ја остави за следниот ден. Тивко му се приближи и го покри со ќебето кое го најде во неговата соба. Застана на неколку моменти гледајќи го неговото лице и се присети на студентските денови. Сите чувства и спомени се измешаа во тој момент и ја неведија да се запраша како би изгледал нејзиниот живот да успееше со Сантијаго. Колку и да се обидуваше да го признае она што го чувствуваше тогаш, не наоѓаше вистински зборови а секоја надеж дека Сантијаго би можел да ја сака на тој начин на кој што таа го сакаше него, беше убиена откако почна да излегува со Кристина. Времето поминуваше и своите чувства успеа да ги замрзни но и покрај тоа, гледајќи го сега додека спие, не беше потполно рамнодушна. Полека ја приближи раката да го допре по лицето но во тој момент се тргна, стана тивко и замина да спие.

Следното утро стан рано додека Сантијаго сѐ уште спиеше. Љубопитно ја разгледуваше неговата нова куќа бидејќи ова и беше нејзината прва посета. Излезе на балконот вдишувајќи свеж воздух и го зеде мобилниот во рака, и ја повика Нина. Во меѓувреме, после бурно поминатата вечер, Нина само што се подготвуваше да дојде дома настојувајќи да не го разбуди момчето кое спиеше покрај неа. Бап кога излезе од неговиот стан, се изгасна мобилниот па набргу излезе за да не се слушне свирката на мобилниот и да не го разбуди.
-Еј извини што синоќа те оставив на цедило и си заминав од забавата...
-Ти? Јас мислев дека јас тебе те оставив на цедило. –збунето изусти Нина.
-Аха, како и да е… заборави. Зошто си толку тивка утрово, вискито те удари во главата?
-Па за чудо не беше виски, настојувам да не го разбудам парчето со кое ја поминав ноќта. –Се викаше... како беше...? –застана размислувајќи.-Не е ни важно како се вика, и онака веќе никогаш нема да го видам. –се насмевна. –Ати? Не зборуваш дали си имала неков лов синоќа... т.е утрово... како и да е.
-Ќе ти раскажам кога ќе се видиме. –се насмевна Моника. –Ајде чао.

Чекајќи да се пробуди Сантијаго, Моника одлучи да се позабавува со книгата Ритуали на смртта, и се обидуваше да најде нешто што би и помогнало да ја разреши мистеријата која се направи околу смртта на Кристина, посебно емаил пораката за која тој ѝ раскажал за синоќешната забава. Гледајќи во 15те броеви кои навистина не даваа никаква смисла, не можеше да открие што означуваат...385017632107745... –постојано ги вртеше броевите но не означуваа ништо, ниту некаков датум, ниту телефонски број... Баш кога сакаше да се откаже и да го остави ливчето со бревите на книгата за да не се загуби, застана на момент и потоа ја отвори книгата.
-Добро утро! –изусти Сантијаго одејќи скоро во полусон. –О, кафе! Убаво од тебе.
-Погледни! –возбудено му пријде Моника носејќи ја книгата и ливчето на кое се наоѓаше мистериозниот број додека тој збунето гледаше. –Број, Сантијаго! Бројот за кој што синоќа ми зборуваше цело време се наоѓаше пред тебе а не ни сфати.
-Како тоа мислиш?
-Сосема случајно ги сфатив броевите кога го оставив ливчето на корицата од книгата! Привите тринаесет букви го означуваат бар-кодот на книгата...
-Да погодам : „Ритуали на смртта„? –застана на момент.
-Баш таа! Личноста која ти прати емаил сакала да обратиш внимание на книгата. Но работите не завршуваат овде. Претпоставив дека преостанатите два броја исто така се врзани за книгата, а погледни што се наоѓа на 45. страница од книгата!
-Па не гледам ништо необично... опишување на познати убиства, како и во остатокот на книгата.
-Помисли што ти пишуваше во емаилот...
-Да читам помеѓу редови? Ме зезаш... –се насмевна но набргу го промени изразот на лицето кога сфати дека Моника не се шегува. Беше шокиран кога го виде текстот кој се наоѓаше помеѓу редови и не беше видлив на слабо светло туку само доколку го доближиш до јака светлина.
-Додека се обидувавме да го дознаеме значењето на поракта, не ни сфативме дека одговорт е пред нас.
-„Насекаде се. Чувај се од нив!“ Што би требало да значи ова?
Пораката скриена во книгата на Сантијаго не даваше никаков одговор, но откако Моника му ја откри приказната за исчезнувањето на парите во редакцијата, му се стори некаква теорија која конечно му даваше смислена приказна она што навистина можело да се случи.
-Била заплетена во нешто матно, Сантијаго! Некој ја уценувал и ѝ побарал пола милиони кои морала да ги подигне. Но очигледно тогаш им станала преголема закана и затоа морале да се решат од неа. Засекогаш!

Крај на 3. епизода






Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeВто Мај 19, 2009 9:50 pm

Читавте: Кога сепак се открива дека Моника не е главниот виновник за смртта на Кристина, Сантијаго повторно се наоѓа на самиот почеток на играта. Средбата со Моника на забавата за нејзиното напредување завршува со извинување, а истата вечер добива повик кој го предупредува дека не смее да се откажува од трагите. После поминатата ноќ во домот на Сантијаго, Моника го открива значењето на мистериозниот емаил, а фактот дека во редакцијата на магазинот исчезнаа пола милиони баш оној ден кога Кристина беше убиена, отвараше ова теорија за тоа што всушност се случило таа кобна ноќ...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ

Епизода 4 (прв дел)

Седејќи наклонет на столот, Сантијаго замислено ги пукаше прстите додека Моника беше уверена дека конечно се на вистинската трага. Колку и да му се чинеше дека Кристина била вмешана во нешто матно и со тоа го платила својот живот, мораше да ја земе во обзир и таа можност.
-Сепак... тоа и понатаму не го објаснува фактот дека емаил пораката е испратена од адресата на Кристина. Ако таа била единствена која ја знаела шифрата од емаилот, како е можно некој друг да има пристап?!
-Можно е нејзиниот емаил да е хакиран или па некаде ја држела шифрата каде што некој лесно би можел да ја најде... А можеби... –застана на момент. –Ма ништо, заборави.
-Не, кажи. Се сети на нешто?
-Таа пораката „Насекаде се“... Дојдов до идеја дека можеби тие луѓе имаат превласт и над интернетот, можеби тие провариле на нејзиниот емаил? Но повторно, не би имало смисла да праќат порака во која се предупредуваат на себе... Мора да станува збор за друга личост!
-Не можеме повеќе вака! –збесна и ја фрли книгата во ѓубрето.
-Што работиш?! –изненадно го гледаше Моника.
-Доста ми е од сѐ ова! Постојано се појавуваат нови трагови, нови мистерии кои не можат да се решат без некаков конкретен доказ. Едноставно... не можам повеќе! –во очај ја запали книгата и одлучи да заврши со сета оваа приказна засекогаш.
-Но... можеби ќе можеше да ти послужи во понатамошната истрага. –рече помалку разочарано.
-Сети се дека оваа книга ме наведе на помислата дека ти си одговорна за смртта на Кристина. Како тогаш да се предадам на сите овие знакови? Некој опасно си игра со нас и време е да ставиме крај на ова.


Редакцијата на магазниот „Lifestyle“ ; 16ч.

-Во губиток сме а вие се однесувате како ништо да не се случува! Полош однос спрема работното место во својот проклет живот не сум видел. –сериозно рече Лукас.
-Гледајте, направив што можам. Потврдено е дека личноста која ги земала парите оној ден била Кристина, но зошто и каде исчезнале парите никогаш нема да дознаеме. –Моника се обидуваше да остане присебна.
-Мора да постои причина! Зар е можно никој, ама баш никој да не претпоставува која е вистинската причина за сето ова?!
-Па да кажеме дека јас сум сѐ повеќе сигурна дека поради парите Кристина е убиена, не гледам друго објаснување.
-Немојте и вие да започнувате со приказни за убиства и завери, Кристина се уби и тоа е јасно како ден. Нема потреба да ги вознемируваме духовите...
-Како тоа мислите и јас? –Моника помалку се збуни на што г. Лукас бледо ја погледна. Се чинеше дека нешто му излезе од устата, нешто што немаше намера да го открие.
-Разговарав со нејзиниот свршеник непосредно после трагедијата. Сантијаго, ми се чини... Беше уверен во слична приказна како и вие.
-Па би можело да се каже дека делиме исти мислења, ништо повеќе.
-Тоа сега не е ни важно, треба да направиме нешто да го надокнадиме овој долг. Вие сега сте главна уредничка и на вас е целата одговорност. Како ќе го направите тоа... не ме интересира!
-Па по ѓаволите, не сум експрес!
-Да беше Кристина на твое место, досега сигурно проблемот ќе беше решен...
-Јас не сум Кристина! Кристина е мртва, и помирете се со тоа! Полна капка ми беше и тоа да ја ставете цела одговорност на мене.
-Имате рок од една недела да ја средите ситуацијава. Во спротивно, можете да си ги соберите работите и да заминете.
Моника прилично ја изненади грубиот однос кој ѝ го приреди Лукас, не можеше ни да претпоставува дека веќе во почетокот на работата на новото место ќе доживее ваков ладен туш.
-Зошто да чекам? Можам и сама да отидам! –бесно рекал и замина од канцеларијата на Лукас.

Институт за истражување на паранормални појави : два дена подоцна

-Еј, од каде ти овде? –ја запраша Сантијаго Нина која збунето се движеше по ходниците на Институтот.
-За среќа што те најдов. –издиша откако го виде Сантијаго. –За малце ќе се изгубев во ова зградиште.
-Него, што не носи наваму?
-Сакав да те замолам личност да разговараш со Моника. Даде отказ пред некој ден па...
-Да... слушнав.
-Воглавно, веќе се обидов да ја наговорам да се врати во редакцијата но знаеш како е тврдоглава за некои работи. Навистина ни е потребна таму, новиот број треба да излезе за некој ден а немаме главна уредничка, тотално распаѓање на системот. Па... ако би можел ти да разговараш со неа, некако сум уверена дека тебе ќе те послуша.
-Мислам дека всушност треба да поразговарам со некој друг. –му дојде на идеја. Пред да го праша за кој станува збор, се појави Хернан носејќи му хартии на Сантијаг додека Нина стоеше како здрвена гледајќи го. Неколку моменти бледо се гледаа, а Нина, црвена од срам, едвај прозбори некој збор. –Се гледаме, Сантијаго. –кратко рече и набргу исчезна.
-Што беше тоа? –го праша збунето Хернан на кого му беше подеднакво непријатно како и на Нина.
-Подобро да не знаеш, долга приказна.


Редакцијата на списанието “Lifestyle”

-Сантијаго, драго ми е што ве гледам. Што ве води вас овде? –праша Лукас.
-Се сеќавате кога ми рековте дека можам да сметам на ваша помош кога ќе ми биде потребна?
-Секако, и сѐ уште стојам при тоа. Моника и јас бевме големи пријатели...
-Па овој пат би ми требала ваша помош. –го прекина. –Или подобро да се изразам, доаѓам со едно барање.
-А да? –погледна сомнително Лукас.
-Сакам да ја вработите Моника назад.
-Гледајте, веќе се обидов но ја знаете неа, ако нешто одлучи нема смисла да се обидуваш да ја наговориш да го промени своето мислење.
-Мислам дека не се разбравме. –се подсмевна додека на лицето му се надзираше бес. –Сакам да ѝ се извините, и тоа лично. Не ме интересира како ќе го направите но средете го тоа. –Исто вака строго како мене и наредивте и неа кога ѝ се заканивте со отказ, зар не? Сега е ред на вас да покажете малку човечност после она што го третиравте како ѓубре.
Лукас не ни знаеше што да каже на барањата на Сантијаго и неочекуваниот бес кој произлегуваше од неговите зборови.
-И сега? Ќе го направите тоа што го барам? Или пак не можам да сметам на ваша помош?
Останувајќи изненаден од дрскоста на Сантијаго, Лукас на крајот прифати да ѝ се извини на Моника и да ја врати назад во редакцијата. И покрај тоа, и самиот беше свесен дека Моника е најдобрата новинарка која моментално ја има а хаосот кој се направи после нејзиното заминување му беше доволен да го направи она што требаше.


Веќе следниот ден Моника се врати назад на работа и брзо продолжи да ги спрема информациите за идниот број на списанието. Беше и повеќе од изненадена кога дошол Лукас да ѝ се извини и да ја замоли да се врати. Прифатила под услов да ѝ ја зголеми работата и да го намали работното време па побара и Нина да ги добие истите привилегии. –Исто така ќе земам и пауза кога сакам. –придодаде. Нервозното лице на Лукас беше и повеќе од доволно да се виде бесот кој го чувствуваше во тој момент, но знаеше дека без неа е во голем минус и немаше некој друг избор.

(крај на 1. дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeВто Мај 19, 2009 9:52 pm

(2 дел.)

-Госпоѓицата Ибара набргу ќе ве прими. –го извести нејзината секретарка кога дојде. Иако пред некој ден не ни помислуваше дека ќе отиде на советување кај една психијатарка, виде дека едноставно и нема некој друг начин да се смири –Можеби навистина и ќе имам некоја помош од ова што Хернан толку ја испофали. –се замисли. –А можеби само ги фрлам парите во ветар.
-Слушнав за вас. –рече кога му се претстави. –Хернан многу работи ми зборуваше за вас.
-Гледам дека со Хернан сте поблиски отколку што мислев. Но... некако ми се чини дека од некаде ве познавам. –придодаде на што таа помалку се насмевна. –Да тргнеме на важните работи. –му предложи. –Настојувам пациентите максимално да го искористат времето кое го поминуваат овде.
Гладис и повеќе од заинтересирано ја слушаше приказната на Сантијаго која ѝ даваше неколку корисни совети кои би му помогнале. –Опуштете се, сконцентрирајте се на работите кои ги сакате и најдите време за некое хоби кое можеби заради работата и недостигот од време сте го запоставиле.
На крајот од состанокот му даде лекови кои би требале да му помогнат и мирно да ја преспие ноќта и да се врати во форма која ја изгуби последните денови. –Веќе после првиот состанок? –беше помалку зачуден. –Нема причина за грижа, низ години и искуства ми помагаат брзо да ги приметам проблемите кои ги мачат моите пациенти и можноста да ви ги дадам одговорните лекови. –го смири. –Оваа е стварно брза... –Сантијаго помисли и после краток поздрав се упати кон дома. Гладис му се причини малку чудна, ни самиот не знаеше поради која причина. Можеби затоа што одењето кај психијатар го замислуваше поинаку, како побавен процес за кој треба да се одвои повеќе време. Гладис поприлично брзо ја заврши работата па стекан чувство дека сакаше набрзина да го избрка. Но, никако не можеше да му излезе чувството од главата дека некаде веќе ја видел.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“
-Погледни! –весело дотрча Нина носејќи ѝ ги извештаите на Моника. –Последниот број достигна најголема продажба досега! Мима беше воодушевена од вестите и се надеваше дека и понатаму ќе биде вака успешно. –Изгледа дека под притисок функционираме најдобре. Мораме да го известиме нашиот драг шеф за новостите. –Препушти ми го мене тоа задоволсто. –рече Нина. –Едвај чекам да му го видам изразот на лицето кога уште еднаш ќе се потврди дека си незаменлива. –Одиме на ручек со Сантијаго и Хернан, сакаш со мене. –праша Моника на што Нина веднаш одби. –Кажи ми нешто... –застана Моника. –Имаш некој проблем со Хернан? -Сантијаго ми раскажа дека си се однесувала повеќе од чудно пред некој ден. Нина виде дека е најдобро да и ја признае целата приказна на Моника и така да се одбрани од понатамошните испитувања. Тивко ѝ шепна што всушност се случува, но откако Моника ништо не слушна освен обично мрморење ѝ викна толку гласно што ја слушна цела редакција. –Хернан е ликот со кој беше пред некоја вечер, сфакаш?! -Оној од забавата? -Баш тој. –Па во што е проблемот? –Како во што е проблемот? Па тоа беше One-night stand, како сега од срам да му излезам пред очи? Не можам да се однесувам како ништо да не се случило откако ме виде во моето најлошо издание. На Моника целата ситуација ѝ изгледаше помалку симпатична па се насмевна на незгодата на Нина.

