Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeДругата страна на животот - Page 2 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Другата страна на животот

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeСре Јун 24, 2009 9:55 pm

(втор дел)

Општа болница „Buenos Aires“ ; следниот ден


-Не мислев дека ќе ме погледниш уште еднаш. –рече Хернан кога Сантијаго му дојде на посета следното утро.
-Каква е таа приказна за оставка. Кортез ми се јави дека сакаш да дадеш отказ во Институтот.
-Немој да бараш објаснување... Како воопшто да ти излезам пред очи после ова?
-Хернан... –го прекина Сантијаго - ... братството во кое припаѓаш се реши од Гладис за да се осигурат во понатамошно молчење.
Хернан беше поприлично шокиран од веста за смртта на Гладис и не знаеше што да каже за ужасните вести кои ги прими.
-Можев и да очекувам опсле тоа што открија дека застана против нас... –тажно ја подигна главата.
-Никако не можам да ја сфатам твојата положба во сето ова, па на чија страна си по ѓаволите?!
-Сфати дека не можам ништо да кажам! Ако ти откријам нешто повеќе, следните кои ќе одат два метри под земјата сме јас и ти.
-По ѓаволите, па никој не може да има толкава моќ над другите! Не сфаќам како едноставно не можеш да се извлечеш од тоа страње во кое си се заглавил.
-Тие ми дадоа сè, Сантијаго. Заради нив и ја добив работата во Институтот, си го средив животот и имав сè што ќе посакам. Сфакаш ли сега?!
Сантијаго застана за момент кога дозна колку била ситуацијата комплицирана отколку што очекуваше.
-Истото го направија и со Гладис. Кога откри дека им припаѓам Нив и виде дека може да има сè што сакат, одлучи да ни се придружи. Затоа и стана психијатарка. Мислиш дека таа положба ја стекна со труд?
-Во какво срање се најдов јас...?
-Гладис после смртта на сестра ѝ се повелече скроз во себе, никогаш не имаше пријатели, секогаш беше сама и напуштена. Кога ме запозна мене и организацијата, сфати дека конечно може да има она што одамна го посакуваше – пријатели и сигурна иднина. Работите тргнаа наопаку кога дозна за некои матни работи во кои братството беше вмешано.
-Тоа што го зборуваш нема смисла... Ако станува збор за братството, како тогаш женска личност воопшто може да добие одобрување за влез?
-Организацијата постои веќе со години и единствено мажите имаа можност да се придружуваат... сè до триесет години наназад кога и жените го добија тоа право.
-Не ми е јасно зошто немаш верба во мене, сепак бевме пријатели сите овие години... Ако воопшто ме сметаше за таков.
-За твое добро, подобро е да молчам, Сантијаго. Искрено се надевам дека еднаш ќе можеш да ме сфатиш...
-Биди сигурен дека нема да престанам додека не завршам со оваа приказна. –додаде налутено Сантијаго и разочарано замина.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; 16:00ч

-Што ќе правиме со новите натписи за новиот број? –праша Нина додека Моника замислено гледаше во цедињата кои и ги даде Сантијаго. Дадотеките кои му ги прати Гладис содржеа нешто битно но шифрата не можеше да се открие. Дојде до идеја да ги предаде цедињата на некој хакер кој би можел да ја добие шифрата.
-Моника ме слушаш ли ти мене воопшто?
-Опрости.. –нагло се тргна - ... тотално сум изгубена денес.
-Се натрупа материјал за следниот број кој уште не е среден, се плашам дека нема да стигнеме на време.
После неколку моменти, се појави Лукас кој без зборови се упати во својата канцеларија додека Нина и Моника подло го гледаа.
-А покрај овој лицемерен идиот, немам ни волја. –додаде Нина. –Не можам да го поднесам, ни него ни ѓубрето од Хернан. За нивно добро ќе биде подобро ако не ги сретнам некое време.
-„Клучот лежи на парата од еден долар“... –повторуваше замислено Моника.
-Ха? За што ти тоа?
-Настојувам да сфатам што беа последните зборови на Гладис.
-Од еден долар велиш? Што со тоа?
-Не знам ни самата, на него веројатно би требало да се наоѓа некоја шигра која би можела да биде решение на целата загатка. Можеби некаков збор, реченица... Не знам.
-Што не знаеш за финтата со тие пари?
-Каква финта?
-Па за она ако поврзиш одреден слог од зборовите 'Annuit Cśptis Novus Ordo Seclorum' во облик на еврејската ѕвезда, ќе го добиеш зборот „масон“. Наводно тие пари се поврзани со древните братства, впрочем, на нив се наоѓа слика од пирамида и семоќно око кои се нивните заштитни знаци.
-О мој Боже...
-Чекај малце... Ако мислела на тоа Гладис, зар сакаше да укаже... – дека... „Тие“ се всушност масони! Па секако! Братство, Големиот Архитект, тајно делување... сега сè има смисла. А убиството на Гладис... –застана за момент Моника. -... бесењето на мост е типичен облик на елиминација со кои се служеле за оние од кои требале да се решат.
-Тоа значи дека цело ова време... Хернан и Лукас им припаѓаат на масони? –загрижено праша Нина.
-Точно така.
Моника набргу го скрена погледот на кодираните датотеки уверена дека лозинката мора да биде една од зборовите која е поврзана со организацијат ана масоните. После неколку безуспешни обиди, застана вчудоневидена кога успеа да ја погоди лозинката која сето ова време беше толку очигледна и едноставна – зборот „масон“ беше клучниот пристап до податоците. Гледајќи што сè се наоѓало во дадотеките, лицето набргу ѝ доби болна гримаса.
-Каде ќе одиш?
-Да го најдам Санијаго!
-Па зар не е тој моментално на некој семинар?
-Ова е преважно за да се чека!


Центар за истражување на паранормални појави ; 16:30ч

Ккао што доаѓаше крајот на семинарот за паранормалните случувања, Сантијаго стануваше сè поуморен и едвај чекаше да отиде кај Моника по напорниот ден. Додека ги забележуваше податоците од предавањето кои ги сметаше за важни му се престори дека сенка која набргу тргна во другата просторија. Тивко стана настојувајќи да не смета на предавањето и полека излезе во ходникот каде што немаше никој. Се упати накај излезот со намера да вдише свеж воздух но изненадно слушна чекор позади себе и нагло застана. Осети болка во срцето кое што чукаше сè, се плашеше што би можел да виде позади себе ако се заврти. Љубопитноста сепак го навладеа стравот и го натера да се заврти. Во тој момент не почувствува ништо, заборави на се што се случуваше околу него и го скрена погледот во нејзините очи, не зборувајќи ништо. Не замислуваше, беше пред него, жива и здрава гледајќи ги оние преубави очи кои скоро почнуваше да ги заборава.
-Се вратив по тебе. –тивко изусти и се му се приближи полека, го прегрна со намера никогаш повеќе да не го пуште.
Додека тие двајцата некое време стоеја прегрнати, на влезот се појави Моника и нагло застана гледајќи го погледот. Нејзината среќа нагло пукна на парчиња кога ги виде Сантијаго и Кристина прегрнати. Полека се упати назад на улицата, бледа како дух настојувајќи да не ги воздржи созите. Повторно се се врати на старото, повторно мораше да се соочи со фактот дека никогаш нема да и припаѓа. Знаеше дека се‘ додека Кристина е тука, никогаш нема да го има за себе.

КРАЈ НА 10. ЕПИЗОДА


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeВто Јун 30, 2009 9:50 pm

Читавте: Додека Хернан се лекува во болницата, полицијата безуспешно трага за Гладис. Лукас го посетува Хернан и го предупредува дека пред Сантијаго мора да молчи за сé што знае, но по игра на случаеви, Нина го слуша нивниот разговор и така дознава дека Хернан е еден од вмешаните во смртта на Кристина. Полицијата ја наоѓа Гладис обесена на градскиот мост и заклучуваат дека станува збор за самоубиство, но Моника и Сантијаго се уверени во другата страна на приказната. За време на семинарот за парапсихолошки студии, Сантијаго на сред предавањето оди надвор и одеднаш се сретнува лице во лице со Кристина...