Домот на Гладис Ибара ; 23ч.
-Конечно дојде. –кратко проговори старицата со коса завиткана во пунџа, избрчкано лице и исушени раце лулајќи се полека на столот со мачката во рацете. –Дали вечера? –ладно префрли Глади и не ја ни поздрави старицата. –Уште пред три часа, веќе ти се излади. –Нема врска, и онака веќе јадев надвор. –рече Гладис и ја фрли храната во ѓубрето. –А Папи? Јадеше ли тој? –праша мислејќи за мачката.
-Да. Слушајќи го нејзиниот глас, мачорот се тргна и истрча до нозете на Гладис. Нежно го зеде во рацете и после неколку моменти тргна на спиење не презборувајќи веќе ни збор со старицата. Куќата преовладуваше со тмурна и ладна атмосфера, баш онака како што и беше односот помеѓу нив две.



***
Уште една ноќ беше пред Сантијаго, уште една ноќ полна со немири и маки. Посегна по лековите кои му ги препиша Гладис за да си дозволи барем малку сон. Иако беше строго против лековите, веруваше дека овој пат ќе му помогнат барем да заспие и утре да не мисли на ништо, да ги испразни своите мисли. И навистина, веќе после неколку моменти потона во сон кој толку го сакаше. Во моментот кога на часовникот откуцуваше полноќ, се слушна удар на вратите кој би го пробудил и да ја испие цела кутија таблети. Полека стана, сѐ уште во полусон и сфати дека сѐ е на свое место и гледаше дека вознемирувачките ноќни посети повторно започнаа. Овој пат се одлучи да ја промени играта : го изгаси светлото и полека ја отвори вратата од спалната за да виде дали нешто се случува во ходникот. Беше уверен дека личност која го прави сето ова ќе помине низ ходникот. Во тој момент низ ходникот на самиот врз од стубовите кои видеа до дневниот престој, се нацртуваше нечија фигура која му даде уште поголема доза страв но не успеа да остане присебен и да не испушти глас. Влегуваше полека во ходникот очекувајќи дека фигурата во секој момент ќе исчезне, но на негово изненадување таа не се помрднуваше, стоеше како здрвена и понатаму на истото место. Додека се приближуваше, сенката стануваше сѐ појасна. Таа виткана коса и очи кои на момент блеснаа во мракот, малата насмевка на усните... Сѐ беше како порано. Беше тука пред него, баш онаква каква што ја памтеше.

Во транс не успеа да проговори ни збор кога го следниот момент пред себе виде само голем мрак. Телото му се тресеше од ладно, а лицето му стануваше сѐ побледо, додека во главата му се ствараше притисок кој уште повеќе не можеше да го поднесе. Тогаш ги затвори очите и потона во темнината губејќи ја свеста.

Крај на 4. епизода
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 24, 2009 7:30 pm

Читавте: Кога Моника добива отказ во редакцијата на магазинот, Сантијаго застанува на нејзина страна и успева да го натера Лукас на извинување. Нејзиното враќање во магазинот постигнува голем успех додека во меѓувреме Сантијаго, решавајќи се од мистериозната книга, одлучува да ги запостави сите трагови. Сепак, желбата да се открие убиецот на Кристина не му дава мир, го носи до психијатарката Гладис Ибара, надевајќи се дека таа ќе му помогне да добие малку мир. Баш во моментот кога помислува дека конечно ќе продолжи нормално со својот живот, го среќава ликот на Кристина...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ

Епизода 5 (прв дел)

-Фала ти што дојде со мене. –кратко ѝ се заблагодари Сантијаго на Моника додека чекаа пред вратата во ординацијата на психијатарката Ибара.
-Нема потреба да ми се заблагодаруваш, веќе ти реков. Впрочем, после тоа што утринава те затекнав во несвест, не ми паѓа напамет да те пуштам сам да луташ наоколу. Иако, и понатаму стојам при тоа дека требаше да останиш дома и да се одмориш.
-Не можам таму... ме излудува таа куќа. Она синоќа сепак ги помина сите граници...
-Уверена сум дека сѐ ти се случило само поради грозницата. Погледни, сѐ уште се тресиш... –придодаде и фрлајќи го погледот спрема неговата рака која полека трепереше. –Дефинитивно требаше да останеш во кревет.
-Како после сѐ ова да останам мирен? А и таа теорија за грозницата... не ми е јасно што точно можело да се случи кога пред заминување на спиење без сосема добро. За да поспијам подобро, дури ги зедов и... –во тој момент застана потсетувајќи се на таблетите кои му ги препиша психијатарката но мислите набргу му излетаа откако се отвори вратата и се појави ликот на Гладис.
-Влезете, Сантијаго. Не ве очекував толку рано, морам да признаам... –рече Гладис потсмевајќи се полека. –Се случило нешто? О, гледам дека сте ја доведиле и пријателката. –придодаде фрлајќи го погледот на Моника.
Појавата на Гладис кај Моника не даваше ниту малку доверба, иако ни самата не знаеше која е причината поради тоа. –Веројатно сите психи се такви. –помисли. –Така... помалку чудни.
-Ќе ве почекам надвор додека не завршите. –рече додека Гладис и Сантијаго влегуваа во ординацијата.


После стресот кој го претрпи минатата ноќ, Сантијаго сметаше дека подобро ќе се чувствува ако ѝ раскаже на Гладис што му се случило. Беше уверен дека ќе го пронајде вистинското решение и дека ќе му помогне да сфати што всушност се случило. Иако веќе сѐ ѝ имаше објаснето на Моника, се чувствуваше дека и покрај тоа што се добри пријатели не му веруваше во целост за синоќешната приказна. А и неа не можеше да ја обвинува за тоа, беше сосем разбирлива нејзината скептичност и неверувањето во неговата приказна дека го видел духот на Кристина. И самиот веројатно би мислел така ако се најде на нејзино место.
И покрај сѐ, беше помалку изненаден од претпоставките кои му ги кажа Гладис после краткиот разговор. –Обична оптичка лага. Не сте единствени, не грижете се, често се случува под влијание на болеста. Сепак Сантијаго не беше потполно сигурен во другата верзија на приказната што ја имаа Гладис и Моника па придодаде дека можеби препишаните таблети биле причината за наводната халуцинација. –Не глупирајте се, Сантијаго. –Гладис помалку злобно се насмевна. –Сите лекови кои му ги препишувам на своите пациенти се работени на природна база и не содржаат никакви хемиски својства, а најмалку па халуцоген. Но, од една страна можам да ве сфатам дека после претрпениот шок настојувате да ја разгледате секоја можност.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 18:05


Додека полека паѓаше вечерта, Моника после напорниот ден од работата се спремаше да оди кај Сантијаго и да се увери дали се чувствува подобро од утрото. Излегувајќи од канцеларијата гледаше како Нина како ураган ги спремаше своите работи за што побргу да отиде дома.
-За каде сето ова брзање? –ја праша Моника. –Знам дека не ја обожаваш својата работа, но не ти е ваљда толку одбивно ова место што толку брзаш да си заминеш?
-Ма ми почнува „Desejo Proibido” („Забранета желба“, бразилска историска новела од 2007 год.), не смеам да ја пропуштам денешната епизода! Немам баш време за разговор, и онака веќе каснам!
-Брзаш заради сапуници дома? –се насмевна Моника.
-Тоа не е сапуница. –гордо изјавуваше Нина надодавајќи: Новела, како што велат Бразилците.
-Ма сѐ е тоа исто...
-Не е исто! –озбилно зборуваше додека Моника се смееше кога Нина почна да ѝ ја објаснува разликата помеѓу сапуница и теленовела.
-Морам да одам, се гледаме утре! –весело ја поздрави и замина додека Моника не успеа ни да ја поздрави.

***
Одејќи кон Институтот да го посети Сантијаго, Моника поминувајќи покрај гробиштата ги забрза чекорите. Гробиштите отсекогаш ѝ даваа некоја доза на страв иако никогаш не верувала во оние приказни а духови кои ги сметаше за вистински глупости. Сепак, кога се присети на приказната на Сантијаго за наводниот дух на Кристина, не ѝ беше сеедно поминувајќи одовде. Колку и да беше скептична кон сето ова, полутемните улици кои сѐ повеќе ги обвиваше мрак ѝ будеа незгоден страв. Настојуваше да не гледа накај гробиштата, но љубопитноста беше појака од неа и поприлично се изненади кога над еден гроб погледна нечија фигура. Блиската улична ламба ѝ овозможи да дознае за кого станува збор : беше тоа ни помалку ни повеќе туку Гладис.
Уште од првата средба, Гладис ѝ стануваше помалку чудна, посебно кога Сантијаго ѝ кажа дека веќе однекаде ја познава. Беше тоа само една причина која ја заинтересира што работи таа овде. Се скри позади блиското стебло за Гладис да не ја види и некое време следеше што се случува. Ништо посебно не се случи бидејќи и психијатарката недолго после тоа замина, а Моника внимателно влезе во гробиштата да провери кој гроб го посетува таа. Остана шокирана кога сфати дека Гладис всушност го посетува гробот на Кристина.
-Знаев дека и без причини ми е чудна таа женска! –помисли.

Институт за истражување на паранормални појави ; 18:45

-Сакав да видам дали си подобро, извини ако сметам... –изусти Моника при доаѓањето во Институтот.
-Ма не ми сметаш, баш завршувам за денеска. Сега сѐ е океј, се надевам.
-Драго ми е што го слушам тоа. –рече со насмевка на лицето. –Знаеш дека можеш секогаш да сметаш на мене, кога и да ти затребам.
-Никој никогаш не бил толку загрижен за мене... Дури ни Кристина. –рече помалку чудно кога Моника му се приближи и го прегрна. Беше тоа наизглед една обична пријателска прегратка, но за неа беше тоа нешто многу повеќе. Повторно се јавија сите оние чувства кои ја обзедоа и онаа ноќ, сакаше да викне, и конечно да му го признае она што долго го носеше во себе. Потона во неговата прегратка и сакаше тој момент да трае засекогаш, никогаш да не ја пушти од себе... Веќе во следниот момент се врати во суровата реалност кога Сантијаго се тргна од прегратката и започна разговор за Гладис.
-Знам дека нејзиното објаснуваше се чини најлогично, најсмислено но сеедно и понатаму некако мислам дека таблетите би можеле да бидат поврзани со ова. –призна.
-Сѐ повеќе сум сигурна дека се. Уверена сум дека Гладис е вистинската причина за целава ситуација!
-Веќе го решив тоа со неа, ми рече дека таблетите не содржат никакво штетно својство а и впрочем, не гледам причина зошто би било така. Можеби навистина ја измислив целава ситуација...
-Размисли, Сантијаго. Скоро не ја ни познаваш, се сретна со неа само два пати! Кој знае какви намери има таа женска, ни малку не ми се допаѓа. Сантијаго се изненади од новоста кога слушна дека Гладис го посетила гробот на Кристина на што додатно му се зголеми сомнежот дека можеби таблетите навистина беа главната причина за синоќешната халуцинација. Можеби таблетите навистина не се толку сјајни како што Гладис се обидуваше да го увери.
-Ги имаш ли уште кај тебе? –го праша.
-Да, ги оставив кај својот ормар. Што планираш?
-Би било најпаметно да ги пратиме во лабораторија. Имам некакви врски па таму би можеле брзо да дознаеме од што се направи таблетите и дали содржат некакви својства на халуцоген.
-Правите голема грешка со таквото неверување кон Гладис. –во разговорот се вмеша Хернан кој со заинтересирање слушаше па одлучи да го изрази своето мислење. –Гледајте, ја познавам веќе долго и навистина никогаш не сум имал проблеми со неа. Коректна е во својата работа, за односот со пациентите можам да кажам само најдобро. Не го кажувам ова поради тоа што ми е пријателка...
-Те разбирам во целост, но обиди се и мене да ме сфатиш. –му одговори Сантијаго. –Во ваква ситуација ми преостанува само да ја проверам секоја ситница.
-Ќе ги однесам веќе утре лековите на анализа. –додаде Моника на што Сантијаго полека климна со главата. Откако Сантијаго и Моника се упатија кон дома, Хернан го зеде мобилниот и почна да ѕвони на нечиј број.


(крај на 1. дел)


Последната промена е направена од Bobi на Нед Мај 24, 2009 7:33 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 24, 2009 7:32 pm

(2. дел)

Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; следното утро

-И? Успеа ли синоќа да ја гледаш таа фамозната „Desejo“? –ја праша Моника Нина која во полусон бледо гледаше во лаптопот.
-Да. –одговори и се насмевна. –Само повикот на Хернан ми ја расипа цела вечер, тотално бев деконцентрирана од тогаш.
-Стварно? Ма види го ти Хернан, не мислев дека ќе се осуди да ти се јави!
-Јас уште помалку. Само да знаев од каде му е мојот број... –се запраша, но смерувајќи го погледот кон лицето на Моника сѐ ѝ беше јасно.
-Ме побара, не можев да го одбијам кога ми призна дека е заинтересиран за тебе. –се обиде да се оправда Моника.
-Синоќа ме повика на состанок...
-И ти секако го одби... –рече превртувајќи со очите.
-... и ПРИФАТИВ. Не знам зошто сум како глупача што одма го прифатив состанокот. Ваљда поради тоа што бев изненадена од повикот...
-Па зошто не се обидете? Сигурна сум дека двајцата одлично би функционирале.
-Да функционираме? На кој начин? Па немаме ниту една заедничка тема... –изусти и во очај ја удари главата во столот додавајќи : ... освен пиењето.
-И тоа е нешто за почеток. –се насмевна Моника.