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ

Епизода 11

Другата страна на животот - Page 2 Slro5

Гостин во серијата:
JUAN GIL NAVARRO (Габриел Араоз)


-Морав да побегнам, немав друг избор. –кратко рече Кристина настојувајќи да го тргне погледот од Сантијаго. –Имам толку многу да ти кажувам...
-Јас имам уште повеќе прашања, верувај ми. –ладно одговори Сантијаго.
-Лут си на мене?
-Ќе можам да ти кажам дури откако ќе ми објасниш сé.
-Ми се закануваа со смрт, Сантијаго! Не ми преостануваше ништо друго, сфатив дека е најдобро сите да мислите дека сум мртва... Тоа би ги смирило, засекогаш.
-„Тие“? ?„Тие“ што ја убија Гладис?
Кристина не се осудуваше ништо да одговори но тишината беше сосема доволна Сантијаго да го заклучи вистинскиот одговор.
-А Лукас? Каква е неговата улога во сето ова?
-Нему му беше наредено да се реши до мене... Знаеше дека нема да се осуди да направи такво нешто па го прифати мојот план. Ми помогна да се снајдам надвор од државата, среди нови документи, ми даде пола милион за почеток... Братството не смее да знае дека сум жива, во спротивно... Јас и Лукас сме следните мети.
-Не сакам да ми зборуваш во шифри. Сакам сé! Ќе ми ја кажеш целата вистина или немаме за што да разговараме! –збесна Сантијаго на што Кристина, очигледно која не очекуваше таква бурна реакција, зачудено го погледна.
-Зар не сфаќаш дека не смееш ништо да знаеш? Ако откријам што сé се има случено, ќе завршиш како Ибара!
-Доста ми е криења и лаги од самиот почеток!
-Што би требало да значи тоа?
-Заклучи сама! Цело време полудувам настојувајќи да ги пронајдам виновниците додека ти кукавички ми се смееш позади грб.
-Знаеш и самиот дека не е вистинс! Да постапев поинаку, сега веќе би била два метра под земја.
За момент наступи мртва тишина додека бледо се гледаа еден во друг не знаејќи што да кажат.
-Уште моѓеме да го вратиме она што го имавме... –изусти Кристина. Појди со мене, веќе средив сé... Ништо нема да ни недостасува.
-Додека не ми раскажеш сé, додека не ми ги кажеш вистинските причини заради тоа што го направи... Со мене нема што да бараш.
Сантијаго налутено замина од Центарот оставајќи ја Кристина намрштена. Во тој момент се слушна свирка од мобилниот па го зема од торбата и се јави.
-Што сакаш сега?
-Најпрвен снижи го тонот. –одврати Лукас од другата страна од слушалката.
-Извини, Сантијаго ме разбесна... Идиотот бара да му објаснам сé наместо да биде благодарен за тоа што се вратив.
-Зошто воопшто се чудиш, сосема е нормално дека сака објаснување. Што мислеше, дека веднаш ќе тргне со тебе, без никакви прашања?
-Не е битно... Што сакаш?
-Врати се итно во хотелот додека не видиме што ќе правиме понатаму. Не знам како воопшто ти паѓа напамет да се шеташ наоколу. Знаеш дека сме готови ако те препозне некој од членовите!
-Многу добро сум свесна за тоа, не треба секоја проклета секунда да ме потсетуваш на тоа.
-И подобро ти е. После сé што направив за тебе, најмалку што треба да направиш е тоа да ме поштедиш од понатамошни проблеми.
Кристина кисело се насмевна и притоа ја прекина телефонската врска. Знаеше дека мора да биде благодарна на Лукас бидејќи и помогна во бегството и ја сокри од братството, но неговиот постојан надзор почна помалку да ја нервира.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“

-Што ти се случило тебе? Изгледаш како да биде дух. – ја праша Нина Моника која само што влегуваше во редакцијата, и постојано вртејќи ги во мислите сцените кои ги виде.
-Па и не сум далеку од тоа. –воздивна.
Кога и раскажа за средбата на Сантијаго и Кристина, Нина, видно шокирана не знаеше што да каже.
-Ти без зборови... Хех, мислев дека тоа никогаш нема да го доживеам. – се насмевна Моника а потоа уморно се сруши на столот.
-И што сега? Мислам... ти и Сантијаго?
-Не знам што ќе биде сега. Јас, која секогаш бев совршено организирана, која секогаш знаев да го одберам вистинскиот пат... За прв пат не знам што да направам.
-Па сигурно нема да допуштиш канцелариската курва да ти го превземе.
-Не е така едноставно, Нина. Мислиш дека Сантијаго само така ќе ја заборави?
-Можеби, кога би сфатил всушност каква е... зошто да не?
-Беа заедно скоро цел живот, уверена сум дека многу добро знае каква е Кристина... А сеедно беше со неа.
-Нема ваљда повторно да се повлечиш?
-Нина, те молам... не сакам сега за тоа.
-Нема! Нема да дозволам повторно да се повлечеш! –помалку налутено рече Нина.
-По ѓаволите, Нина, ова е помеѓу мене и Сантијаго. Немаш причина да се мешаш!
-Имам! Веќе еднаш ти реков дека кога тогаш ќе ми бидеш благодарна дека бев во право! Зар заборави на ноќта која ја помина со него?!
-Секако дека не.
-Па? –застана Нина кога Моника виде дека нејзината пријателка е во правоч. –Впрочем, сигурна сум дека Сангијаго ќе знае да ја одбере вистинската личност. Не ни знаеш што би дала да имам таква прилика со Хернан каква што имаш ти со него.

Нивниот разговор го прекина доаѓањето на Сантијаго. Застана на момент гледајќи во Моника во желба да и раскаже што се случи, но зборовите не доаѓаа.
-Видов сé. –изусти Моника и така ја скрши напнатоста која се створи. Сфаќајќи дека целата ситуација не е нималку згодна, Нина се повлече и ги остави да разговараат насамо.
-Сега кога е тука, жива и здрава... Кога се случи она што толку го чекав... Повторно не добив одговори. И понатаму не ја знам вистинската причина за целата ситуација.
-Колку и да се обидуваше, не можам да ја сфатам причината за нејзиното враќање.
-Се врати по мене, барем така кажува. Братството и е за пета... а кога дозна во што се вметнав, сакаше да ме извлече на време.
-Мислам дека е прекасно да се извлечеме од ова. –рече Моника на што Сантијаго збунето ја погледна.
-Открив сé, Сантијаго. За какво братство се работи, шифрата со новчаникот, што содржат датотеките... Конечно знам сé.

Изненадено ја слушаше Моника кога му откри дека масоните се „Тие“ за кои Гладис цело време зборуваше. Масоните биле оние кои ја причиниле цела збрка и ја натераа Кристина да го исценира сопственото убиство.
-На Лукас му било наредено да ја убие, но откако не се осудил да ја изврши наредбата видел дека подобрата опција е да ја прикрива. –придодаде. –Дури и мене.
-Единствено што уште не сфаќам зошто ја сакаа мртва.
-Веројатно од истата причина како и Гладис. Најпосле, зар на лудаците воопшто им треба причина?
-Знам дека нималку нема да ти се допаѓа она што ќе ти го кажам, ама... имаш право да го знаеш. –го прекина Моника додека наеднаш на лицето и се оцртуваше загриженост.
-За што зборуваш ти?
-Матните работи за кои Гладис зборуваше, во кои наводно Кристина била вмешана...
-Што со тоа? Зар тоа не беа само обични глупости?
-Се чини дека не. Шифрираните датотеки открија всушност за што станува збор.
Кога Моника му ја покажа содржината на датотеката, во првиот момент не ни разбираше за што станува збор но наското стана и повеќе од јасно што се случува.
-Лукас и Кристина отварале разни хуманитарни фондови во кои всушност им помагале за заштита на деца. Секако, тие не ни виделе ни пезос од тие приходи. Впрочем, не ни знаеле за постоечките акции.
-Накратко, ги краделе луѓето.
-Баш така. А сега цел приход е кај братството, познато е дека секој член мора парично да придонесува за да напредува организацијата.
-Чекај малку... Можеби тие пари биле главната причина заради тоа што сакале да ги уништат. Можеби криеле пари? –заклучи Сантијаго уверен дека е на вистинскиот праг.
-Не сум баш сигурна... Масоните си помагаат парично еден со друг така да не гледам причина зошто тоа би била причината за нивната караница. Но не смееме да ја исклучиме ниту таа опција.

Хотел „Melia“, Буенос Аирес ; следниот ден


Додека луѓето набрзина излегуваа од хотелот смешкајќи се заради згодниот престој овде, меѓу нив скоро неприметливо се вовлечи некој човек од некои триесет години. Сериозното лице му го покриваа наочарите, а необично чувство додатно му ствараше црното одело кое го носеше. Сепак, меѓу низата бизнисмени кои секојдневно минеа овде и не се разликуваше премногу. Влегувајќи во хотелот се упати кон рецепцијата и почна да се распрашува за личност која ја бараше. Веќе после неколку моменти на рецепционерката и стана јасно кого го бара, но бидејќи не и беше дозволено да дава податоци за личности кои престојуваат во хотелот го замоли да си оде. И покрај тоа тој не се откажуваше да ги пронајде податоците за личноста која ја бараше па почнаа да се караат, а кога го направи симболичниот гест во раката, рецепционерката на крајот попушти и му го дади бројот од собата.