Два дена подоцна, добивајќи ги резултатите од анализата на лековите, Моника се упати во лабораторијата да ги земе. На влезот ја сретна Гладис, која доаѓаше од спротивната страна, поприлично вознемирена со фактот дека Моника ја видела.
-Од каде вие овде? –беше сомнителна Моника.
-Не гледам зошто ве интересира тоа вас. –грубо одговори.
-Сосема обично прашање, не ми е јасно зошто се нервирате. Единствено ако можеби криете нешто... Можеби би помислила и дека ме следите!
-Тогаш и јас исто би можела да ве прашам. Мислите дека сум толку глупа и дека не ве видов како ме следите на гробиштата пред некој ден. За што ме сметате? Глупача?!
-Ми се чини дека не сум јас таа која крие тајни, г-це... Бидејќи ги имате многу, и ги криете толку добро. Како змијата своите нозе. Пример, дека сте ја познавале свршеницата на Сантијаго.
-Смешни сте. Не... не ја познавав. Ако баш си заинтересирана, бидејќи гледам дека толку се грижите за него, ќе ви кажам дека мојата посета на гробиштата беше поради сосема друга причина. Еден мој близок е таму погребан... А тоа вас не ве интересира. Гробот на Кристина случајно го видов и застанав на кратко.


***

Зборовите на Гладис ниту малку не ја уверија Моника која и понатаму беше сомнителна во нејзините намери. Кога помисли дека своите сомнежи ќе ги оправда со резултатите од лабораториската нализа, дочека ладен туш. Резултатите беа негативни покаживајќи дека во лековите нема никакви халуцотени својства. И она и Сантијаго беа изненадени бидејќи очекуваа сосема друга анализа, уверена дека има нешто матно околу приказната на Гладис. Работите се покажаа поинакви па едноставно мораа да признаат дека овој пат сепак биле грешка.
Сепак Сантијаго не сакаше да застане овде. Иако се чувствуваше лошо од онаа вечер, беше потполно сигурен дека го виде ликот на Кристина. Очите никогаш не го излажале, па така ни тој пат. Одлучи да провери дали постојат некои паранормални појави во неговата куќа и истата вечер ја зема потребната опрема за истражување од Институтот без знаење на Кортез. Хернан му помогна при набавувањето на ЕМФ Детекторот и за спојувањето на Night Vision опремата, а со остатокот знаеше сам да се служи. За резутлатите да бидат што поуспешни, Хернан прифати да учевствува во истражувањето и истата вечер се најдоа во домот на Сантијаго надевајќи се во нови откритија.

Домот на Гладис Ибара

-Како е на работа? –ја праша Селија својата ќерка додека заедно вечераа.
-Како и секогаш. –сериозно одговори Гладис држејќи ја мачката во рацете. –Прашуваш глупости.
-Ќерка си ми, имам право да знам.
-Но не сум доволно добра како што беше она, зар не... мајко?
-Не биди безобразна! Знаеш дека отсекогаш подеднавко ве сакав... –рече старицата додека во очите ѝ се појавуваше голема тага.
-Кого го лажиш?! Никогаш не ми опрости за она што се случи и знам дека нема да ми опростиш! –беснееше Гладис додека очите полека ѝ се растажија.
-Никогаш не реков дека ти си крива, тоа беше несреќен случај и...
-Но мислеше! И уште ме сметаш за одговорна за тоа. Не е ни чудо што не ми опрости, па ни самата јас тоа никогаш не би можела.
-Смири се, зар не гледаш дека си надвор од тебе!
-Замолчи стара вештерко! Доста ми е! Доста ми е што од ден во ден го преживувам истиот страв што ме потсетуваш на тоа.
-И сега настојуваш него да му се одмаздиш заради болката која ја носиш?! Знаеш дека тој нема никаква врска со тоа...
-Замолчи! Крив е подеднакво како и сите други, сите кои ми ги направија овие години во ужас.

Глас сѐ повеќе лудуваше додека на лицето на лицето истовремено ѝ се гледаше бес и тага. На згора на целата караница со Селија, и удари шлаканица на немоќната старица која се сруши на земјата. Мачката исплашено побегна криејќи се позади вратата додека Гладис во неверица гледаше во мајчиното тело на подот не сфаќајќи што се случило.

Домот на Сантијаго ; вечер

Полека се приближуваше ноќта кога Сантијаго и Хернан, исчекуваа дали некој од уредите ќе забележи присутност на нешто паранормално. Уредите беа поставени во дневниот престој од кој столбовите водеа на катот. Баш на тие столбови тој го виде ликот на Кристина и беше уверен дека истата ситуација ќе се повтори и оваа ноќ, точно на полноќ. Чекајќи нестрпливо но промена на уредите немаше. Полноќта полека поминуваше, а откако ништо не се случи, Сантијаго беше помалку разочаран. –Како што и сметав, си бил болен па си го видел она што го нема. –изјави Хернан додавајќи дека после ова уште еднаш потврдил дека духови не постојат. Сантијаго сепак инсистираше истрагата да трае цела ноќ, сѐ со цел да најде нешто сомнително.
Утрото набргу дојде без многу промени. Хернан прв се пробуди и проверувајќи ги уредите го виде она што го очекуваше – ништо не обично не забележа. Кога се спремаше да си оди дома, нешто му привлече внимание и се упати кон вратите кои водеа до подрумот. Недолго после тоа, во моментот кога Сантијаго се пробуди, Хернан само што се враќаше назад во дневниот престој.
-Што правеше доле? –го праша заинтересирано Сантијаго.
-Го погрешив излезот. –кисело се насмевна Хернан. –Брзам дома, се гледаме подоцна.
На Сантијаго ситуацијата му се виде помалку чудна но побрза кога се досети дека треба да ја врати опремата во Институтот додека Кортез не примети дека недостасува.


Ординацијата на Гладис Ибара ; 10:00


-Г-ца Ибара доаѓа за петнаесен минути. –секретарката го извести Сантијаго при доаѓањето во ординацијата. –Ако сакате почекајте ја овде, во канцеларијата. Чекајќи ја Гладис, Сантијаго заинтересирано ја разгледа нејзината канцеларија. –Ако е толку сомнителна како што препоставува Моника, сигурно би пронашол нешто необично. –помисли. Во тој момент заѕвона телефонот на Гладис кој беше приклучен на приватната линија па исклучиво таа ги превземаше повиците кои доаѓаа од оваа линија. Откако не се јавуваше, повикот се усмери на телефонската секретарка.
-Гладис јави се, знам дека си тука. –проговори гласот од телефонската секретарка. Во прв момент не го обрни вниманието на секретарката, но се изненади кога го препозна гласот. Тоа беше Лукас!

Крај на 5. епизода

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 31, 2009 3:29 pm

Читавте: Веќе после првата средба со психијатарката на Сантијаго, Моника се сомнева во нејзините вистински намери, а додатни сомнежи ѝ прават фактот дека Гладис го посетува гробот на Кристина. Баш во моментот кога е уверена дека лековите кои ги зема Сантијаго се главната причина за халуцинација, работите се превртуваат и се претпоставува дека во целата приказна Гладис е невина и дека нема никаква врска со халунациите на Сантијаго. Така Сантијаго станува сѐ посигурен во можноста дека навистина го видел духот на Кристина па со помош на Хернан водат истрага за да ја откријат присутноста на паранормални појави во неговиот дом. После неуспешната ноќ по трагањето за духот, заминува на состанок со Гладис и сосема се изненадува дознавајќи дека Лукас и Гладис се познаваат...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 6 (прв дел)

Слушајќи го ѕвончето на вратата, Моника стана од креветот и ја облече наметката како би видела кој е пред вратата.
-Од каде ти овде? –го запраша Сантијаго кој стоеше на вратата. –Не те очекував толку изненадно...
-Морав да поразговарам со тебе.
-Секако, слободно влези. Се случило нешто?
-Не, ништо важно него... постои нешто што веќе долго се обидувам да ти го кажам.

Следните неколку моменти Моника не беше ни свесна, мислите ѝ беа свртени единствено на лицето на Сантијаго и на неговите зборови кои пропаѓаа низ тишина: Те сакам.
Не успеа да изусти ни глас кога веќе во следниот момент се најде во неговата прегратка, приближувајќи ги полека своите усни на неговите и претопувајќи ги во страстен бакнеж.
Веќе во следните секунди нагло се тргна, ги отвори очите и сфати дека сѐ било само еден сон.
-Глупости... –се насмеа бледо додека во очите ѝ се оцртуваа тага. Би дала сѐ само тоа да не биде еден сон, да може да ѝ ги врати истите чувства кои ги имаше спрема него... Сепак, мораше да се врати на суровата реалност.

Ординација на Гладис Ибара ; 10:30ч

Додека Гладис неуморно зборуваше за искуството со случаеви кои биле слични како неговиот, Сантијаго бледо гледаше во подот, не приметувајќи ги нејзините зборови. Беше вчудоневиден од фактот дека Гладис го познава Лукас и иако спрема тоа не можеше да донесе никаков сигурен заклучок, беше уверен во зборовите на Моника, дека таа е и тоа како сомнителна. Копајќи низ мислите, виде дека таа има поголем круг заеднички познаници – Хернан, Лукас па и Кристина, иако во тоа што таа настојува да го увери на спротивното. Зар е можно лиќност која до пред некој ден не ја ни познаваше всушност толку да се вплети во неговиот живот и тоа дури сега да го сфаќа? Или можеби целата ситуација е само случајност. Иако дојде во искушение да ја праша за нејзиното познавање со Лукас, одлучи да замолчи за она во што се сомнева.
-Сантијаго... –го повика кога се тргна од мислите. –Нешто сте замислени денес, ми се чини дека воопшто не ме слушате.
-Не, напротив... Само продолжете. –благо се насмевна на тоа што неколку моменти Гладис сериозно го гледаше а потоа продолжи со разговорот, поточно со монологот кој го водеше самата со себе.
-Мислам дека ова беше нашиот последен состанок... –придодаде додека се поздравуваа на заминување - ... не гледам потреба за продолжување на вашата рехалибитација, Сантијаго. Сосема сте добро.
-Можеби... но сепак нема да биде на одмет ако ве посетам уште некој пат.
–брзо одговори одлучувајќи што повеќе да остане во контакт со психијатарката сѐ со цел во идните посети да открие нешто што би можело да објасни поедини сомнежи. Недолго откако замина, таа го зеде телефонот за да ги провери новите пораки на секретарката. Гледајќи го времето на повикот на Лукас, лицето ѝ доби ненадејден грчевит израз.

Институт за истражување на панормални појави ; 12:00ч.


Доаѓајќи во институтот погледна неколку луѓе собрани околу Кортез чиј глас беше доволен да сфати дека се случува нешто сериозно.
-Вие Коре! Никој друг не може да биде! –викна Кортез упатувајќи остар поглед на Сантијаго.
-Јас? Нешто се случило? –праша збунето.
-Минатата вечер некој ја земал опремата без прашање иако е строго забрането да се носи било што надвор од Институтот без мое лично одобрување! А како никој од овие глупаци овде не знае ништо од тоа, не ми преостанува ништо друго освен да заклучам дека се работи за вас.

Баш кога се обидуваше да му признае на Кортез бидејќи му беше потполно сеедно какви последици ќе сноси, Хернан изненадно ја презема одговорноста на себе лажејќи дека тој бил единствениот виновник за целата брка.
-Вие бевте последни од кого го очекував ова, Хернан. –рече разочарано Кортез. –Ќе се сносите со последиците како што би се сносил и било кој друг, со мене во канцеларија!
На Сантијаго на почетокот не му беа ни малку јасни причините заради кои Хернан ја зема одговорноста при себе.
-И онака имаш премногу други проблеми, би било премногу и ова да ти ја натовари главата. –рече Хернан.

***
Додека Моника го прегледуваше списанието во кафетеријата за време на паузата, ѝ се придружи Нина која не престана да зборува за својот изглед.
-Како изгледам? –ја праша Моника покажувајќи ѝ го својот нов фустан. –Морав да бирам помеѓу онаа црвената со пругите која ми ја подари за минатиот роденден, или именден не сум сигурна, зелената – знаеш, онаа зелена која заедно ја купувавме пред некоја недела кога бев шворц а ти ја изгуби картичката па се обидував да ја добијам free, а поради која не успеав да ја дочекам платата, а подоцна и каснеше платата и кога конечно стигна, фустанот веќе беше продаден па морав да чекам повторно нарачка, а кога конечно ми ја нарачаа...
-Знам за која мислиш. –ја прекина Моника откако ѝ се заврти од дрдорењето на Нина.
-Или оваа црна, за која на крајот се определив. Што велиш? Мене црната баш ми се чини пригодна за оваа прилика...
-Црна за состанок?
-Реков, за оваа прилика. Ова не е состанок како и секој друг, овој ќе биде посебно катастрофа па заслужува и посебен третман.
Неколку минути подоцна, нивниот разговор го прекина доаѓањето на Сантијаго.
-Ве оставам сами. –се насмеа Нина. –Знаете како се вели, третиот е вишок.
-Белки не прекинав нешто важно?
-Не прекиина ништо, и онака веќе брзам за на погреб. –придодаде Нина и одјури надвор.
-Состанок со Хернан? –ја праша Сантијаго Моника придружувајќи ѝ се за време на паузата.
-Да. –се насмевна Моника.
-Не знам зошто е уверена дека состанокот ќе биде катастрофа, баш некако имам чувство дека двајцата би можеле навистина добро да функционират.
-Гледаш, тоа и јас го мислев, ми се чини дека делиме слични мислења.
Кога го праша што го носи наваки, Сантијаго ѝ се довери на Моника дека е сѐ поуверен во нејзината теорија дека Гладис крие нешто. Нејзиното познавање со Лукас му даваше додатни сомнежи.
-Па можеби е и само случајност, не знам... –помисли Моника. –Можеби премногу паничариме.
-Можно е, но само е помалку чудно како личноста која до неодамна не ја познавав наеднаш има толку поврзани ситуации со мојот живот. Се прашувам што следно ќе дознаам за неа...
-Колку се сеќавам, ми рече дека имаш чувство како да ја познаваш од некаде? Можеби во тоа лежи објаснувањето на целава приказна?
-И сѐ уште го имам тоа чувство, само... никако не можам да се сетам од каде.
-Знаеш, не би било лошо малку да го истражуваш тоа...
–придодаде додека во мислите ѝ се повлекуваа некои идеи.

(крај на 1. дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeНед Мај 31, 2009 3:31 pm

(2 дел)

City Club „Fabrizio“

Пиејќи ја чашата вино, Нина и Хернан гледаа еден во друг незнаејќи што да си кажат и очекуваа во секој момент дека оној другиот ќе го започне разговорот.
-Ама си интересен... –издиши, изразувајќи ја досадата која ја чувствуваше.
-Oh well, па ни ти не си нешто бог знае што. –придодаде и го тргна погледот на женската која поминуваше покрај нивната маса.
-Вечерва смееш само мене да ме гледаш! –увредено додаде Нина.
-Ха?!
-Не дојдов овде да гледам како се вртиш по други сукњи! Ќе ме гледаш само мене или заминувам!
-Еј, олади малце! Не знаев дека си толку тешка.... –ги преврте очите кога во следниот момент Нина му ја истури чашата вино во лицето - ... ни толку романтична. –придодаде.
-Што се нервираш толку? Седи и не прави сцена, имав веќе доволно тежок ден на работата. –ладно одговори Хернан.
-Знаев дека ова ќе биде катастрофа, навистина не ми е јасно што навистина правам овде!
-Никој не те спречува да си одиш... Можеш да одиш ако навистина ти е толку грозон моето друштво.
-Па да ти кажам... и ќе си одам. –рече Нина и гордо ја облече јакната и се упати кон излезот, но веќе во следните неколку минути посрамотено се врати на масата на што Хернан се насмеа. –Што гледаш? Биди сигурен дека веднаш би заминала да имав превоз!


Домот на Сантијаго ; 23:35ч.

Сантијаго безброј пати го проверуваше маилот на Кристина од кој беше пратена мистериозната порака надевајќи се дека ќе пристигне нов маил но ништо не се променуваше. Додека еден дел од него сакаше да заборави сѐ и да го пушти духот на Кристина да почива во мир, од другата страна сакаше нови траги, нови докази кои би можеле да му помогнат за нејзиниот случај повторно да се отвори и истрагата да продолжи. А и збрката околу Гладис му додаваше додатно оптеретување. Спремајќи го лап топот, повторно примети лик на жена на прозорот на соседната куќа. За разлика од минатиот пат кога ликот на жената брзо исчезна, овој пат стоеше не поместувајќи се ни за момент.

Нагло се тргна кога слушна звуци од ходникот. –Повторно истата работа, баш сега кога опремата не ми е при рака! –помисли. –Нема да ме прави луд, многу добро знам што видов минатиот пат. –заклучи и се штипна за раката да провери дали навистина е буден. Влегувајќи внимателно во мрачниот ходник застана и некое време гледаше дали ќе се случи истото. Изненадно слушна језиво шепотење, налик на она кое го предупредуваше да не ги запоставува трагите. Иако на почетокот не можеше да разбере ни збор, малку по малку гласот стануваше појасен и слушаше што сакаше да му препорача. –Тие, Сантијаго... Тие се криви. –се одзеваше во мрачната просторија и сѐ повеќе му полнеше страв во коските. –Тие ме убија.
Седејќи не успеа да испушти ни глас а веќе во следниот момент на столбот стоеше лик на жена. –Таа е! –беше истовремено среќен но и преплашен. –Кристина! –викна но одговор немаше, темната фигура и понатаму стоеше на столбот. Овој пат не успеа да и го виде лицето, а кога се обидуваше да запали светло виде дека нема струја. Одлучи да ѝ се приближи на фигурата но силен налет на ветар наеднаш го отвори прозорецот и пред да се најде, сенката се тргна низ столбовите. Потрча по неа во дневниот престој, но кога слушна сител удар од вратата изненадно сѐ се смири. Се доближи до влезната врата каде што го очекуваше нешто што целата ситуација ја праваше уште почудна : вратата беше заклучена, а клучот се наоѓаше во внатрешната страна. Дури успеа и светлото да се запали. Тоа значеше само една работа : личноста сигурно не можеше да побегне одовде, а уште повеќе кога погледна дека клучот не беше допрен.
-Вратата, сите прозори се затворени... –панично настојуваше да сфати што се случило. -...како тогаш по ѓаволите побегнала?!
Застана на момент додека срцето забрзано му чукаше. –Невозможно, таа не може да биде... дух.


Следното утро

Додека рано утрината сонцето полека се разденуваше, Сантијаго замислено гледаше низ прозорот во полумрачната соба. Целиот свој живот го посвети на проучувањето на паранормални и култни појави, решаваше случаи за кои никогаш не мислеше дека ќе ги проучи, а она што моментално му се случуваше во својот сопствен дом не знаеше како да го објасни. Судбината навистина знае понекогаш да биде иронична. Од мислите го пренесе звукот на мобилниот.
-Чао Сантијаго, Моника е. Те пробудив?
-Ма не, утрото станав нешто порано него иначе...
-Слушај, малку пребарував по канцеларијата на Лукас утринава додека не беше таму. Интересно е дека нема ниту една забелешка за Гладис, а наводно се познаваат.
-Можеби не се толку блиски како што мислевме.
-Веројатно, но најдов нешто повеќе од интересно.
-А да?
-Пронајдов документ со кој Лукас ѝ дава помош на Кристина да подигне пари од сметката на фирмата, бидејќи таа беше главна уредничка.
-Што е овде необично? Логично е дека Кристина морала да има полномоштво, во спротивно не би можела да ги подигне оние пола милион кои исчезнаа.
-Датумот, Сантијаго! Ѝ дава полномоштво баш оној ден кога исчезнаа парите, кога ја...
-Чекај малку, дали тоа значи дека...
-... дека Лукас знае каде исчезнале парите! Свесно ѝ дал полномоштво за да подигне пола милион!
-Тогаш не ја убиле заради парите! Нешто друго е валкано во оваа игра.
-Баш тоа сакав да ти го кажам. Ќе се обидам да поистражувам уште малку.
-Моника, не доаѓа во обзир ова да го правиш сама! Очигледно имаме работа со валкани луѓе, не можам да допуштам сама да се излошуваш на опасност.
-Само момент... –ја прекина Сантијаго кога погледот го насочи на она што се случуваше пред неговата куќа.
-Се сеќаваш ли на моите необични соседи кои уште не сум ги запознал... –прозбори.
-Секако, како не би се сетила – воајери! –се насмеа Моника.
-Па баш открив за кого станува збор, нема да ми веруваш.
-Немој да ми кажеш дека се работи за...
-... ни повеќе ни помалку туку... Гладис.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 11:00ч

-Нина! –ја повика Сантијаго додека таа спиеше на масата. Откако не се одзеваше, се извика толку гласно што привлече зачудени погледи на присутните вработени.
-Што викаш? Не сум глува! –изусти, чешајќи си ги очите и проѕевајќи се, сѐ уште поспана.
-Каде е Моника?
-Ха?
-Моника! Каде е Моника? Морам да разговарам со неа за нешто но не е овде, ниту на мобилен не е достапна.
-Аха то... Замина пред малку со Лукас, ми рече дека во стилот да ти кажам дека ќе се обиде да истражува малку повеќе... Што и да значело тоа.
-По ѓаволите! Ја предупредив да не се меша во истрагата а таа пак по свое... Тврдоглава како и секогаш.

Сантијаго вознемирно истрча од редакцијата, а Нина, мртва ладна продолжи да спие.

***

-Што е толку итно што моравме да се најдиме? –бесно ја праша Лукас додека Гладис му приоѓаше.
-Отмен ресторан за време на состанокот... Типично за тебе, обожаваш да се расфрлаш на вакви места.
-Тогаш?
-Дојдов да те предупредам, дека веќе да не ти падне напамет да ме бараш додека сум на работа.
-Да не се лажиме, драга, ти си таа која ги прави проблемите.
-Слушај, и онака веќе премногу се сомнева. Сигурна сум дека знае за нас.
-Па што ако знае?
-Какво е тоа сега глупо прашање?! Знаеш и самиот дека малку недостасува да ја поврзе целата ситуација. А ако јас паднам, паѓаш и ти!
-Сама ќе бидеш виновна ако се разоткријат твоите валкани игри. Ако малку се смириш, целата ситуација ќе биде под контрола.
-Како да се смирам, по ѓаволите, кога сите вие ми го загорчувате животот?!
-Тоа е најмалата цена која можеш да ја сносиш за она што го знаеш. Затоа... смири се и престани да правиш сцени.
Додека Гладис и понатаму се расправаше со Лукас, не ни приметија дека во близина седи Моника и го слуша целиот нивен раговор...


Крај на 6. епизода
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeПет Јун 05, 2009 7:49 pm


Никој не може да побегне од минатото.


Сабота, 6 јуни не пропуштајте ја 7та епизода од веб новелата:
ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Само на Ангели и СерииМк

Другата страна на животот Cap7iu5
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСаб Јун 06, 2009 8:22 pm

Читавте: Додека Нина се спремаше за состанок со Хернан, Сантијаго и Моника настојуваа да ги разоткријат вистинските намери на Гладис. Копајќи по канцеларијата на Лукас, Моника открива документ во кој Лукас свесно дава полномоштво на името на Кристина, баш оној ден кога таа е убиена. Дознавајќи дека Лукас всушност добро знае каде исчезнале парите, сфаќа дека нешто валкано се крие позади целата приказна. Во меѓувреме, Сантијаго сосема случајно открива кои се мистериозните соседи кои сè уште не ги запознал, а Моника не го прифаќа неговото предупредување да не се плетка во понатамошната истрага па самата потајно го прислушкува разговорот помеѓу Гладис и Лукас...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 7 (прв дел)

Полека се приближуваше попладнето додека сонцето се криеше позади облаците наговестувајќи тмурен ден. Приближувајќи се во кафиќот недалеку од Институтот, Моника го погледна Сантијаго како нестрпливо чека на масата скренувајќи го погледот на секоја личност која влегуваше внатре.
-Извини што толку чекаш, дојдов штом можев. –изусти, седнувајќи на столот.
-Без грижа, само... кафето ти се олади.
-Кафето сега е најмалку битно, верувај ми.
-Па? Дали акцијата на приватната детективка Моникае плодна? Мислам, кога веќе го занемари моето предупредување ваљда имаше нешто од корист.
-Не е време за шеги, Сантијаго, барем не од твоја страна. Знаеш дека сме доста слични кога станува збро за тврдоглавоста. –се насмеа Моника.
-Слушај, дознав нешто што само додатно ги потврди моите сомнежи.
Беше шокиран кога Моника му раскажа што слушнала во разговорот помеѓу Гладис и Лукас.
-Ѝ рече дека тој добро се погрижил за Кристина и дека е време да го затворат тој дел од приказната.
-Кучкин син... –избезумено стана од столот и тргна накај влезот но Моника успеа да го застане навреме да не направи нешто непромислено.
-Мораме да останеме со ладни глави, знаеш дека не можене ништо да направиме додека немаме докази.
-Како, по ѓаволите да останам мирен додека убиецот на Кристина мирно шета наоколу?!
-Не можеме да бидеме потполно сигурни во сè ова, она што уште повеќе ме збуни е неговата караница со Гладис... Му приговараше како ѝ го уништуваат животот.
-Ѝ го уништуваат животот... Кој?
-Тоа и мене ме интересира, „оние“ кои Гладис ги спомнува очигледно некако се замешани во нејзиниот живот, а можно е и Лукас да е е еден од нив. Него... тоа „оние“... ме потсети на скриената порака од книгата.
-Па да... –застана на момент и се сети од синоќешниот настан и пораката која ја слушна.
-Сега сè има смисла... Се врати за да ми укаже на вистинскиот виновник и конечно правдата да биде завршена!
-За што зборуваш ти?! –збунето го погедна.
Откако Сантијаго ѝ раскажа за повторната средба со наводниот дух на Кристина и теоријата дека цело време настојува да му ги докаже трагите дека Лукас е виновникот, на Моника целата таа приказна ѝ се чинеше доволно веродостојна.
-Искрено да ти кажам, сè ми звучи премногу неверојатно. Воглавно, каква тогаш улога воошто имаат исчезнатите пари во сето ова?

Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 11:00ч.

Додека Лукас во просторијата за состаноци на присутните им ги претставуваше новите идеи за списанието, Моника замислено гледаше во масата не приметувајќи ги неговите зборови. Беше потполно деконцентрирана, фактот дека личноста која моментално стои пред неа е можеби убиецот, малку ја плашеше. Ни Нина не беше премногу заинтересирана за презентацијата, додека Лукас зборуваше на празно, стави огромни црни наочари на лицето и заспа.
-Г-це Фонтан! –ја опомена Лукс па набргу се разбуди и продолжи да се претвара дека го слуша.
-Мора минатата ноќ да била и тоа како бурна штом заспа на сред состанок. –се насмеа Моника додека заедно излегуваа од салата за состаноци.
-Не прашувај... –издиши уморно Нина. –Една вечер со Хернан и мртва сум за следните месец дена.
-Значи сепак не било толку лошо како што се плашеше. Гледаш...
-Само немој со она „ти реков“...
-Ти реков...
-Еве ја неа пак...
-... дека ќе функционирате заедно. Зар можеби се залажав? –гордо префрли Моника.
-Ма какво функционирање, единствено нешто што знаеме заедно да го направиме е да кршиме кревети, а комуникацијата... чиста нула. Воглавно, Хернан е непоправлив мачист. Нема шанси да бидам со некој кој ја врти главата за сè што оди на две нозе.
-Ќе се смири тој порано или подоцна. Не за ѓабе се распрашуваше за тебе.
-А ти? Каде исчезна утринава? Сантијаго доаѓаше наваму, очигледно нешто било итно.
-Долга приказна... Можеби и подобро е да не те замарам со тоа. Што помалку знаеш, тоа подобро.
-Зошто? Белки не е вмешана во тоа психијатарката со егзотичното име?


Домот на Сантијаго ; 12:00ч.

Баш кога се спремаше да излезе, му заѕвони мобилниот.
-Што е толку итно, Хернан?
-Се обидувам да те добијам цело утро, Кортес е бесен бидејќи скоро те нема на работа.
-Морав да извршам некои работи, баш се враќав дома по лап топот. Ќе дојдам за некоја минута, а за Кортес, не грижи се, лесно ќе поминам со него.
-Ајде, се гледаме.

Во моментот кога влегуваше во колата, сенката на прозорецот од соседната куќа му привлече внимание на Сантијаго. Ни самиот не знаеше зошто, но одлучи конечно да ја расчисти оваа ситуација со Гладис. Гледајќи женска фигура на прозорецот беше уверен дека некој има дома па се осуди да заѕвони. Меѓутоа, колку и да ѕвонеше, никој не отвараше на вратата, а сенката на прозорот и понатаму непокретно стоеше скриена позади полупроѕирните завеси.
-Кој ѓавол се случува овде? –се запраша. Во еден момент дури ја повика личноста од прозорецот но одговор немаше. Ситуацијата стануваше сè почудна и почудна но најпосле сепак одлучи да побрза кон Институтот кога виде колку е часот.

Институт за истражување на паранормални појави

-Што се случува со тебе? Чуден си во последно време. –го запраша Хернан Сантијаго кој замислено листаше некои фасцикли.
-Знаеш, сигурен сум дека сум сè поблиску до убиецот на Кристина. –одговарајќи му дека се сомнева на Лукас.
-Навистина? –пробледна Хернан. –Се чини дека сепак те потценував кога сметаше дека приказната за наводниот убиец си ја измислил. Само.. зошто полицијата не го отвори повторно случајот ако навистина се случило убиство.
-Мораме да собереме доволно докази да ги докажеме своите потврдувања, во спротивно немам што да барам.
-А личноста која ти оставаше траги? Откри за кој станува збор?
-Можеби... не можам со сигурност да кажам.
-И? На кој сомневаш? Немој да ми речеш дека знакови ти оставал „духот“ на Кристина кој безуспешно го фаќавме. –се зафркаваше Хернан но кога го виде изразот на лицето на Сантијаго, замолчи.
-Прерано е било што да тврдам со сигурност, не ми преостанува ништо друго него да чекам нови траги.