Во меѓувреме, Кристина која се наоѓаше во една од хотелските соби, само што излегуваше од тушот. Кога се облечи и ја исуши косата, почна да ги спрема работите додека по мислите и се моташе вчерашниот разговор со Сантијаго. Сфати дека работите ќе бидат потешки отколку што очекуваше, а додатна препрека и ствараше Моника. Лицето наеднаш и се спушти откако се сети на Моника, љубомора ја изеде од самата помисле дека можеби моментално е со Сантијаго. Од мислите наеднаш ја прекина телефонот. Кога го виде бројот на Лукас, ги преврте очите и одлучи да не се јави, веќе и беше доста од него. Откако не се јави, се вклучи секретарката.
-Излегувај што побргу оттаму! Те најдоа! –се слушна вознемирениот глас на Лукас од другата страна на линијата.


Наеднаш почувствува голем притисок во главата, страв и се вовлече во телото додека панично ги земаше најпотребните работи во намера да замине што побргу. Слушајќи го тропањето на вратата, застана. Нервозно со погледот бараше место каде би можела да се скрие, а вратата, која за своја несреќа ја остави отклучи отворена, полека почна да се отвара. Неколку секунди подоцна во собата влезе човекот кој се распрашуваше на рецепцијата. Ја прегледуваше собата но откако не најде никој, набргу излезе надвор. Кристина во тој момент почувствува огромно олеснување сé уште не сфаќајчи во каква опаснот се најде. Отворајќи ја полека вратата од собата, внимателно го прегледуваше ходникот. Гледајќи дека нема никој, заклучи дека сега е најдобар момент да оде. Ја зема торбата, ја заклучи вратата од собата и наеднаш нагло излезе. Пред неа стоеше човекот од кој сакаше да побегне додека во лицето му се слеваше бес. –Каде си тргнала? –ја праша.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“

Новинарите набрзина ги средуваа вестите и фотографиите за новиот број додека Нина замислено гледаше во мобилниот на кој се гледаа 20 пропуштени повици, сите од страна на Хернан. Предомислувајќи се што да направи, најпосле го фрли телефонот и одлучи дека нема да попушти. Иако Кристина беше жива, фактот дека Хернан ја лажеше скоро цел свој живот ја наведе на помислата дека на таква личност веќе никогаш нема да му верува –Нека се гони, не е единствен! –помисли и започна да го планира вечерното излегување. Ја повика Моника на забава, но откако виде колку е зафатена со работата, се откажа од наговарањето и одлучи да повика пријатели со кои не излегуваше толку често. –Ова ќе дојде добро да ги обнован старите односи. –воздивна и почна да типка по телефонот.

За тоа време, Моника зборуваше со Сантијаго преку телефон кој беше окупиран со работата во Институтот.
-Знаеш, помалку е чудно кога го нема Херна. –призна.
-И понатаму е цврст за својата одлука.
- Се обидов да го наговорам да се врати овде, не сака. Впрочем, само што излезе од болницата, ќе му треба уште некое време да се среди.
-А Кристина?
-Не сум се слушнал со неа од вчера, не ни знам каде е. Нема смисла да разговарам додека не сака отворено да ми каже што се случува.
-Она што мене ме интересира во моментот се подземните ходници, уште не сфаќам каква приказна имаат во целата приказна.
-Сигурен сум дека Кристина има одговор на тоа прашање, таа беше онаа која ја бираше куќата. Сé повеќе ми се чини дека тоа не е случаен избор..
-Чекај малку... –изусти Моника заинтересирано гледајќи низ прозорецот од канцеларијата, нешто очигледно и го привлече вниманието. –Ќе те повикам подоцна. –придодаде и ја прекина врската. После неколку моменти и се јави на Нина која само што завршуваше со повиците.
-Дали се тоа тие? –ја праша Моника гледајќи на неколку сомнителни личности кои разговараа пред зградата со Лукас.
-Не можам да ти кажам, не ги видов оној ден. Само слушнав некои машки гласови... Но... –застана Нина гледајќи во Лукас како се кара со личностите. -... би можеле да бидат тие. Не знам...
Се загледаа во моментот кога видеа како сомнителните личности присилно го туркаат Лукас во кола и после неколку моменти исчезнаа во непознат правец. –Тоа се „Тие“. –беше уверена Моника но кога побрза на улицата веќе им се загуби трагата.

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeВто Јун 30, 2009 9:53 pm


(2 дел)

Масонска ложа, Буенос Аирес

-Види кој имаме овде... –цинично изусти еден од претставниците на организацијата на почетокот на состанокот. Кристина и Лукас уплашено стоеја во средината на просторијата додека околу нив се наоѓаа неколку луѓе, повеќе од нив мажи, меѓу кои беше и Хернан. –Ти се заблагодаруваме на добро извршената работа, Габриел. –изусти упатувајќи го погледот кон типот кој ја фати Кристина во хотелот.
-Бевме уверени дека загубивме толку замислена личност како тебе. –продолжи старешината усмерувајќи го погледот на Кристина. –Но не... Заблагодарувајќи му се на Лукас!
Почувствувајќи бес во неговиот глас, не се ни осудија да прозборат. Помогнувајќи и на Кристина, Лукас беше свесен дека го издава братството и дека нема враќање, но не се каеше. Да може да го врати времето, повторно би го направил истото и сфати дека полесно би ја прифатил сопствената смрт него ли да носи туѓина на совеста цел живот. Сега, кога сé беше откриено, кога се наоѓаше пред виновниците кои едвај чекаа момент да се решат од нив, му беше сеедно. После толку криења, стравот дека братството ќе ја открие неговата измама, од една страна чувствуваше олеснување. Конечно сега сé ќе биде готово.

За разлика од него, Кристина нервозно се моташе во местото мислејќи како би можела да се извлече од срањето во кое се вовлече. –Не може да биде крај! –тонеше длабоко во себе.
-И сами знаете што ве следи. –проговори ладно старешината. –Го издадовте Големиот Архитект, го загрозивте нашето место и затоа ќе добиете казна каква заслужувате.
-Можете да не замолчите но кога тогаш некого повторно ќе се побуни против вас. –изненадно му се спротистави Кристина.
-Уште се осудуваш и да бидеш дрска... Ваљда и самата знаеш дека имаме битни влијанија на сите положби, што можат да ни направат?
-Крајот ќе ви дојде, колку и да се обидувате околу тоа. –додаде Лукас.
-Лукас, бунтовник како и секогаш! Ви дадовме сé, тебе редакцијата а нејзе место како уредник. И вака морате да ни враќате? Посебно ти, Кристина, која не постигнала никаков напредок без наша помош.
-Мора да постои начин да добиеме нова шанса. –изусти Кристина сфаќајки дека со противење нема да посгитне ништо. Во еден глас почувствува молба да ги поштеди, да им пружи нова прилика која ќе им докаже како заслужуваат место во организацијата. Старешината ја изненади нејзината нагла промена на расположението, му се причини поприлично сомнителна, но одлучи да ја промени тактиката.
-Направете го она што го барам од вас... своето место во братството ќе го добиете назад.


City Club „Fabrizio“ ; вечер


Нина помина згодна вечер со пријателките кои ги немаше видено подолго време и сфати дека ваквите собирања мора да би повтори повеќе пати. Сепак, помалку сметаше во нивното друштво бидејќи повеќето од нив беа венчани па разговорот воедно му се сведеше на домаќински работи и деца.
-А ти? Кога планираш? – ја праша една пријателка.
-Судејќи по моменталната состојба... Не толку скоро. –се насмевна Нина настојувајќи да ја избегне незгодната ситуација. Откако на вечерта и доаѓаше крајот, разговорите стануваа сé подосадни па заклучи дека е најдобро да си оде дома. Баш кога излегуваше од кафиќот, замалку не се судари со Хернан.
-Од каде ти овде? –ја праша.
-Од каде јас овде? –Па се забавувам! Што мислиш дека не можам да се забавувам без тебе?
-Смири ги емоциите, само прашувам...
-Аха... –изусти и замолчи на некој момент не знаејќи што да каже. –А ти? Дали си подобро?
-Зависи на што мислиш...
-Не е битно! – е тргна изненадно. –Не знам зошто воопшто разговараш со тебе!
-Уште си лута?
-Како би ти било тебе на мое место?! Како би ти било тебе личноста која ја сакаш, во која веруваш... наеднаш воопшто да не ја познаваш?
-Има ли некакви шанси... да се вратиме на старото? –праша спуштајќи го погледот не осудувајќи се да ја гледа во очи.
-Самиот го доби одговорот на тоа прашање. –кратко одговори и брзо замина не можејќи да издржи од болната ситуација во која се снајде.

Редакцијата на списанието „Lifestyle“ ; следното утро


Влегувајќи во редакцијата, Моника поспано воздивна. Како целата ноќ не можеше да склопи око, осети ужасна главоболка. Помалки ја уплаши сета оваа неизвеснот, што ќе биде со Кристина, со неа и Сантијаго... Беа неколку прашања на кои немаше одговор, а од сето тоа, додатен притисок и вршеа и обврските околу списанието. Кога ја виде Нина како вознемирено типка по тастатурата, нагло се разбуди.
-Што ти се случило тебе? Премногу кафе?
-Ќе бидеш и самата. –загрижено одговори Нина усмерувајќи го погледот спрема канцеларијата на Моника. Целата ситуација беше и повеќе од необична, но вистинското запрепастување го дочека при влезот во канцеларијата.
-Моника! Па долго време не се видовме! –саркастично извика Кристина барајќи го лаптопот. Гледајќи ја Кристина на местото како главен уредник и беше како незгоден флешбекл.
-Кој ѓавол работиш ти овде?
-Не ти препорачувам да ми се обраќаш така, сепак сум сега јас над тебе. –додаде Кристина потсмевнувајќи се. –Да, баш тоа го мислам. Го добив местото назад, а ти... ти пак си никој и ништо.
-Невозможно...
-О да, возможно е. Одлуката е на Лукас така да и немаш некој избор. И, те молам, донеси ми кафе, она како и секогаш.
-Каква си ти кучка...
-Колку тешки зборови! Дури сега се осудуваш да ми го кажеш во фаца она што го мислиш?
-Не ни знаеш колку само те жалам.
-Не знам, не ми е грижа. Но многу добро знам дека отсекогаш си била љубоморна на мене. Мада, и не можам да ти замерам – ти си таа која секогаш го добиваше остатокот. Како и Сантијаго... Што е? Успеа да го придобиеш дури кога мене ме немаше?
-Можеби... Само знај дека ти никогаш нема да го вратиш она што некогаш го имаше со него.
-Не би била толку сигурна. Да не се мешаше, сега би се грижел околу мене.
-За распадот на врската никогаш не е крива трета личност. Знаеш многу добро и самата, макар да се обидуваш да се увериш во спротивното. Сантијаго конечно виде каков инсект живее во тебе.
Разбесната од провокациите, Кристина замавна со раката во намера да ја удари, но Моника ја прекина на време.
-Со мене не се мешај! –додаде Моника и на заминување ја предупреди дека ќе се потруди да не го добие местото назад кое и го превзела. Победничкото воодушевување кое го чувствуваше пред неколку моменти набргу нагло спласна.

Иако се обидуваше да го увери Лукас дека враќањето на Кристина на некогашното место е потполна небулоза, Моника не успеа ни малку да ја подобри работата. Лудоста во која се најде започна да ги поминува сите граници кога Лукас и пружи бел лист.
-Ги средив препораките за нашата редакција во Кордоба. Таму ве чека главното место како уредничка, ако сакате, почнете да работете уште денес. Ваш избор.
-Моника, уште затекната од ситуацијата, не му одговори ништо. На излезот ја скина хартијата покажувајќи што мисли за неговиот предлог, и бесно ја тресна вратата.


Домот на Сантиајго ; вечер


Очекувајќи ја Моника на вечерата, Сантиајго возбудено побрза да ја отвори вратата кога го слушна ѕвончето. Меѓутоа, наместо Моника на вратата стоеше Кристина известувајќи го дека мора да разговара со него.
-Мислев дека повторно замина. –ладно рече додавајќи дека можеби така би било и подобро. –И каква е таа глупост за враќањето во редакцијата? –Како не ти е срам така да се однесуваш спрема Моника?
-Не би зборувала сега за неа, доста ми беше за денес. Дојдов... –застана Кристина на момент. –Одлучив да ти кажам сé. Не можам повеќе, Сантијаго!
-Уау, па конечно се сети дека ќе имаме за што да разговараме. Не мислиш ли дека е премногу доцна за тоа?
-Не комплицирај! –се издере наеднаш. –Ни овака не ми е едноставно!
-Во ред, ќе те сослушам. Впрочем, ти си таа која ми должи објаснување.
Недолго после тоа, Сантијаго се упати во кујната по виски чувствувајќи дека ова ќе биде ѓаволски долга и тешка вечер. После толку време, неразјаснетите прашања и маки кои ги трпеше, конечно ќе му стави крај на ова поглавје од својот живот. Конечно ќе може да сврти нова страница и да започне нормален живот кој отсекогаш го сакаше. Кога се врати од кујната, збунето ја виде вознемирената Кристина која држеше пиштол во раката. Не се ни осуди да проговори нешо, но во очите и се надзираше тага.
-По ѓаволите, што работиш?
-Извини, Сантијаго...

Крај на 11. епизода



Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeЧет Jул 02, 2009 12:08 am


Не пропуштајте ја последната епизода од првата сезона!
Петок, 3 јули на Ангели и Сериимк!

Другата страна на животот - Page 2 Gfqo5

ПРОМО:



Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeСаб Jул 04, 2009 9:56 am

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 12 (прв дел)

Кристина држејќи пиштол во раката беше свртена спрема Сантијаго додека тој бледо ја гледаше и очекуваше во секој момент дека куршумот ќе испука. Времето поминуваше но очекуваната ситуација не се случи. Како во транс го испушти пиштолот почувствувајќи дека ја губи силата, и на крајот падна на земјата. Сантијаго се приближи и ја прегрна додека и течеа солзи на лицето.
-Не можам... Не можам да бидам таков монструм. –врисна почувствувајќи ја сета тежина терет која ја прогонуваше.
-Тие ти наредија да ме убиеш? –изусти Сантијаго на што Кристина климна со главата. –Секако... тоа бил условот да те остават во живот.
-Тоа е единствениот начин да ме вратат во организацијата. Твојот живот за мене... Сакаа да се решат од тебе и Моника бидејќи веќе знаете премногу.
-Моника? По ѓаволите! – се вознемири Сантијаго сфаќајќи дека можеби нешто лошо и се случило, но Кристина го прекина пред да успее да излезе надвор.
-Застани! Нема да и биде ништо... барем засега. На Лукас му беше наредено да ја оддалечи од оваа приказна, а откако не се сложуваше на селидба во Кордоба... искрено, не знам како ќе го изврши она што организацијата го бареше од него.
-Со какви чудовишта сте се сплеткале?!
-Не можам повеќе, Сантијаго! –зборуваше низ солзи сфаќајќи дека од оваа ситуација не може да најде излез.
Неколку минути подоцна, Сантијаго и помогна да стане и и донесе чај помогнувајќи и така барем малку да се смири за да може да размисли што ќе прави понатаму. Кристина во тој момент сфати дека е најдобро сè да му објасни на Сантијаго. Веќе не и беше страв за тоа што ќе и се случи, виде дека мора да го направи она што и се чинеше најнормално. Без обзир на последиците.
-Ги запознав заблагодарувајќи му се на Лукас. Ги приметив неколку пати неговите состаноци со сомнителните ликови, а кога го прашав за кој се работи, молчеше. Сè додека... не открив сама.
-Го следеше?
-Да, така и го открив нивното седиште. Ја проучував некое време нивната идеологија и кога сфатив што можат да ми пружат...
-Замина од нивна страна.
-Беше тоа најголемата грешка во мојот живот. –изусти Кристина избегнувајќи го погледот на Сантијаго. –Бев заслепена со успех, моќ... амбиција да успеа во проклетото новинарство!
-Никогаш не ти беше доволно она што го имаше! –придодаде Сантијаго на што таа ништо не му одговори, беше и тоа како свесна дека е во право. Никогаш не се заблагодаруваше со средина и единствено на што прифаќаше беше она најдоброто. Само успех.
-Ми го дадоа местото како главна уредничка но секако... ништо не е бесплатно. Морав заедно со Лукас да им даваме пари за возврат. Прилогот со кој братството наводно помага...
-И затоа основавте лажни хуманитарни друштва?
-Стануваше збор за големи цифри со кои од мојот имот беше невозможно да се отплатат. Впрочем, ти би се посомневал каде исчезнуваат толкава количина на пари. Ни требаше едноставно друг извор...
-Дали си ти воопшто свесна дека за тоа може да одите во затвор?! –викна Сантијаго на што Кристина го замоли да го спушти тонот. И самата сфаќаше какви срања имаше направено а викањето во оваа ситуација ни малку не помагаше. –Моника има докази и ако сакавме, можевме и тебе и Лукас да ве ставиме во затвор!
-Не би имале никаква корист... Имаат врски и во полицијата. Што мислиш зошто случајот на Гладис е затворен без никакво објаснување?
-Ова не е возможно...-очајуваше Сантијаго кој уште не сфаќаше колкава сила и моќ поседува организацијата на масони. –Се сретнав со толку необјасливи случаеви, со толку паранормални појави за кои никогаш не ни помислував дека постојат но нешто вакво...
-Луѓето се свесни за нивото постоење, а никој не се осудува да направи нешто. Друштвото е уште заслепено од тврдењата дека теориите на завери се само измислици... Не сакам ни да замислам што ќе се случи еден ден ако навистина сфатат што прават со овој свет!
-Би се случила масовна хистерија, светот би залутал во потполн хаос... Не е ни чудо зошто сè извршувавте во толкава тајност. Зашто настојуваат да се осигурат дека никој нема да ги издаде.
-Баш така. Затоа приказните за прогонувањата и тајните служби уште се препишуваат само на шизофреничарите и лудаците.
-А подземните ходници? Ни куќата не си ја одбрала случајно, зар не?
-Соседството некогаш припаѓаше на Ним, затоа сите куќи во соседството се меѓусебно поврзани. Што се одвивало во текто на минатото во нив... не знам. Ниту членовите не сакаат да откријат. Се шират гласини дека наводно во тие подземни простории некогаш се вршеле убиства.
-Секако, сега е потполно јасно зошто нас Ибара ни беше сосетка.
-Куќата и беше еден од подароците при влегувањето во братството, како и мене. Не ни се сомневавме каква цена ќе треба да платиме за нив.