Ординацијата на Гладис Ибара ; следниот ден ; 17:00ч.

-Не очекував дека работите и на Св. Валентајн. –изусти Сантијаго при влегувањето во канцеларијата на Гладис.
-На своите пациенти морам секогаш да им бидам достапна, посебно кога станува збор за екстремни случаи како што е вашиот. А и знаете дека Св. Валентајн може да носи доста скршени срца па овој празник како и Божиќ ми е доста полн со заработка.
-Сакав да се посоветувам со вас во врска со некои мои теории?
-За наводниот дух на Кристина.
-Како знаете?! –ја праша сомнително на што Гладис за момент необично го погледна.
-Не знам, само препоставував. Во последно време сте толку сте се посветиле на таа приказна што е јасно дека тоа е и единственото на што размислувате. Не ли сум во право?
После подолгиот разговор во кој Гладис настојуваше да го увери дека неговата психичка состојба манифестирала во облик на халуцинација и дека всушност не постои никаков дух во неговиот дом, Сантијаго помалку се чувствуваше увреден.
-Сфатите ме, Сантијаго. Знам дека вас сега ви се чини дека сакам да ги скршам вашите трврдења, во најмала рака да ве уверам дека почнувате да измислувате нешто што го нема, но треба да знаете едка она што ви се случува е сосема нормална реакција. Ја сакавте вашата свршеничка и фактот дека толку брзо ја изгубивте, уште ве боли, сакале или не.
На заминување, Сантијаго кратко ѝ се заблагодари кога му напомена дека сега веќе нема потреба да продолжи со терапијата. –Дајте си време, Сантијаго. Сакате тагата која ја чувствувате да исчезне што побргу, но и самите знаете дека тоа во вакви случаи е невозможно.
-Тогаш... до следната средба, г-це Ибара. За која сметам дека ќе биде многу брзо бидејќи сега сме соседи.
На тие зборови Гладис пребледна претварајќи се дека е изненадена додавајќи дека не знаела дека тој е новиот сосед кој од неодамна се вселил.
-Смешно, зар не? –кисело се насмевна. –А помина скоро два месеци.


***

Излегувајќи од ординацијата, Сантијаго одлучи да почека во близина додека Гладис не заврши со работата и да ја следи каде оди, за да дознае нешто ново што би можел да поврзе со Кристина. Сигурно постоеше цврста причина која ги поврзуваше двете кога психијатарката го посетуваше нејзиниот гроб. Веќе после неколку моменти, Гладис излезе од ординацијата носејќи букет со каранфили во рацете па Сантијаго, љубопитен каде оди, тргна по неа.
Ситуацијта стануваше сè поинтересна кога таа се упати кон гробиштата. Беше уверен дека психијатарката повторно оди на гробот на Кристина но се изненади кога ја виде на друг гроб. Недолго откако таа замина, се приближи до местото каде што ги остави каранфилите. Помалку скршената надгробна плоча даваше до знаење дека покојниот долго почиваше овде, а на сивата камена плоча се гледаше непознато име:
Каролина Ибара (1970. – 1975.)

(крај на 1. дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСаб Јун 06, 2009 8:24 pm

(2 дел)

Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 19:30ч

-Валентин е, а јас ќе го поминам дома сама, како некој грeшник... –разочарано издиши Нина листајќи го списанието.
-А Хернан? Што е со него? –праша Моника.
-Ма каков Хернан... Гледаш дека тој воопшто не се ни сетил за св. Валентајн. Ни ружи, ни поклон... Дефинитивно кревам раце од него!
-Поклоните не ја прават вистинската смисла за Валентајн, бидејќи ти си таков експерт за врски мислев дека и самата го знаеш.
-Секако дека знам! –гордо изусти Нина. –Поклоните не ми се толку важни колки вниманието, а со Хернан ни В од внимание.
-Па ни мојата ситуација не е баш за фалење. –додаде Моника.
-Твојот случај е различен, ти си сама, бидејќи така сакаш. Навистина не ми е јасно што чекаш...
-Чекам што..?
-Како што? Па на километар се гледа дека си изгубена по Сантијаго! Млад, згоден, полн со пари а покрај тоа и вдовец... и ти не превземаш ништо!
-Нина, ситуацијата не е толку едноставна како што ти се чини. Впрочем, сигурна сум дека никогаш нема да ме сака онака како што јас го сакам него. Што и да правам, знам дека никогаш нема да ја заборави Кристина...
-Кристина веќе одамна е два метри под земја! Нема ваљда да попуштиш покојната да се вмеша помеѓу вас? Крај краева, кој знае, можеби и тој чувствува нешто за тебе, само не се осудува да го докаже.
Неколку моменти подоцна, нивниот разговор го прекина доставувачот кој носеше букет со црвени ружи. –Г-ца Нина Фонтан? –праша на што таа набрзина ги зграби ружите и ја прочита пораката.
-Не можам да верувам! –изусти додека насмевката ѝ се разлеваше по целото лице. –Сепак се сетил! Јаооо... како се наежив, види! –одушевено ја покажуваше Нина пораката.
-Морам да одам кај него, за ова ќе добие посебна награда!
-Зар не кажа дека поклоните не ти се важни? –иронично ја праша Моника на што таа полека се насмевна. На излегувањето се судри Сантијаго кој доаѓаше од спротивен правец.
-Уживајте, гулапчиња! –ги поздрави и брзо замина накај Хернан.
-Што ѝ е неа денес? –збунето праша Сантијаго.
-Св. Валентајн ја удри во главата, пушти ја. Од каде ти?
-Се надевам дека не пречам, дознав нешто што навистина ме изненади.
-Не е никаква гњаважа, и онака вечер немам попаметна работа.
Читајќи ги листовите кои Сантијаго ги имаше во раката, беше вчудовидена од новите дознавања.
-Гладис сепак не лажека кога рече дека имала некој закопан на гробиштата. Малку пребарував по интернет, и види чудо: имала сестра близначка која починала на само пет години, Каролина Ибара.
-Тоа објаснува зпшто таа е толку чудна личност, сериозна и ладна...
-Каролина се удавила во 1975. во едно езеро во Пуерта Мадера додека играла со сестра ѝ и замисли само каков шок е тоа за едно дете од пет години како Гладис.
-Не сакам ни да помислам каков терет носи таа жена цел живот... Ја изгубила близначката, другиот дел од себе, кој знае какви последици ѝ оставила таа несреќа.
-Можно е и тоа да е една од причината која ја поврзува со „Нив“.


Станот на Хернан ; 21:00ч

Во моментот додека излегуваше од бањата, Хернан слушна како некој ѕвони на вратата. Отворајќи ја вратата, пред себе ја гледаше Нина која покрај насмевката на лицето држеше букет ружи кои тој ѝ ги подари.
-Не те очекував овде.
-Замолчи. –изусти Нина, и го бутна страсно на креветот и без зборови допушти да ги води чувствата.


Домот на Гладис Ибара

Симнувајќи се низ скалите од полумрачниот подрум каде што скоро немаше никакво светло, Гладис пееше детска приспивна песна додека погледиот ѝ се губеше во далечината. Беше како дух, без никакви чувства полека се приближуваше до прашливите полици на кои стоеја стари кукли. Наеднаш, од куклата на која ѝ недостасуваше едно око, започна да и ја кубе косата и да ја валка по земјата продолжувајќи да пее приспивна песна. Наеднаш како луда започна да зборува сама со себе повторувајќи дека таа не е виновна, дека направила сè што е можно. Замислениот израз на лицето за момент беше језив израз, срцето започна да ѝ чука сè појако додека во раците ја држеше куклата. Вадејќи ја главата на куклата, ја фрли на подот и во очај ја скрши цела полица со играчки. Беше надвор од себе, потполно луда и бесна во својот очај.
Слушајќи мјаукање го усмери погледот кон скалите каде стоеше уплашениот мачор. –Не гледај ме така, Папи! –викна налутено. –Старата кучка го доби она што го заслужува, беше време да се отарасам од неа!
Мачорот продолжи тажно да мјаука како да чувствува дека нешто лошо се случува во оваа куќа, а Гладис, која не можеше да го поднесе неговото цивкање, истрча кон него, го зграпчи и силно го удари во ѕидот.

Домот на Сантијаго ; 22:00ч

Понесен од љубопитноста да дознае нешто повеќе во случајот за смртта на сестрата на Гладис, Сантијаго истражуваше нови податоци на Интернет за несреќниот случај. Некаде во подсвеста беше сигурен дека веќе го познава овој случај, како и самата Гладис, но се чинеше дека информациите му блокираа во меморијата. Проверувајќи ја емаил пораката, лицето наеднаш му се промени. –Ќе морам да и се јавам на Моника за ова. –помисли.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“

Следното утро осамна со дожд но тмурниот ден не го уништи ведриот дух на Нина која беше тотално хиперактивна после поминатата ноќ со Хернан. Моника скоро заспа на нејзината приказна па ја изненади посетата на Сантијаго кој дојде како нарачан. –Оо, г. Згоден Вдовец... -ѝ дошепна Нина на Моника. Сантијаго, кој го слушна нивното дошепнување ја замоли Нина за објаснување на што Моника надодаде да не ги слуша глупостите на Нина.
-Не се глупости, Моника! –наеднаш Нина го промени тонот.
-За што зборувате?
-Ако ти не му кажеш, јас ќе кажам! А гледам дека нема никогаш да се осудиш.
-Нина, јазикот за забите...-ја предупредуваше Моника на која и беше незгодно во целава ситуација.
-Не Моника, пуштија нека каже. Ме интересира што се случува...
-Зар си слеп?!?! –го праша Нина. –Зар не гледаш дека оваа овде венее за тебе и никако не се осудува да признае што чувствува за тебе. Па по ѓаволите луѓе не сте во пубертет!
-Доста беше! –викна Моника наеднаш.
-Не е доста! Повторно ќе се повлечеш како што направи додека студираше? Жено, бори се конечно за себе. Зар секогаш морам јас да ги средувам сите работи за тебе?
-Нина, те молам остави не насамо. –кратко изусти Сантијаго. Додека тој и Моника бледо се гледаа, не знаејќи што да си кажат еден кон друг низ прозорите се лееше дожд кој паѓаше сè појако и немаше намера уште долго да престане...


Крај на 7. епизода

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeЧет Јун 11, 2009 10:43 pm

Читавте: Дознавајќи дека можеби Лукас е вмешан во смртта на Кристина, Сантијаго посакува да се пресмета со него но Моника го предомислува да не направи нешто неизмислено. Нина очајува поради својата нестабилна врска со Хернан, меѓутоа ситуацијата нагло се поправа откако добива поклон од него на св. Валентајн. Сосема случајно, Сантијаго открива несреќа која се случила пред многу години па Моника помислува дека можеби тоа е главната причина поради необичното однесување на Гладис. Добивајќи нов емаил кој носи нови сомнежи, Сантијаго оди кај Моника да ѝ го каже, но разговорот оди во друга насока откако Нина му кажува дека Моника го сака...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 8 (прв дел)

-Зошто никогаш не ми кажа? –ја праша Сантијаго, гледајќи низ прозорот од канцеларијата низ кој се слеваше дожд додека погледот му се губеше во далечината.
-Мислиш дека е толку едноставно?
-Па Моника, се познаваме толку години а никогаш не ми даде до знаење...
-...или ти не сакаше да видеш. –тажно спушти поглед. –Секогаш таа беше помеѓу нас.
-Да не ја мешаме Кристина во ова, те молам.
-Гледаш?За тоа ти зборувам. Секогаш ја држиш на врвот.
-Тоа не е никаква причина да молчиш сиве овие години.
-Беа толку ситуации во кои можев да ти кажам сèно секогаш би се појавила таа и би ми дала до знаење дека никогаш нема да имам шанси додека таа е покрај тебе. Кога веќе не можев да смислам друг начин, сакав барем да го задржам пријателството.
-Не знам што да ти кажам... Никогаш не размислував за тебе на тој начин.
-Нема ни да размислуваш. –изусти Моника. Не можејќи да ги пронајде вистинските зборови Сантијаго ѝ рече дека таквото нешто само би ја загорчила ситуацијата.
-Можеби сепак е најдобро да не се гледаме некое време. –кратко придодаде пред да замине. И покрај тоа што веќе беа зрели личности кои секогаш знаеле да го најдат вистинскиот пат, сега не беа сигурни во она што го прават, како да најдат излез од ситуацијава а никој да не биде повреден.
-И? Што ти кажа? –возбудено праша Нина недолго откако Сантијаго замина.
-Не можам да верувам во какво срање ме вовлече. –помалку луто ѝ потфрли Моника.
-Лути се колку сакаш, но знам дека еден ден ќе ми биде благодарна. –намигна Нина. –А што е тоа? –праша усмерувајќи го погледот кон цедињата кои бае на масата. –Сигурно ги оставил Сантијаго. –се тргна Моника додавајќи дека најверојатно тоа и била причината за неговото доаѓање. –Ми кажа за некои сомнителни фајлови кои ги добил на меилот, сакаше да ми покаже за што станува збор.


Институт за истражување на паранормални појави

Додека Хернан ги превртуваше листовите за записи во еден од старите случаи, Сантијаго куцаше на лап топот кој наеднаш се блокира и му ја избриша цела работа која ја започна од утрината. Откако тоа додатно го изнервира, бесно го фрли лап топот од подот и го скрши во илјада парчиња оставајќи го Хернан вчудоневиден додека бледо гледаше што се случува.
-Што ти се случило што имаш ваква потреба за кршење?
-Не можам веќе! Смртта на Кристина, Гладис, сега Моника... Не можам да го поднесам овој притисок! –ја симна главата очаен бидејќи ништо не му оди при рака. Кога Хернан слушна што се случило помеѓу него и Моника, не изгледаше поприлично изненаден.
-Можеше да се примети, помалку се сомневав што ти сè уште не беше ја приметил нејзината појава.
-Што е сега ова? Сите знаеја освен мене?!
-Не ја познава Моника толку добро, но оној пат кога дојде тука, кога те прегрна... ѝ се гледаше во очите дека не е толку рамнодушна.
-Што да направам? Не можам веќе да ги трпам сиве овие работи...
-Не можам да ти дадам паметен одговор, само знам дека бегањето од целата ситуација нема да го реши проблемот.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 16:30ч


-Тотално си депримирана денес, а? –ја праша Нина гледајќи ја Моника како замислено гледа во пенкалото на столот. –А цедињата? Кога мислиш да му ги вратиш? Тоа ти е добра причина да се видете повторно.
-Не знам, уште не сум ги погледнала.
-И самата го знаеш тоа „подобро да не се гледаме некое време“ нема да реши ништо. Наместо да разговарате како две возрасни личности, ти повторно се повлекуваш. Понекогаш се запрашувам дали се правиш дека си глупа или навистина си!
-Нина! –се издере Моника.
-Што Нина? Па време е да почнеш малце да се грижиш и за себе!
-Доста е... ми треба време.
-Драга моја, го имаш веќе со години а ти секогаш тапкаш по истото.
-Те молам остави ме сама. Морам да размислам за сето ова.
-Нема проблем, само знај дека ќе ти досадувам сè додека не разговараш со него како треба. –ја предупреди Нина излегувајќи од канцеларијата, го зема телефонот и го повика Хернан.
-Ми треба твоја помош околу нешто. –му рече додека во мислите ѝ се моташе една идеја.