Како што доаѓаше крајот на вечерта, Сантијаго беше сè позагрижен бидејќи Моника не доаѓаше. Се обидуваше да ја добие на мобилен, но безуспешно па се упати да ја побара. Баш кога имаше намера да замине, изненадно се појави.
-Извини што доцнам, ужасен е сообраќајот навечер. А посраната батерија на мобилниот повторно се испразни. –изусти при влегувањето во куќата и нагло застана гледајќи ја Кристина како спие на каучот.
-Ќе ти објаснам сè. –и дошепна Сантијаго и ја одведе Моника во кафетеријата за да можат да разговараат на мира и ја пушти Кристина да се одмори.
-На крај краева, и не ја обвинувам толку. Станала жртва на сопствената амбициа. –придодаде Сантијаго раскажувајќи и ја целата приказна на Моника.
-Сега сфаќам... Нејзиниот ладен однос спрема другите беше само начин да се прикрие колку само е ранлива.
-Она утрото во кафиќот, кога мислев дека ја гледам... Навистина била она. Но верувала дека ќе биде подобро да ме поштеди од целата вистина, никогаш да не дознаам што всушност се случува.
-Чекај малку... а другите траги? Зар тоа не беше Гладис?
-Да, Ибара оставала знакови за кои настојуваше да докаже што се случува. Дури и на матните работи со кои се плеткале Кристина и Лукас.
-Ако двете биле припаднички на братството, не гледам тогаш причина зошто Гладис би сакала да ја уништи Кристина...
-Па била најверојатно љубоморна на нејзината положба во организацијата, ваљда сметала дека Кристина секогаш добива повеќе од неа... не знам.
-Зошто воопшто започнале да војуват со неа?
-Кога веќе не можела да направи она што го барале од неа, му се заканила дека ќе ги разоткрие. Виделе дека е спремна па сфатиле дека е најдобро да се решат од неа. Засекогаш.


Гледајќи загриженост во лицето на Сантијаго, Моника го допре за раката настојуваќи да му каже дека сè ќе биде добро. –Знаеш дека секогаш можеш да сметаш на мене... Што и да се случи. –изусти додека погледот му помина на Кристина која спокојно спиеше во соседнат соба.
-Искрено, не го гледам вистинскиот излез од ова. Не знам што ќе се случи утре... Единствено што знам е дека морам да се заштитам од Нив. –застана на момент. –Не смеам да дозволам да и го направат истото како и на Гладис.
Во тој момент Моника почувствува нешто во срцето, виде дека се случува она од што најмногу се плашеше. И покрај се, Сантијаго уште ја сакаше Кристина. Знаеше дека против неговите чувства не може да се бори, дека повторно сè ќе се врати на старото и дека повторно ќе остане сама. Знаејќи дека Сантијаго ќе го доведе во незгодна ситуација, до крајот на вечерта не ја ни спомнуваше нивната врска. Сепак, беше и повеќе јасно дека за нив двајцата веќе нема надеж, барем не на оној начин на кој што сакаше Моника. И никогаш нема да биде.

Домот на Хернан ; 21:00

Хернан замислено гледаше во ТВ префрлувајќи ги програмите на кои немаше ништо освен чиста досада. Присетувајќи се на првата средба со Нина, посака да заборави на сè и да го врати она што некогаш го имаа. Дури сега кога ја изгуби сфати колку всушност му значела, го болеше повеќе отколку што признаваше. Го зема телефонот одлучен во намерата да и се јави, да и каже колку ја сака и дека е спремен повторно да ја освои. Сепак, се чинеше дека постоеше нешто друго што го спречува во тоа, нешто што му кажуваше дека нема смисла да се обидува бидејќи не е доволно вреден да биде негова.

Од мислите изненадно го прекина ѕвончето нав ратата, без волја стана и отиде да виде кој му пречи во ова време. Отворајќи ја вратата, ја виде Нина која без зборови стоеше обидувајќи се да каже нешто, но не и одеше баш при рака.
-Не ми е гајле на кому припаѓаш и што работиш. Ако сакаш биди и најголем мафијаш, гајле ми е... –изусти. -Спремна сум дека поминам низ сè, само... морам да знаам една работа.
Хернан, уште изненаден од нејзината посета, не зборуваше ништо љубопитно очекувајќи што ќе му каже.
-Ме сакаш ли? –праша Нина на што Хернан не и одговори ништо туку самиот силно ја бакна и со тоа и докажа дека сака да почне отпочеток. Во тој момент за нив двајцата светот застана, исклучувајќи се од сè и препуштија страстите да разгорува.
-Што е тоа? –праша Хернан гледајќи две карти кои Нина ги држеше во раката.
-Додека беше во болницата, ти ветив дека еднаш ќе одиме да го посетиме Бразил. Заедно. Мислам дека е време да го извршиме тоа ветување.

Хернан се насмевна и и даде до знаење дека со неа е подготвен да оди и на крајот на светот.

Следниот ден...

Откуцувајќи осум часот кога Сантијаго стана и се упати кон дневниот престој каде што Кристина ја помина ноќта. На негово изненадување не зачека никој освен пораката која стоеше на местото каде што спиеше. Гледајќи ја хартијата почувствува дека се случува нешто сериозно, а кога ја прочита пораката која беше од самата Кристина, лоши мисли му се остваруваа.

„Време е да ја завршам оваа приказна. Фала ти на сè што ми го пружи... и извини за тоа што не знаев доволно да те ценам“

Кристина

-гласеше кратко пораката.

Сфаќајќи што се случува, брзо го зема мобилниот и му се јави на Хернан кој само што се будеше додека покрај него Нина уште беше во длабок сон.
-Каде е седиштето? –изусти вознемирено кога Хернан збунето го праша на што мисли. –Средиштето на вашата организација, каде се наоѓа?
-Знаеш и самиот дека не смеам да ти кажам.
-По ѓаволите Хернан, Кристина заминала таму! Ќе ја убијат ако не направам нешто!
-Сантијаго... Сфати дека морам да го држам јазикот за забите! А ќе се случи она што треба да се случи.

Поприлично бесен, Сантијаго нагло ја прекина телефонската врска и се одлучи работата да ја превземе во свои раце.

Редацијата на списанието „Lifestyle“ ; 09:00


-Start spreading the news, I’m leaving today… I want to be a part of it, Brazil, Brazil! –пееше Нина при влегувањето додека Моника зачудено ја гледаше.
-Што не е „New York, New York“? –ја праша со занесен ритам.
-Не ципедлачи! Ова е моја верзија!
-Аха... а што е толкаво задоволството, смеам ли да знам?
-Животот е прекрасен! Јас и Хернан патуваме за Бразил за некој ден! –откри Нина и играше од среќа сè додека не се испружи и легна колку што е долга и широка.
-Грубо паѓање од седмото небо. –се насмеа Моника, и беше драго да ја виде пријателката толку насмеана и задоволна после периодот низ кој помина. –И време ти е. Не личиш на себе кога си наква здрвена. –откри Моника.
-Anyway, што беше со канцелариската вештерка?
-Не знам, ја нема денес. –одговори Моника. –Го чекам Лукас да видеме што ќе направиме...
-А ти? –ја праша Нина. –Не си нешто расположена денеска?
-Ма пушти, некои мои глупости... Всушност, донесов одлука.
-Каква одлука?

(крај на 1. дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeСаб Jул 04, 2009 9:59 am

(2 дел)

Сантијаго стрпливо чекаше пред станот на Хернан очекувајќи го неговото излегување и беше уверен дека следното место каде што Хернан ќе појде ќе биде организацијата. И не се лажеше. Веќе после неколку моменти се појави Хернан и некаде залета притоа завртувајќи се да провери дека никој не го следи. Не ни сфати дека цело време Сантијаго неприметливо го следеше па безгрижно се упати кон масонската ложа каде што го очекуваше остатокот од братството да им се придружи на состанокот. Откако го виде Хернан како влегува во зградата која се наоѓаше на самиот центар на градот, ја паркира колата и тргна по него. Над влезот на зградата се наоѓаше масонскиот симбол на организацијата – око опкружено со зраци кои означуваа осветлување. –Ама се проѕирни... –помисли Сантијаго гледајќи дека Нивните симболи постојат насекаде по градот а луѓето не се свесни на нив.
Се обидуваше потајно да се вовлече во зградата но веќе на самиот влез пред него се испречи еден од членовите кои нагледуваше сè што влегува внатре.
-Лозинка? – праша човекот во црно одело и темни наочари кои му го покриваа лиецто. Сантијаго збунето погледна кога сфати дека лозинката е достапна само на членовите на организацијата. Чекајќи одговор, човекот некое време љубопитно го гледаше додека не сфати што се случува.
-Господине, има мал проблем. Имаме натрапник во зградата.
-Најдите го и веднаш доведете го до мене! –се слушна еден сериозен глас од другата страна на слушалката.
-Ќе направам сè што е во моја моќ.
-Чувствувам ли несигурност во твојот глас, Габриел?
-Секако дека не, господине. Веднаш ви го носам!


Сантијаго внимателно поминуваше низ ходниците внимавајќи да не наиде на некој од членовите. Иако повеќето простории успеа да ги провери, од Кристина немаше ни трага. На ѕидовите се наоѓаа слики на американски претседатели и други ликови за кои беше познато дека припаѓаат на организации како масоните, додека некои делови беа украсени богато со разни симболи важни за нивната идеологија. Меѓу нив најмногу се наоѓаше симболот на окото кое беше на влезот на зградата, пирамидите и триаголниците кои во својата средина ја содржуваа буквата “Г“
Влегувајќи во една од просториите, беше зачуден од големиот број на книги кои беа скриени внатре.
-Поголемо од некаква библиотека. –помисли и досегна по една од прашливите книги. Тргна да прокопа по полиците гледајќи дека книгите информираат за целата историја на масонските друштва уште од почетокот на екипетската култура. Баш додека со интересување го проучуваше податоците кои ги криеја книгите, позади него се слушнаа чекори. Вртејќи се го виде чуварот од влезот заедно со неколку луѓе кои стоеја покрај него и чекаа наредба. –Одведете го на старешината! –ладно рече Габриел.

Средиште на масонската ложа ; 10:30ч

-Кристина! –извикна Сантијаго кога го доведоа во собата за состаноци каде во средиштето на просторијата стоеше Кристина. Беше видно вознемирена гледајќи го овде па веќе после неколку моменти, сфати што се случува.
-Ти реков да не се плеткаш во ова! –повика кога очите и се насолзија. –Мене ме сакаат, Сантијаго. Време е да завршиме со ова, нека прават што треба. –изусти настојувајќи да ги скрие солзите, додека лицето и стануваше сè побледо и попразно, скоро мртво. После толку криење, лаги и превари и беше сосема сеедно што ќе направат со неа. Беше мртва одвнатре, повеќе не чувствуваше ништо, ништо повеќе не можеше да ја повредии. Одлучи да се предаде во Нивните раце и да им допушти да го направат она што мораат. Знаеше дека нема да застанат со ова додека не се решат од неа.
-Одведете ја! –прозбори старешината додека остатокот од членовите, меѓу кои беше и Хернна гледаа што се случува.
-Каде ја водите?! –викна Сантијаго и безуспешно се обидуваше да и помогне на Кристина на што му се попречија на патот. Беше прекасно, повеќе ништо не можеше да направи. Погледите им се сретнаа за последен пат пред да ги разделат, беа свесни дека никогаш повеќе нема да се видат. Чувствуваше дека повторно ја губи, дека повторно исчезнува сè што имаше, целиот негов свет.
-А вие Коре...-извикна старешината -... морате секаде да се плеткате, како и секогаш!
-Што воопшто планирате со ова? Да добиете надзор над другите?
-Веќе го имаме. Бидејќи вас Кристина ве упатила многу добро во оваа тема би требало да бидете свесни за тоа. Без нас сте никој и ништо, Сантијаго?
-Ма да, вие сте само лудаци!
-Не би ви препорачувал да ми се обраќате на тој тон. И сами знаете дека судбината ви е во наши раце.
-И? Мислите дека со тоа ќе ме исплашите?
-Секако дека не. Вие сте разбирлив човек, господине Коре. Сигурен сум дека ќе постигнеме добра спогодба.
-За што ви воопшто зборувате?
-Не правете се наивни... Сите сакаме успех, зар не? Радо ќе ви помогнеме да успеете секаде, ако ни се придружите.
-Ниту луд!
-Промислите само што добивате при влегувањето на нашето братство. Па сигурно вас ви е доста од позицијата како обичен, беден истражувач... Со наша помош ќе стигнете далеку, далеку понатаму... Размислите само каков напредок во знаењето ќе постигнете ако ви се овозможи сето тоа.
Сантијаго не се осуди ништо да одговори. Понудата за совршената кариера од една страна му се чинеше фантастична, меѓутоа, кога се присети на Кристина и Гладис кои беа жртви на сопствената амбиција, да прифати на вакво нешто никако не доаѓаше во обзир.
-И немате некој голем избор Коре. Или ќе помогнете на нашата организација да напредува или ќе ви ја затниме устата како и на сите останати. Ваш избор.


Следниот ден ; Сао Паоло, Бразил

Сонцето се издигаше над градот и наговестуваше топол ден додека Нина и Хернан се движеа низ аеродромот.
-Држи ме, ќе паднам во несвест! –воодушевено воздивна Нина кога слетаа од авионот.
-Не знаев дека си толку маѓепсана од ова патување.
-Ма не будало! Мака ми е од летот со авион, не сум навикната на вакви турбуленции. Имам чувство дека целата утроба ми се испреврти.
-Немој сега да ми повраќаш, издржи додека не дојдиме до хотелот.
-Кога би било тоа едноставно... –изусти Нина и веќе во следниот момент истрча во првото ВЦ кое го пронајде.
-Па? Можеме конечно во хотелот? –праша Хернан додека се враќање ладејќи се со весниците кои ги држеше во раката. Нина само му се насмевна и наскоро тргнаа наспрема местото каде што ќе престојуваат наредните денови. –А твојот ковчег? –се запраша Хернан додека заминуваа од аеродромот.
-Ха? Па ти си машко! Нема сигурно да и дадеш на женската да ги носи торбите?

Гледајќи дека со Нина не може да излезе на крај, Хернан замолчи и одлучи подобро да не започнува караница.

Откако се сместија во хотелот во кој резервираа пред некој ден, Нина веднаш изрази желба да ги посети студијата на Глобо во Сао Паоло и можеби ќе присуствува на снимањето на некои од актуелните новели.
-Не будали, па немаме пристап! –заклучи Хернан.
-Не сум баш сигурен. –намигна Нина на што Хернан му се чинеше малку сомнително. Се изненади кога му ги покажа пропусниците.
-Од каде ти е тоа? Па нив ги имаат само вработените во Глобо!
-Врски, драги мој. Врски.
-Имаш врски во Глобо? –се насмевна. –Ма од каде ти е тоа?
-Интернетот е денес многу моќна работа. Па, што чекаме?
Нешто подоцна се најдоа во просториите на телевизиската куќа Глобо додека вработените и глумците набрзина ја вршеа својата работа, не ни приметувајќи ги Нина и Хернан како збунето се шеткаат наоколу. –Ти реков дека ќе биде лесно. –префрли Нина.
-Леле, ќе паднам во несвест.
-Пак ти е мака?! –Боже па каков организам имаш?
-Ма погледни! Мурило Роса од “Desejo“! –скокна од среќа додека Хернан ја придржуваше да не падне.
-Мурило!!! –извикна Нина кога присутните зачудено се свртија спрема неа и се прашуваа која е таа лудачка која се дере на сред снимањето.
-А погледни ја Алин од “Duas Caras“! –возбудено викаше и почна да му објаснува на Хернан дека нејзиниот лик во серијата е вистинска кучка. Веќе после неколку моменти неред кој Нина го ствараше, асистентите ја избркаа надвор.
-Сега можам мирна да умрам. –воодушевено издиши додека излегуваа надвор.
-Ајде, одиме.
-Ма каде? –праша Нина. Не одиме никаде! Ќе почекаме да завршат со работата па да можеме да се сликаме со глумците!