Станот на Моника ; 20:30ч

Вечерта се надвиваше над улиците на Буенос Аирес на кои сè уште се надѕираше утринскиот дожд. Моника уморно седна пред телевизорот обидувајќи се да го заборави денешниот ден но колку и да се трудеше да не размислува за тоа, мислите постојано ѝ се навраќаа на утринскиот разговор со Сантијаго. Дали воошто правилно постапи? Дали можеби можеше да се обиде со нешто и да направи поразлично? Гледајќи ги цедињата кои требаше да му ги врати, се колебаше во одлука што да направи.
Од мислите изненадно ја прекина звукот на мобилниот, ѝ се јави Моника известувајќи ја дека ја чека во блиската кафетерија дека мора нешто итно да ѝ соопшти. –Сигурно повторно ќе досадува за Сантијаго. Или ќе ме тормози за проблемите со Хернан. –помисли земајќи ја јакната додека излегуваше од станот.
Влегувајќи во кафетеријата, ја бараше Нина која ја немаше никаде. Баш кога се обидуваше да ѝ се јави и да ја праша што се случува, ситуацијата ѝ стана повеќе од јасна. Гледајќи го Сантијаго подеднакво збунет како бара некого, му пријде и иако некое време размислуваше дали е подобро да се врати назад дома.
-Хернан ми се јави да чекам само овде... не можам да го пронајдам. -ѝ одговори кога го праша што се случува.
-Погоди : Нина ми се јави велејќи ми ја истата работа.
-Сега сè ми е јасно, старата фора со наместување на состаноци.
Иако во истиот момент и двајцата посакуваа да заминат бидејќи не знаеја што да си кажат еден со друг, Сантијаго сепак ѝ предложи да останат на вечера. Беше свесен дека Хернан е во право, колку и да се обидуваше, од проблемот не можеше да побегне. Нивниот разговор таа вечер беше усмерен со поголема доза на истрагата која заедно ја водеа, а утринската тема настојуваа да не ја чепкаат. И покрај тоа што работите беа различни сега кога Сантијаго знае што чувствува таа спрема него, вечерта која ја поминаа заедно во пријателска атмосфера помина попричично добро.
-Сантијаго? –го викна на заминувањето.
-Да?
-Мислиш дека можеме да бидеме пријатело како и досега?
-Би ми било драго... Знаеш дека секогаш ќе имаш посебно место во мојот живот.


(крај на 1. дел)


Последната промена е направена од Bobi на Чет Јун 11, 2009 10:44 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeЧет Јун 11, 2009 10:44 pm

( 2 дел)

Станот на Хернан ; 21:00ч

-Мислиш дека ќе функционира нашиот план? –ја праша Хернан Нина која со заинтересираност ги превртуваше неговите полици.
-Па ако станува збор за Сантијаго, верувам дека да. Само Моника е таа која секогаш сè уништува, па тешко е да се каже... –застана држејќи ја во раката книгата „Промена“.
-Од кога читаш ти такви книги? Мислев дека за тебе се само модни списанија. –му префрли Нина на што Хернан само замолчи. „Foi tentando me afastar, Foi negando o meu amor…“-пееше тивко додека ја разгледуваше куќната библиотека на Хернан.
-„Забранета желба“? –ја праша Хернан.
-Ха?!?! –го погледна малце збунето.
-Таа песна е од...
-Знам дека е! Ја гледаш?! –го праша Нина обидувајќи се да дојде при себе од возбудување.
-Не можам да верувам дека постои уште некој кој го следи ова лудило, повторно имам со кој да ги прокоментирам новите заплети! –дрдореше како во транс. –Јас сум апсолутно најголемиот фан на „Desejo“!
-Од мене не си поголем. –придодаде Хернан пред да се префрлат околу коментирањето на претходната епизода.


Домот на Сантијаго ; 23:00ч.

Иако имаше проблеми преку вратот, Сантијаго после згодната вечер помината со Моника беше задоволен бидејќи успеа колку-толку да ја расчисти ситуацијата помеѓу нив. Пребарувајќи по кутиите во кои се наоѓаа стари слики и документи, наиде на нивна заедничка слика од младите денови. Со насмевка се сети на старите денови па ја стави сликата во рамка и ја стави на креденецот на Кристина.
Кога планираше да ја остави кутијата назад, на очите му привлече една стара валкана книга. Беше тоа неговиот алманах од средното училиште на кое потполно заборави. Со заинтересираност ги гледаше страниците на неговите стари школски враќајќи си ги мислите во периодот на средното школо во кое немаше толку грижи како сега. Беше интересно да се потсети на сите тие лица кои некогаш ги познаваше и ги гледаше секој ден. Радоста нагло му спласна од лицето кога препозна една личност од сликата. Под фотографијата на бледата русокоса девојка со изразени очи стоеше едно име – Гладис Ибара. –Невозможно... –застана на момент кога во мислите конечно му се врати сеќавањето кое досега му беше блокирано. Конечно сфати зошто Гладис му се чинеше толку позната, а гледајќи дека одела втора година, му беше јасно и зошто од една страна заборавил на неа. Беше тоа таа неприметливата, повлечена девојка која се губеше во масата други луѓе и никогаш не успеа да дојде до израз. Сепак, секогаш била тука некаде, во негова близина.

Следниот ден ; 18:00ч


Доаѓајќи пред куќата на Сантијаго, Моника за момент застана запрашувајќи се дали ќе беше подобро да ја пратеше Нина да му ги вратеше цедињата. Но откако дозна дека фајловите во цедињата биле шифрирани и се чинеше невозможно да се открие што има на нив, одлучи да му ги врати лично. Пред да заѕвони, погледот ѝ одлета на соседната куќа каде што на прозорот се отсликуваше женски лик. Кога се сети дека таму живее Гладис, не ѝ беше потполно сеедно. Ни после подолго време, ликот од прозорот и понатаму не се мрдаше па набргу го скрена погледот на другата страна. –Фрикови. –помисли.

Кога конечно заѕвони, никој не отвараше па се запраша каде ли заминал Сантијаго бидејќи во саботините не работеше. Ѕирна љубопитно низ прозорот во внатрешноста на куќата и проверуваше да дознае дали има некој внатре. Наеднаш, на ѕидот кој водеше до подрумот се појави нечија сенка која веќе после неколку моменти од звукот на вратата исчезна. –Сепак има некој внатре... –утврди додека работите ѝ стануваа сè по сомнителни.
Отварајќи ја вратата со клучот кој го имаше уште откако Кристина ѝ нареди да ги среди фотографиите од неа и Сантијаго, тивко влезе внатре внимавајќи да не направи нешто непромислено. –Ќе биде најдобро да ги оставам цедињата и да заминам дома. –одлучи и се доближи до блискиот ормар на кој стоеше ламба. Со невнимание, ја повлече ламбата која во истиот момент се скрши на парчиња. –По ѓаволите, сега ќе знае дека бев овде! –брзо почна да ги собира парчињата кога виде нешто што ја престраши. Под рацете виде црн мал предмет кој очигледно беше добро скриен во скршената ламба – Камера? Се прашувам дали Сантијаго знае за ова... –се тргна и започна да ја прегледува просторијата да провери дали постои уште некаде во куќата од минијатурните камери. Пронајде уште две, една во спалната соба а другата во купатилото.

На прв поглед во полумрачниот подрум немаше ништо необично, непотребни работи изложени на полиците заедно со старите книги. Почувствувајќи чуден допир под нозете гласно извика и наслонувајќи се на една од полиците, успеа да се задржи на нозе. Кога слушна мјаукање, ја погледна мачката и се запраша што прави напуштената мачка овде. Се сожали над мачката кога виде дека едната нога му е скршена. Нежно го зема за рацете и одлучи да замине од подрумот но во истиот момент полицата на која беше наслонета произведуваше гласен звук на шкрипење. Моника остана шокирана гледајќи дека позади полиците постоеше уште една врата, за која Сантијаго сигурно не знаел. Отварајќи ја вратата не виде ништо освен мрак па со себе ја зема една од батериските светулки од полицата и го осветли просторот кој се наоѓаше од другата страна. Откако виде дека просторијата нема крај, сфати дека е подобро да го повика Сантијаго пред да продолжи.
-Моника?
-Сантијаго, мораш веднаш да дојдеш дома!
-Моментално со Хернан средувам некои работи... Чекај малце, од каде ти во мојата куќа?
-Сакав да ти ги врата цедињата кои останаа кај мене, не планирав да влегувам... Не е важно! Се чини открив каде исчезнува твојот „дух“!
Беше шокиран кога му кажа за тајниот влез и камерата која ја пронајде во неговата куќа.
-Се чини дека од неодамна кражбата на не послужи само за прстенот! Видливо е дека влезот не е толку одамна направен, сигурен сум дека и камерите се поставени на денот на погребот.
-Доаѓам одма! –кратко рече и веднаш ја прекина врската и појде кон дома.
-Нешто се случува, Сантијаго? –праша Хернан.
-Се чини дека конечно ќе добијам одговори на толку прашања.
-Доаѓам со тебе! –му предложи Хернан па двајцата се упатија кон домот на Сантијаго.


Иако му вети на Сантијаго дека ништо нема да прави додека не дојде, љубопитноста беше појака од неа и ја привлече да влезе во просторот кој се наоѓаше позати скриената врата. Запалувајќи го свелото откри дека преминот е обложен со даски, овозможен за одење. Мачката некое време се наслонуваше на другата страна, но Моника цврсто го држеше за рацете да не побегне. Наеднаш, мачката се тргна од нејзините раце и отиде назад во подрумот, а кога тргна по него, вратите нагло се затворија.
-По ѓаволите! –сфати дека вратите се заглавија и не ѝ преостануваше ништо друго него да го пронајде излезот од другата страна. После неколку минути одење по преминот за кој не претпоствуваше каде води, конечно ја пронајде другата врата, крајот на скриениот ходник. –Каде жити бога тој се вселил?! –се запраша, уште збунета бидејќи целата ситуација ѝ се чинеше повеќе од претерана. Откако вратите веќе беа пола отворени, не се предомислуваше дали ќе влезе.

Влегувајќи во просторијата, виде подрум налик на оној на Сантијаго. Кога почувствува грозна смрдеа, едвај се држеше да не поврати а срушените полици, расфрланите кукли и прашливите ѕидови ја наведија да се запраша каков ли монструм живее овде. Газејќи преку расфрланите работи, го отвори малиот прозот на врвот од ѕидот за да добие свеж воздух и да ја прочисти запуштената просторија.
Кога ја виде куќата на Сантијаго преку патот, не ѝ требаше многу време да сфати каде се наоѓа – беше во подрумот на Гладис!
Внимателно излезе од подрумот и се упати кон другата просторија, надевајќи се дека нема да ја пронајде психијатарката дома. Секој нов чекор кој се ширеше низ целата куќа стануваше сè појак, а во еден момент повторно го повика Сантијаго.
-На патот сум до дома, Хернан и јас доаѓаме за десет минути.
-Се наоѓам во куќата на чудакот. –тивко одговори додека ја проверуваше просторијата дали ќе пронајде излез.
-Кај Гладис? Не разбирам...
-Не ни знаеш во какво легло си се доселил, преминот води право во куќата на лудачката. Сега сè е јасно! Конечно знаеме кој оперирал по твојата куќа и изигравал наводен „дух“!
-Моника, излегувај од таму пред да биде доцна!


Отварајќи ја вратата од спалната соба на катот, смрдеата стануваше неподнослива што беше доволен знак дека причината се наоѓа овде. Погледна лик на постара жена завртена према прозорот и полека се приближубаше не знаејќи што да каже. –Значи, таа цело време ја следела куќата на Сантијаго... Откако беше очигледно дека старицата не ја виде, помисли дека е најдобро да замине дома додека не влезе во нови проблеми. Сепак, желбата да ја праша старицата која е причината за нејзиното необично хоби, ја присили да остане.
После неколку прашувања на кои немаше одговор, телото изненадно падна на земјата во језив и ладен момент по што лицето на Моника во тој момент болн се згрчи, пробледна, сакаѓше да врисне но не успеа да изусти ни глас. На земјата се наоѓаше телото во полураспадната состојба на кој летаа рој муви и помалку се превараше во коски.
Моника ужасната го испушти мобилниот од раката додека од другата страна линијата Сантијаго прашуваше што се случува. Брзо се симна назад во подрумот, во транс обидувајќи се да пронајде излез од пеколото во кој се најде. Нагло застана трчејќи во подрумот.
-Како и секогаш, се мешаш таму каде што не ти е местото. –ладни изусти Гладис додека во очите и се слеваше огорченост.

Крај на 8. епизода


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeЧет Јун 18, 2009 1:46 am

Читавте: Моника одлучува дека е најдобро декое време да не се гледа со Сантијаго но заблагодарувајќи се на планот на Нина, сфаќа дека нејзината замисла сепак е неостварлива. Отпочеток го воспоставува своето пријателство со Сантијаго, додека врската на Нина сè повеќе напредува, откако пронаоѓаат заедничка тема. По игра на случајност, Моника открива скриени камери во куќата на Сантијаго и подземен премин кој води од неговиот подрум до куќата на Гладис. Конечно дознава дека Гладис била таа која цело време изигравала наводен дух, а запрепастувањето станува уште поголемо по откривањето на полураспаднатото тело. Баш кога се обидува да побегне од пеколот во кој се најде, на патот ја среќава Гладис...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 9 (прв дел)