Буенос Аирес, Аргентина ; денови подоцна

Маглата се виеше над градот во ладното попладне додека Сантијаго замислено стоеше покрај езерото во кое се удавила сестрата на Гладис. Ни самиот не знаеше што го донеси овде, но имаше потреба да ги разбистри мислите, да побегне од суровата реалност. Но да работите станат уште полоши се присети на сè што се случи, Гладис и Кристина кои беа жртви на ужасни ситуации во кои се најдоа. Сфати дека сега, кога припаѓа кај Нив, работите никогаш нема да се вратат на старо. Ги згази сите свои соништа за среќната иднина со жената која ја сака, децата и успешна кариера. Единствено што сега го имаше е работата во која напредуваше од ден на ден, но ни најголемите успеси не го правеа среќен како што сакаше. Сè што сакаше да има е обичен, нормален живот како и сите други луѓе, исполнет со дневните обврски и семејни проблеми. Далеку од темната страна која се криеше во ова друштво. Хернан наскоро се врати во Инситутот но нивниот однос не беше ни малку пријателски како претходно. Иако сега и двајцата беа членови на братството и меѓусебно си помагаа во организацијата, раздорот меѓу нив беше уште поголем. Сантијаго никогаш не можеше да го прифати фактот дека Хернан, кој некогаш го сметаше за пријател, не помогна да ја спаси Кристина. Гледајќи ги заедничките фотографии со него и Кристина, Сантијаго нагло се тргна од мислите кога јак ветар му ја однесе кон езерото. Додека водата малку-помалку ја бришеше бојата од фотографијата, така се затвораше среќниот период во животот на Сантијаго кој веќе никогаш нема да се врати.

***

Над улиците на градот само што се спушташе вечерта додека Моника влегуваше во кафиќот во кој ја чекаше Сантијаго.
-Извини што доцнам.
-Нема врска...-изусти. –Морав да те видам.
-Знаеш дека не би заминала без поздрав. –рече Моника додека во очите и се гледаше тага.
-Па... Тоа е твојата конечна одлука?
-Така е најдобро. Морам да се тргнам од Буенос Аирес после сето ова... Селидбата во Кордоба ми се чини единствена исправна опција во овој момент.
-А... ние? Има ли некакви шанси да почнеме одново?
-Сантијаго, и самиот знаеш дека нема смисла...
-Моника...
-Не мораш ништо да ми кажеш. Видов и во твоите очи колку, и покрај сè и понатаму ја сакаш... нема смисла да се бориш за нешто што никогаш нема да се оствари.
Сантијаго не преговараше ни збор сфаќајќи дека Моника е во право. И понатаму ја сакаше Кристина како првиот ден, иако беше свесен дека можеби никогаш веќе нема да ја види.
-Не ти замерувам во тоа... Веќе се обидовме еднаш, но никогаш не било она вистинското. Не можам да се борам против она што го чувствуваш за неа, Сантијаго. Многу добро знам дека никогаш нема да ме гледаш така како што јас те гледам.
Пред да замине, ја прекина не сакајќи да изгуби уште една личност која ја сакаше. Сепак, не можеше да биде себичен спрема Моника и не и допушти да почне одново со својот живот.
-Подобро е за двајцата. -изусти на заминување настојувајќи да ги прекине солзите, му посака среќа во животот.

Потоа излезе на улицата низ која се пробиваше магла и пред да замине, уште еднаш упати поглед кон кафиќот. Очите на Сантијаго тажно гледаа низ стаколото на празорот додека нејзиниот лик се губеше сè повеќе во далечината и полека исчезнуваше во темната ладна вечер.

Крај на 1. Сезона


Им благодарам на сите кои ја читаа новелата. Останете со мене и во следната сезона.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeВто Aвг 04, 2009 8:14 pm


„Тие“ се враќаат за нивната одмазда!

Н. А. С. К. О. Р. О.
(2 сезона)


Другата страна на животот - Page 2 Otroladodelavidaja0


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 09, 2009 4:51 pm

НАСКОРО! 2 СЕЗОНА!

-Кратка содржина (2 сезона)-

Откако ѝ се придружува на моќната организација на масоните непосредно пред заминувањето на Моника, животот на Сантијаго од ден во ден сè повеќе губи смисла. Допирајќи го само дното, гледа дека е време за нов почеток. Како единствен можен излез од моќната организација е само смртта, Сантијаго, одлучен ништо да не му стои на патот, започнува да игра двојна игра ; додека од една страна настојува да се покаже во братството за да се пробие во Илуминатите, владејќи и конечно да дознае што се случило со Кристина, а од друга страна ги собира доказите уверен дека нивната моќ конечно ќе ја уништи манипулацијата над луѓето брз кои братството врши веќе со години.

Во меѓувреме во неговиот живот влегува мистериозна жена претставувајќи се како Ема Ибара, сестра на покојната психијатарка тврдејќи дека дошла во Аргентина за да ја расчисти мистеријата околу смртта на нејзината сестра. Иако на почетокот ѝ пристапува со доза на неповерение, Сантијаго сфаќа дека Ема би можела да му биде добар соработник во битката која го чека.

Сепак, како што во неговиот живот влегува Ема, така мистериозно исчезнува Нина оставајќи зад себе низа прашања на кои наизглед не се наоѓа одговор. Дознавајќи за исчезнувањето на својата најдобра пријателка, Моника загрижено се враќа во Буенос Аирес каде што ќе мора повторно да се соочи со сето она што го остави позади неа настојувајќи да почне одново.

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeПон Aвг 17, 2009 2:07 am


Најавна шпица:



Од 23 август!!!
Не пропуштајте!

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeВто Aвг 18, 2009 10:44 pm


КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ЛИКОВИТЕ: 2 сезона!

Другата страна на животот - Page 2 Santiagocorreajn3

Сантијато Коре (Федерико Оливера)
Разочаран од двојниот живот кој го води по влегувањето во моќното братство, Сантијаго почнува да тони сè повеќе уверувајќи се дека неговиот живот веќе нема смисла. Валканите игри на кои е присилен да ги игра скоро секој ден и празниот живот кој го води го доведуваат до самото дно. Баш кога се одлучува на конечен крај, внимание му привлекува новодојдената уредничка на магазинот, Ема Ибара, претставувајќи се како сестра на покојната психијатарка. Уверен дека таа е само уште една замка од масонската организација, Сантијаго и се приближува со внимание за да не открие што точно се крие позади нејзиното доаѓање во Буенос Аирес. Меѓутоа, работите неочекувано тргнуваат во потполно друг правец.

Другата страна на животот - Page 2 Monicaaguirreqi6

Моника Агире (Карина Зампини)
Настојувајќи да го заборави тешкиот период од својот живот, Моника успешно работи како новинарка во Кордоба потполно преокупирана со својата работа. Иако на доаѓањето ги прекина сите контакти со Сантијаго, чувствата и понатаму не избледуваа, и покрај тоа што беше свесна дека повторниот контакт со него би можело да ги отвори старите рани. Сепак, кога набргу го прекинува контактот и со најдобрата пријателка Нина и дознава за нејзиното исчезнување, е присилена да се врати во Буенос Аирес и да дознае што точно се случува. Во жечба да се оттргне од она шо го остави позади себе со селидбата во Кордоба, се обидува да не му се меша на Сантијаго во потрагата на нејзината пријателка, но работите нема да бидат нималку поедноставни како што очекуваше.