-Беше толку очигледно дека ти си причината за сето ова... –изусти Моника помалку преплашено гледајќи право во очите на Гладис.
-Веќе ме чудеше дека Големата Моника нема да открие што се случува. –ладно ѝ одговори психијатарката. –Каква штета. Баш сега кога ја знаеш целата вистина, ќе морам да се погрижам за тебе.
-Ќе ме убиеш како што ја уби и старицата?
-А што очекуваше? Дека ќе одиме на игранка?
-Тебе ти треба психијатарска помош... –погледна бледо Моника. –Само најголем монструм може да го направи она што ти го направи!
-Остави ја мојата мајка! –нагло се приближи кон Моника. –Таа го доби она што го заслужуваше, беше време да наплатам за теретот кој го носа цел живот.
-А Сантијаго? Што ти направил тој толку грозно што вака му се одмаздуваш?
-Сантијаго е идиот како и сите други, ме напушти тогаш кога најмногу ми требаше... Најпосле, не гледам причина зошто тебе ти го објаснувам тога. Глупа си еднакво како и тој кога не сфаќаш дека цело време настојувам да ви помогнат.
-Помош?! Каква помош? –беше збунета Моника. –Валкајќи ја смртта на неговата свршеница, поставувањето на камери, одејќи како некој психопат?
-Па морав да имам некаков надзор на Сантијаго за да можам да го спроведам планит. Те сметав за помудра, Моника. Но очигледно не сме на иста должина... –кисело се насмевна.
-Ако ти си била таа која ги оставаше трагите... Тогаш знаеше кои се „тие“.
-„Тие“ ја убија Кристина! Доволно? Зар уште не сфаќаш дека цело време настојував да ви укажам на убиец, но како и обично вие цело време скренувате од вистинскиот пат. Да не се чепкате него да ги следите трагите, сè ви беше јасно.
-Ова нема смисла... –вознемирено рече Моника замавнувајќи со главата. –Ако знаеш кои се виновниците... Зошто тогаш се обиде виновноста да ја префрлиш на мене?! Зошто едноставно не ги пријавиш?
-Мислиш дека е толку едноставно? –се насмевна Гладис додека нејзината лудачка насмевка се одѕеваше низ просторија. –Тие се насекаде, би се решиле од мене ако го мрднам прстот. А тебе требаше да те снема од патот за помирно да го спроведам планот. Секако, не ми беше намера да те пратам на доживотна робија, не сум таква кучка. Мал црв сомнеж беше доволен Сантијаго да престане да ти верува засекогаш. Но како што реков... идиот е како и сите други.
-Дали си воопшто свесна дека ќе платиш за сето ова?
-Кога ќе се решам од тебе, чисто се сомневам дека некој ќе дознае за ова.
-Сантијаго и Хернан се веќе на пат до овде. Што и да правиш, помири се со тоа дека немаш излез. –изусти и почувствува изненадна храброст во својот глас.
Злокобната насмевка на Гладис наеднаш доби горчлив израз давајќи ѝ знак на Моника дека веќе ни секунда не смее да остане овде. Брзо истрча спрема вратата настојувајќи да побегне, но пред да истрча од подрумот, Гладис ја дофати металната шипка која ѝ дојде при рака и ја удари Моника по тилот. Во истиот момент таа се најде на земјата во несвест додека Гладис бледо гледаше во нејзиното тело.
-Морам да го исчистам ѓубрето. –помисли настојуваќи да остане при себе, и неколку моменти подоцна, ја довлече Моника во соба оставајќи ја онесвестена на подот. Пред да излезе од собата, ја зема кутијата во која го чуваше пиштолот. –Фала ти што ме предупреди, драга. –се насмевна насмерувајќи го погледот кон телото на Моника.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“

Нина уморно издиши влегувајќи во редакцијата за да земе некои хартии кои ги остави вчера во канцеларијата. Беше сита од ова место, како цела недела овде да не ѝ беше доволно, па сега уште требаше да се враќа и за викендите. Просторот кој преку неделата беше исполнет со луѓе, сега изгледаше пусто, празно, скоро непрепознатливо. Наоѓајќи ги хартиите кои ги бараше, брзо се упати кон излезот, но наеднаш застана. Ѝ се причина дека некаде слуша гласови па застана на момент да провери дали само било замисла. Сепак, не се лажеше. На дното на ходникот кој водеше во канцеларијата на Лукас, навистина се слушаа нечии гласови. Беше свесна дека е подобро да не се меша таму каде што не ѝ е местото, но љубопитноста ја одвлече кон канцеларијата од каде што допираа гласовите. Тивко прислушкуваше покрај вратата и ги препозна машките гласови, беа повеќе, можеби 4/5 а меѓу нив беше и Лукас. Не можеше да слушне за што разговараат но сериозниот тон кој излегуваше од неговите зборови, а недолго после и името на Кристина во нивниот разговор, ги испушти клучевите кои ги имаше во рацете и произведе гласен звук.
Гласовите наеднаш замолчија, додека еден од нив помалку налутено праша дали има уште некој во канцеларијата. Нина набргу истрча сфаќајќи дека можеше убаво да се снајде ако дознаеја дека беше овде, а после неколку моменти, Лукас полека излезе од канцеларијата, и внимателно провери дали имаше некој во канцеларијата.
-Нема никој, веројатно само ветерот ја прави буката. –кратко кажа и ја затвори вратата.

Домот на Гладис ; 19:00ч

Вечерта полека паѓаше кога Хернан и Сантијаго застанаа пред куќата на Гладис и брзо влегоа внатре да видат што се случува. Знаејќи дека психијатарката е спремна на сè, на Сантијаго не му беше сеедно мешањето на Моника во истрагата без ничија помош, а со тоа уште повеќе се изненади кога ја прекина телефонската врска последниот пат кога се слушнаа. На самиот влез, ги дочека отворена врата па целата ситуација на Хернан му се причина поприлично сомнителна.
После краткиот предлег во кој не ги затекна никој, Сантијаго беше уверен дека нешто не е во ред. Кога се упатија кон собата на катот, изненадно Гладис им се препрече на патот.

-Оо, види кого имаме овде... Неплашливата двојка! –се насмевна додека од очите ѝ се лееше лудиот поглед.
-Каде е Моника?
-Драги Сантијаго, не верувам дека дојдовте овде да разговараме за неа.
-Каде е?!
-Па... Да кажеме дека ја пратив кон патот во слатките соништа. На некое време.
-Како може да бидеш такво гомно...
-Еј, снижи го тонот! На тој начин нема да разговараме.
Баш кога Сантијаго тргна спрема Гладис, психијатарката наеднаш му го впери пиштолот него и на Хернан.
-Не би ти препорачала да одиш понатаму.
-Не можам да верувам со каков монструм имав работа. Кога само ќе се сетам дека ми делеше совети... Сфаќаш ли воошто дека те плаќав за сето ова што го правиш?„
-Те молам, скрати! Не ми е до тие патетички срања во овој момент. Животот е многу поголема кучка него што мислиш, драг мој.
-Гладис, спушти го тој пиштол и да завршеме веќе еднаш со ова. –се вмеша Хернан настојувајќи да остане мирен.
-Ти замолчи, курвинско ѓубре! Не знам како воошто имаш образ да изиграваш нешто што не си... Сантијаго, само да знаеш што ти правеше позади грб твојот наводен пријател.
-За што зборува таа? –го скрена погледот кон Хернан кој остана без зборови. –Хернан, по ѓаволите, што зборува таа?!
-Гледам дека на твојот пријател мачката му го изеде јазикот, така да јас ќе ти кажам.
-Гладис, јазикот за забите. –очајно велеше Хернан.
-Твојот предраг пријател Хернан им припаѓа на „Тие“, Сантијаго!
-Ма што ти тоа...
-Хернан многу добро знае кој се погрижи Кристина да исчезне од лицето на земјата! Па и како нема да знае, кога е еден од нив.
-Ја изврте цела приказна, не верувај ѝ! Никогаш не се сложив со тоа што го направија...
-... но знаеше! Додека јас лудачки се обидував да го пронајдам виновникот, ти цело време знаеше!
-Колку тажен распад на пријателство...-лудо се смееше Гладис гледајќи како нестрпливоста помеѓу Хернан и Сантијаго станува сè поголема. После неколку моменти тишина, Гладис изусти дека Лукас бил главниот кој се „погрижил“ за Кристина.
-Тој и Хернан се познаваат одамна, само тоа многу добро го криеја.
-Сите... сите ме лажеа.
-Тажно, зар не? Сега би требало да те жалам, но гледаш, никогаш не бев расположена за тие емотивни срања.
-А „тие“? Настојуваше да се решиш од нив оставајќи трагови на мене?
-Беше тоа сосема добар план; ти би го ставил виновникот за смртта на Кристина позади решетки, а јас конечно би живеела во мор. Не можев веќе да го трпам притисокот кој го вршеа над мене откако открив во што се вмешани... Не гледаш дека имаме исти интереси?
-Немам ние никакви заеднички интереси со пореметени личности! Навистина немаш никаков срам тоа што се осуди да си поигруваш со смртта на Кристина...
-Кристина беше една обична кучка. Мислиш дека ја тргнаа без причина?
-Нејзе нема да ја мешаме во ова!
-Питај го драгиот пријател Хернан за причините зошто ја убија. Ајде! Или се плашиш дека би можел конечно да сфатиш дека Кристина не била толку совршена како што отсекогаш мислеше?
-Доста беше! –се разбесни Хернан не можејќи веке да го издржи притисокот кој го чувствуваше во тој момент. Се упати кон Гладис но таа ладно го испали куршумот кој го погоди во рамото. Со болн извик се сруши на земјата а околу него се ствараше локва крв.
-Убаво ве предупредив да не ми се приближувате. Сакаш да бидеш следниот, Сантијаго?
-Те жалам. Не те сметам за виновна за тоа што си ваква... Да изгубиш блиска личност во толку рана доба на секој би му оставил последица.


(крај на првиот дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeЧет Јун 18, 2009 1:47 am

(втор дел)

Тие зборови ја тргнаа Гладис од лудилото. Сеќавањата кои ја прогонуваа целиот живот, кои толку се трудеше да ги заборави, болеа повеќе од секогаш. На лицето и се појави солза која набргу ја избриша не допуштувајќи да биде слаба.
-Дали ти воопшто знаеш за болка? Целиот живот сè ти било при рака, сите те сакале, те прифаќале... а јас... ме оставија сама како последно гомно.
-Никој не е крив за тоа што си била осамена, за тоа што немаше пријатели ни во школо.
-Дури сега се сети дека ме познаваше од некаде...-спушти поглед која се повеќе ја исполнуваше со тага.
-Едвај се познававме, што по ѓаволите требаше да направам?!
-Не се ни сети дека едно време бевме и пријатели... Се потпрев на тебе, помислив дека ќе бидеш тој кој ќе ми помогне да ја заборавам Каролина а тогаш... Кога сите други те навредуваа со каков психопат се дружиш, ме напушти како и сите други.
Гладис се обидуваше да се воздрши на емоциите кои се обидуваше да ги зачува во себе, не можеше да ги скрие. Го спушти пиштолот од рацете, додека од лицето и се слеваше река од солзи. Сантијаго не ги пронајде вистинските зборови со кои би и се извинил. Еден, за него скоро небитен настан на кој заборави, ја натера Гладис да има толку горчина, бес и тага која и се собираше сите овие години.
Дури сега, после толку несреќи, виде дека се однесуваше како обично ѓубре спрема личноста за која и требаше утеха. Ја прегрна додека во очај го покриваше лицето со рацете настојувајќи да ги покрие солзите.
Недолго потоа се слушна звук од сирена која доаѓаше од улицата. Гледајќи ја полицијата пред куќата, Гладис панично се тргна од прегратката на Сантијаго и се обиде да побегне но ја прекина на време. –Кој ги викна, по ѓаволите?! –како во транс се издере додека срцето брзо и чукаше. Неколку моменти подоцна, на врвот на столбот се појави Моника држејќи го мобилниот во раката.
Во моментот кога полицијата насилно ја одведи Гладис, стигна итна помош која мораше да се погрижи за Хернан. –Во шифрираните датотеки лежи цела вистина. –дофрли Гладис пред да ја одведат. –А клучот се наоѓа на парата од еден долар.
Пред да успее нешто да ја праша, полицијата брзо ја одведе. Знајќи дека единствено Гладис може да открие што се крие во мистериозните датотеки, сфати дека мора што побргу да разговара со неа. После толку лаги, време е конечно да се открие целата вистина.

-Моника! –и пријде Сантијаго додека полека излегуваше од куќата. Почувствува огромно олеснување знаејќи дека не и се случило ништо сериозно.
-Те молам, прегрни ме. –изусти додека во очите и се надзираше солза. –Не можам повеќе сама... Стоеја така некое време прегрнети заборавајќи на се што се случуваше околу нив, посакаа оваа ноќна мора конечно да заврши. Знаејќи што чувствува Моника кон него, овој пат имаше други чувства. Овој пат не беше онаа пријателска прегратка, нешто се менуваше во него, и покрај тоа одбиваше да го прифати.
-Што ќе биде со Хернан? –го праша.
-Ни самиот не знам... Толку години го сметав за пријател додека тој малку по малку ми го пикал ножот во грбот. Она утро кога го затекнав во подрумот... сигурно ја открил целата приказна за Гладис со духот но ми премолчи. Се прашувам дал некогаш во мене гледал пријател.
-Сега е сосема јасно кој и се јавил на Гладис за анализата на лековите. Очигледно и помагал и претходно...
-Колку меѓусебно си помагале, толку и не се поднесувале. Го замразила од моментот кога дознала дека е еден од „Тие“. На крајот на краиштата, можеби и не ја сметам за толку виновна... Можеби во мене гледала единствен излез да се реши од лудаците кои и го уништувале животот.

Нивниот разговор го прекина доаѓањето на Нина која збунето гледаше што се случува околу неа.
-Моника, што се случува? –вознемирено праша Нина. –Се загрижив кога не ми се јави. Моника не изусти ни збор кога погледот на Нина се тргна кон телото на Хернан кое го носеше итната помош. –Не! Не него! –врисна. –Ќе биде најдобро да појдеш со неа. –и предложи Сантијаго на Моника.


Полициска станица ; 22:00ч

При доаѓањето во станицата, полицискиот инспектор го праша Лукас по кој повод доаѓа ваму.
-Гладис Ибара. –кратко му одговори.
-Жал ми е г. Санти, но посетите не се допуштени. Случајот е знаете, специфичен... -започна да објаснува иснпекторот но кога Лукас му даде необичен подарок во раката, застана за момент.
-Аха, така. Се извнинувам за недоразбирањето, овој пат. –рече помалку нервозно инспекторот и го упати Лукас спрема ќелијата каде што беше Гладис.
-Што работиш овде? –вознемирено се тргна кога го виде Лукас.
-Какво е тоа прашање? Па доаѓам во посета, не сум бап толку безобразен како што мислеш. Сигурно знаеш дека си ни толку важна.
-Се лажиш ако мислеш дека овде е крајот, со среќа ќе го дочекам денот кога конечно ќе паднете. Ти, Хернан и сите други по ред...
-Таа сцена нема да ја доживееш.
-Сантијаго веќе знае за се. –се насмевна. –А и она што не го знае, ќе му го раскажам. Ти кажав дека не знае со кој си имаш работа. Би било подобро да не се мешате со мене.
Во тој момент Лукас го повика стражарот и му заповеда да ја отвори вратата на ќелијата. После што стражарот послушно ја изврши неговата наредба, полека влезе внатре и се приближи кон Гладис бледо го гледаше. –Што тоа..? –го праша на што злобно ја погледна. Веќе во следниот момент се најде во нејзините раце додека од вратот и се надзираше зелена течност.
-Ова е „нашиот“ мал подарок за тебе. Чисто да се осигураме дека отсега па натаму ќе молчиш како гроб.


Станот на Моника ; 22:30

-Извини што доаѓам овде толку доцна, но сакав да видам дали е се во ред. –рече Сантијаго на влезот од станот на Моника.
-Ма слободно влези, баш ми требаше нечие друштво. Вратот веќе не ме боли, само се уште сум доста потресена.
Разговараа до касноз а заеднички теми, настојувајќи, со самиот факт дека се еден покрја друг, да се смират и да заборават на она што се случи.
-А Нина? –ја праша.
-Не можеш ни да замислиш. Никогаш не сум ја видела таква. Таа беше личноста која секогаш ширеше оптимизам, радост, добро распложение, а сега... Непрепознатлива е. Потполно ја скрши ова, не сакам ни да и спомнувам дека Хернан е вмешан во смртта на Кристина.
-Подобро и да не знае ништо додека ситуацијата не се смири.