Другата страна на животот - Page 2 Emmaibarrari0

Ема Ибара (Мерцедес Фунес)
Одлучна да ја поправи грешката која ја направи полицијата затворајќи го случајот на Гладис со назнака дека е збор за самоубиство, Ема започнува нов живот во Аргентина. Гледајќи дека Сантијаго очигледно многу знае за смртта на Гладис, одлучува да му се доближи за да дознае нешто повеќе, додека тој уверен дека целата нејзина приказна е чиста лага, во почетокот одбива било каква соработка со неа. Иако скоро никој не верува во нејзините тврдења, почнувајќи од самото тоа дека е сестра на Гладис, Ема ги изненадува сите со доказите во своја корист. Сепак, и таа крие тајни кои ѕверски се труди да ги задржи за себе.

Другата страна на животот - Page 2 Gabrielaraozia3

Габриел Араоз (Хуан Гил Наваро)
Еден од најважните припадници на масонската организација поради кое Кристина беше доведена до конечен суд, преместен е во Илуминатите – врховен слој на братството кој неприметливо управува си сите важни потези и крие низа тајни, па дури и оние од светски размери. Љубоморен на посебниот третман кој го користи Сантијаго уште од влегувањето во организацијата, младиот научник му е посебен трн во окото. Внимавајќи и на најмалата грешка која Сантијаго би можел да ја направи, ќе се соочи со посебните задачи кога Коре ќе науми да го скрши нивното влијаење.

Другата страна на животот - Page 2 Ninafontanpr7

Нина Фонтан (Магела Занота)
Иако успеа да помине преку тајните кои и ги криеше Хернан и одлучи да му даде нова шанса, фактот дека тој припаѓа на таа моќна организација не беше толку едноставен. Како што не смееше да знае ништо за поедините состаноци и луѓето со кој Хернан секојдневно е во контакт, Нина стануваше сè повеќе заинтересирана, а нејзиното мешање таму каде што не смееше би можело додатно да ја закомплицира работата. Додека својата љубопитност ја доведува до крајни граници, истовремено се допишува преки интернет со мистериозна личност чиј идентитет го крие од останатите, дури и од Хернан.

Другата страна на животот - Page 2 Hernanfarinaim7

Хернан Фарина (Фабијан Пицорно)
И покрај тоа што неговото пријателство со Сантијаво е скроз променето од исчезнувањето на Кристина, Хернан сепак е единствената личност со кој Коре може најмногу да му се довери кога е збор за организацијата. Под тежина на грижа на совеста бидејќи не му помогна во обидувањето да ја спаси Кристина, Хернан одлучува да го однесе Сантијаго до вистинските чекори за да не ја направи и најмалата грешка. Неговата врска со Нина понекогаш наидува на компликации, па дури и на љубомора но работите драстично ќе се сменат кога таа таинствено ќе исчезне оставајќи низ прашања зад неа.

Другата страна на животот - Page 2 Lucassantiid9

Лукас Санти (Освалдо Лапорт)
После измамата на братството чија цена не беше ни приближна како на Кристина, Лукас постигнува низа успеси воведувајќи одредени промени во магазинот, почнувајќи од самата уредничка. Импресиониран од новата главна уредничка на магазинот, Ема Ибара, веќе од нејзиното доаѓање нивниот однос станува и повеќе од посебен. Кога дознава за деталите од нејзиниот интимен живот кој со многу маки се труди да го скрие, сфаќа дека би можел да се позанимава со новите дознавања. Сепак, побргу од што очекува, Ема би можела да му врати со подеднаква мерка.

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 1:55 am

Вечерта полека се спушташе над Буенос Аирес додека луѓето полека се подготвуваа да си одат дома додека ги средуваа последните обврски за тој ден. Како што продавниците затвараа една по друг, така и сè помалку луѓе беа на улиците. Беше почетокот на есента, а со тоа и работен ден кој со себе донесе поприлично ладно време, помалку и невообичаено за оваа доба од годината. Во самиот центар на градот, во близина на средиштето на масонската организација, слабото светло од уличната ламба откриваше две ликови како стоеја во мракот. Додека тивко разговараа за нешто очигледно многу важно, една од нив наеднаш ја пушти цигарата на земјата и ја изгаси.
Па... мислиш дека ќе можеш? –се слушна длабок машки глас кога уличното светло наеднаш го откри лицето на Габриел.
-Секако дека ќе можам, веќе долго се подготвувам за тоа.
-Убаво. Кога ќе ја завршиш задачата, и официјално стануваш дел од нашето друштво.
-Конечно. –помисли личноста насмевнувајќи се.


Другата страна на животот
Епизода 2x1: Злобни игри (1 дел)


Само што откуцуваше седум часот кога Сантијаго, сè уште во полусон, полека ги отвараше очите и го тргна погледот на десната страна од креветот. Местото до него, таму каде што некогаш спиеше Кристина, сега беше исполнето со женска личност на чие име не се сеќаваше, колку и да се обидуваше, не можеше да се сети. –Зошто воопшто се трудам... –помисли и со тешко издишување тргна кон тоалетот. Завршувајќи своите основни утрински потреби, се подготви за на работа и за момент застана додека непознатата девојка уште беше во длабок сон. Некое време замислено зјапаше во нејзиниот неспокоен израз на лицето додека низ главата му поминаа мисли за животот кој го имаше претходно. За животот додека Кристина и Моника беа покрај него.

Земајќи го новчаникот, ги извади пари и ги остави на масата до креветот. –И повеќе од доволно. –незаинтересирано се тргна и побрза до блиското метро. Иако не сакаше гужва, поготово наутро, немаше некој избор но одеше со јавен превоз поради тоа што автомобилот привремено му беше на поправка. Беше тоа една од неговите глупи фрази во кои алкохолот му беше главен пријател, а кои во последно време беа сè почести, па беше само прашање времето кога некаде ќе удари со колата. Иако имаше вистинска среќа што се извлече без ниедна побреда, на момент помисли дека можеби би било подобро да го прекинел својот живот во автомобилската несреќа. И онака веќе ништо немаше смисла.

Додека луѓето нестрпливо ја чекаа станицата на која ќе излезат, младите беа со слушалките на ушите уживајќи во омилената музика, а оние старите дрдорејќи како е невоспитана оваа денешна младина бидејќи никогаш не би им го отстапиле местото на постарите. Сантијаго го посвети вниманието на еден наизглед обичен дел од весникот. Се зборуваше за скорото исчезнување на еден угледен аргентински доктор на кој никого, па дури ни полицијата, не може да му влезе во трага. Беше тоа само уште еден од низата случаеви кои никогаш нема да се разрешат па луѓето веќе не ни посветуваа големо внимание на таквите новости. Кога се присети на новиот член од братството за кој Габриел, сега еден од водечките членови, истакна дека ќе има посебна важност во нивните цели за напредокот на друштвото, сè му стана јасно. За какво точно напредување не знаеше ниту збор поради тоа што само врховните водачи, наречени Илуминати, имаа увид на сите тајни акции кои се одвиваа.

Во моментот додека застануваше на станицата, група луѓе навалија внатре па едвај успеа да излезе. Меѓутоа, не направи ни чекор кога се удри со млада жена чии работи во истиот момент се најдоа на земјата.
-Извинете... Дајте да ви помогнам...-изусти додека таа без зборови брзо ги ставаше работите внатре во торбата.
-Ма ништо, навикната сум на тоа. –му одговори. Помагајќи и да ги собере разните белешки, пенкала и нотеси изненадедно го покри ладна пот кога ја виде адресата запишана на една од хартиите. Беше тоа адресата од соседната куќа во која некогаш живееше Гладис и нејзината мајка.
-Од каде ви е ова...?! –не успеа да ја доврши реченицата кога младата девојка веќе се изгуби во гужвата. –Кој ѓавол ќе и е адресата на Гладис? Па таму веќе долго никого нема.


Кафе бар „El Britanico“ ; 07:40ч.

-Можеш ли барем на ЕДЕН момент да го оставиш тој лап топ? Имам чувство дека разговарам со ѕдиот. –додаде Хернан додека со Нина го пиеше утринското кафе во близина на редакцијата на магазинот „Lifestyle“.
-Морам да го довршам ова, денеска стигнува нова уредничка па подобро е да имам сè средено. –му одговори не мрдајќи го погледот од екранот.
-Ако не се лажам, работното време ти почнува од 8 часот.
-Знаеш и самиот дека ние новинарите немаме работно време. Затоа, не додевај сега... ме деконцетрираш.
-Аха... како и да е.
-Слушај ме ти... –застана на момент и го усмери погледот кон Хернан. –Мислам дека не си ти тој кој треба да преговара. Заминуваш секој ден на состаноци, поминуваш се‘; повеќе време во братството него дома а никогаш не ти преговарам!
-Тоа е друга работа.
-Ма немој! Ти ветив дека нема ништо да те испитувам за тоа само поради тоа што ти верувам, па подобро не ме влечи за јазик.
-Ќе претпоставам дека ова е