Нешто подоцна, Сантијаго спомна дека му било премногу страв да не и се случи нешто и дека не би сакал понатаму да се меша во понатамошната истрата, поради нејзина сигурност. Моника на тоа му призна дека сака да помогне заради случајот да се реши што побргу и дека нема причина од толку грижа. Тогаш на момент застанаа и се погледнаа без зборови, се чинеше дека ги изгубија сите теми за разговор. Иако и понатаму беа пријатели, Сантијаго сакаше да разговара за темата која упорно ја одбегнуваа. Меѓутоа, не се осудуваше сметајќи дека би можел да и направи незгодна ситуација на Моника. Таман кога сакаше да оди дома, изненадно го фати за рака по нежната кожа која се согласуваше со неговото тело.
Додека така двете суштества стануваа едно, ѕвездите ја осветлуваа ладната ноќ која за нив беше една од најубавите во животот.

За тоа време, на мрачниот пат се наоѓаше нечија фигура која гледаше во прозорот на станот на Моника. Некое време стоеше непоместувајќи се, а тогаш изненадно избега во темната зимска ноќ.

Крај на 9. епизода
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeПет Јун 19, 2009 2:31 am


ПОСЛЕДНИ ТРИ ЕПИЗОДИ ОД ПРВАТА СЕЗОНА! НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

-ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ-

Другата страна на животот Slikawh7
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitimeСре Јун 24, 2009 9:52 pm

Не пропуштајте ги последните епизоди од првата сезона на вашата омилена новела
„El otro lado de la Vida“


Читавте
: Кога сфаќа дека Гладис била единствената причина за сите случувања кои му се случија на Сантијаго во последно време, Моника се обидува да побегне но Гладис ја застанува. Додека Хернан и Сантијаго ја извлечуваат Моника од неволјата пред да стане многу полошо, Нина во игра на случај дознава дека Лукас има состанок со сомнителни личности. Во караница со Гладис, Хернан останува ранет, а Сантијаго останува вчудоневиден кога дознава дека и тој е еден од личностите кои се вмешани во смртта на Кристина. Најнакрај, заблогадарувајќи ѝ се на Моника, полицијата ја апси Гладис но веќе истата вечер во полицискат станица ја посетува Лукас во намера да се осигура дека понатаму психијатарката ќе го држи јазикот за забите. Сантијаго почнува да сфаќа колку всушност му значи Моника и после една сосема пријателска вечер...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ

Епизода 10 (прв дел)

Над улиците на Буенос Аирес полека се појавуваше сонце наговестувајќи топол ден кој и не беше сосема вообичаен за овој период од годината. Додека повеќето луѓе сè уште спиеја, Сантијаго замислено ја гледаше Моника која беше во длабок сон. Во тој момент на тишината и мирот се потсети на еден од последните утра кои ги поминуваше со Кристина.
-Можеби и навистина е време да продолжам понатаму. –помисли уверувајќи се притоа дека ноќта со Моника му беше нешто најдоброто што му се случило во последно време. Иако не беше сигурен за чувствата спрема неа, погледна дека нема причина да не се обиде да започне нова врска.
-Што правиш? –праша Моника будејќи се со насмевка на лицето.
-Те гледам.
-А да? Мора вака поспана да изгледам како вампир...
-Молчи... изгледаш преубаво. –придодаде и бакнувајќи ѝ докажа дека е спремен за многу повеќе од врска за само една ноќ. Нивниот бакнеж го прекина доаѓањето на мачката која тивко се најави и застана гледајќи во нив. –Некој е заинтересиран утринава. –рече Сантијаго кога целата ситуација им се чинеше смешна.
-Ми беше жал да го оставам таму, и онака кутрата мачка не е крива за ништо. –изусти Моника при што Сантијаго додаде дека е малце бизарно, но мачката беше таа заради која што се откри целата збрка околу психопатот. На заминување, придодаде дека во план му е да отиде во полициската станица за да дознае нешто повеќе, беше уверен дека Гладис конечно ќе му признае сè.


Општа болница „Buenos Aires“ ; 11:05ч.


Утрото веќе го наговестуваше својот крај додека Нина, прилично уморна, уште спиеше во каучот во собата на Хернан. Иако знаеше дека не може ништо да направи за да му биде подобро, не сакаше да се одвојува од него надевајќи се дека во секој момент би можел да се разбуди.
-Г-це, ви препорачувам да појдете дома и да се одморите. ѝ рече дежурниот доктор сфаќајки дека цела вечер не склопила ни око.
-Се грижиме за него најдобро што можеме, ќе ви се јавиме доколку дојде до некакви промени. И покрај неговите совети, не сакаше ни за момент да се одвои од Хернан. Како да се плашеше дека ќе се случи она најлопото доколку си замине дома. Тажно го скрена погледот на неговото бледо лице и посаката сето ова да помине, повторно сè да биде во ред. -Знаеш, кога ќе оздравиш... –изусти тихо настојувајќи да ја прикрие тагата во својот глас- ... ќе одиме заедно. Ќе видеш колку лудо ќе ни биде во Бразил. Нас... Заедно. –се насмевна бледо. Ги склопи очите настојувајќи дека ќе заборави на грдите работи, но изненадно се стреси кога почувствува допир на нејзините раце.


Полициска станица ; 12:00ч.

Влегувајќи во полициската станица, Сантијаго чувствуваше дека конечно ќе дознае кои се мистериозните ликови за кои психијатарката толку зборуваше, дека конечно ќе му ги дадат одговорите и на низ други прашања за кои не виде решение.
-Гладис Ибара, итно е. –изусти очекувајќи дека еден од чуварите ќе го упати кон ќелијата во која се наоѓаше таа. Меѓутоа, дочека ладен туш. –Побегна ноќеска, уште се обидуваме да и влеземе во трага.
Не можеше да верува на она што го слуша, баш кога беше при целта, повторно сè падна во водата.
-Како по ѓаволите можело такво нешто да се случи?!
-Се обидуваше уште да утврдиме што точно се случило.
-Не се обидувате ништо! Како воопшто можете да бидете толку неспособни!
-Слушајте, подобро ви е да не правите сцена...
-Не ме известувавте што се случува! На што ви изгледа ова вас, игра?!
Во разговорот набргу се вмеша и инспекторот и го оддалечи Сантијаго од полициската станица предупредувајќи го дека со таквото однесување нема никаде да стигне.
-Ќе Ви се јавиме откако ќе ѝ влезиме во трага. Дотогаш, Ви препорачувам да оладите малце. –додаде инспекторот чија рамнодушност го остави Сантијаго бесен и истовремено зачуден.


Општа болница „Buenos Aires“

-Побрзав овде откако ми се јави. –возбудено рече Моника на доаѓањето во болницата и ја прегрна Нина која беше надвор од себе од среќа.
-Ни самата не знам како се пробуди. Цела ноќ немаше никакви знаци дека состојбата ќе му се подобро и тогаш наеднаш... Не можам ни да ти опишам какво олеснуваше чувствувам.
-Драго ми е што сè е во ред, ужасно ми беше да те гледам така потиштена...
-Знаеш... Сфатив дека Хернан ми значи многу повеќе од тоа што мислев. Ваљда така е тоа, дури кога ќе изгубиш нешто почнуваш да сфаќаш колку всушност ти значи. Присетувајќи се дека Нина сè уште не ја знае вистинската вистина за Хернан, Моника дојде во искушение дали да ѝ признае што всушност се случува. Сепак, гледајќи ја пријателката среќна, немаше доволно храброст да се осуди да ѝ ја расипе среќата.
-Потполно те разбирам, истото ми се случи со Сантијаго.
-Ма да? Ти тоа мене сакаш да ми кажеш дека имало некакви промени? –љубопитно праша Нина по што на Моника не ѝ преостануваше ништо друго туку да ѝ ја раскаже приказната за ноќта која ја помина со Сантијаго. Баш кога разговорот стануваше поинтересен, на Моника ѝ заѕвони мобилниот, ја викаше Сантијаго. После неколку моменти тишина, бледото лице на Моника даде знак дека нешто не е во ред.
-Што се случило? –сомнително праша Нина.
-Гладис побегнала. –изусти загрижено Моника и при заминувањето ја предупреди Нина да се пази поради тоа што кој знае на што сè е спремна лудачката.


***
Полека се приближуваше вечерта додека Нина, исцрпена и уморна, спиеше на клупата во ходникот на болницата. Во меѓувреме, скоро неприметливо низ ходникот помина Лукас внимавајќи да не ја пробуди Нина и после неколку моменти се најде во собата на Хернан.
-Гледам дека си и повеќе од добро. –рече Лукас на влезот додека Хернан беше изненаден од неговата посета.
-Нина е надвор, како ти паѓа напамет да дојдеш ваму? Знаеш дека не смееме да се изложуваме на опасност...
-Во што е проблемот? Загрижен си дека женската ќе открие што правиш? Не залажувај се, знаеш дека кога-тогаш ќе дознае. Впрочем, ме чуди што Моника или Сантијаго уште не ѝ рекле.
Зборовите на Лукас го погодија Хернан повеќе од што очекуваше. Иако и самиот знаеше дека е неизбежно Нина да ја дознае вистинската вистина за него, како да сепак се надеваше потајно дека тоа можеби никогаш нема да се оствари. Самата помисла дека Нина би можела да го остави, го стегна во срце и му ствараше незгодно чувство на празнина.
-Што воопшто те носи ваму?
-Дојдов да те предупредам да се воздржиш од понатамошните испитувања на Сантијаго. Веројатно ќе бара од тебе да му раскажеш сè до последен детаљ. Препоставувам дека веќе и самиот знаеш дека не смееш на ништо да кажеш што би можело да го ја загрози нашата положба.
-И мислев дека причината на твојата посета не е загриженоста за мојата здраствена состојба.
-Па не сум баш толку безобразен, патем дојдов и да те видам. Би требало и сам да знаеш дека Големиот Архитект бара грижа за нашите најверни членови.
-Мислам дека не сум јас тој за кој би требало да се грижите дека ќе презборам нешто што не смеам. Гладис веќе половина дел му го кажа на Сантијаго...
-За неа се погриживме, таа веќе не ни е закана.
-Што би требало да значи тоа?!
-Тоа што реков, остатокот наскоро ќе до знаеш и сам. Него, она што нас не загрижува и твојата кукавичка слабост. Многу добро знам што сакаше Ибара да направи а мудро молчеше цело време.
Хернан не се осуди ништо да одговори туку плашливо го скрена погледот.
-Немаш ништо да кажеш? Допушти да се обидат да нè уништат а ти немаш што да кажеш? Интересно... Само биди свесен за една работа: ако се осудиш уште еднаш да го издадиш братството, не само дека ќе платиш со својот живот туку и твојот драг пријател Сантијаго ќе заврши на ист начин.
Додека тие двајца и понатаму се расправаа, не ни приметија дека од другата страна на вратата Нина го слушаше нивниот разговор. Во прв момент нејзе не ѝ беше јасно за што зборуваат, но кога се присети на состанокот на Лукас со сомнителните луѓе, пробледна. Како во транс, ја грабна торбата и истрча надвор.


Станот на Моника ; 20:30ч

-Постојано ѕвонам и секогаш истиот одговор – нема нови траги. –беснееше Сантијаго разочаран од неодговорната полиција.
-Уште не ми е јасно како воопшто успеала да побегне. Па по ѓаволите, зар толку неспособни работат таму? –се прашуваше Моника земајќи ја мачката во раката.
-Нешто е чудно овде... Баш кога требаше да се открие сè, таа исчезнува.
-А можеби „оние“ за кои толку се плашеше... Можеби тие имаат врски со нејзиното бегство? Ако воопшто беше бегство...
Нивниот разговор го прекина ѕвончето на вратата па Моинка се упати да провери кој доаѓа во ова време. Се изненади кога на вратата ја погледна Нина која нервозно рече дека мора да разговара со неа.
-Вие знаете, зар не? –помалку уплашено ги праша Моника и Сантијаго кои зачудено се погледнаа. –Знаевте дека Хернан е вмешан во смртта на Кристина... . Моника беше потресена гледајќи ја пријателката во таква состојба по сознанието дека Хернан не е таков каков што се претставуваше. Ја прегрна и се обиде да ја утеши но Нина уште не можеше да дојде при себе. Колку само очајуваше додека Хернан беше во критична состојба, а сега... Не беше ни близу таква личност за каков го сметаше.
Кога им раскажа за сомнителните личности со кои се состануваше Лукас, за братството кое го спомена во разговорот со Хернан, Сантијаго сега беше сигурен дека „Тие“ за кои Гладис толку настојуваше да се реши, навистина постојат.
-Лукас напомена дека се осигурале психијатарката веќе ништо да не каже, спомнуваа некаков Архитект... –придодаде Нина, уште збунета од низата информации кои ги дозна. Во тој момент заѕвона мобилниот на Сантијаго, го бараше полицискиот инспектор. –Ја пронајдивме. –кратко рече.
мост „Puente de la Mujer“, Буенос Аирес ; 21:00ч
Додека Моника и Сантијаго само што застанаа во близина на мостот, форензичарите го покриваа телото на Гладис и настојуваат да пронајдат трагови кои би можеше да бидат пресудни поради важноста во истрагата.
-Ја пронајдивме обесена на мостот, очигледно не видела друг излез за да го прекине животот. –тврдеше инспекторот додека полицијата ставаше забрана за пристап кај местото каде што е пронајдено телото.
-Не можела да се убие сама... –се посомнева Моника скренувајќи го погледот на местото каде што ја пронајдиле мртва.
-Засега немаме други докази, г-це. Видливо е дека нема траги па нас во овој момент не ни преостанува ништо друго туку да заклучиме дека станува збор за самоубиство.
-Да не верувам... Истата работа како и со случајот на Кристина, заклучувате дека станува збор за самоубиство и го затварате случајот. –иронично додаде Сантијаго на што инспекторот напоречки го погледна.
-Коре, подобро е за вас да се воздржите од коментар. Не ми е до нови расправи со вас.
-Не сфаќам како не гледате дека ова нема смисла. Зошто бегала од затвор ако имала намера да изврши самоубиство? –праша Сантијаго на што инспекторот немаше одговор туку само придодаде дека се труди да ја разјасни нелогичноста.
Недолго откако полицијата замина, Сантијаго остана уште некое време и замислено гледаше во мостот каде што Гладис беше обесена. Таман кога имаше уште еден мал дел да ја заврши приказната, сè се распадна на парчиња и грубо го вратија на самиот почеток.
-„Тие“ ја убија. –со сигурност му рече Моника на Сантијаго по што тој ја климна главата.
-Толку е очигледно дека станува збор за истите луѓе кои се решија од Кристина, се решија и од Гладис за да не им наштети. Не сфаќам како полицијата не сака да направи ништо...
-Никако не можам да ги заборавам нејзините последни зборови... дека ,клучот се наоѓа на парата од еден долар,. Што воопшто сакаше да каже со тоа?


(крај на прв дел)
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Другата страна на животот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Другата страна на животот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: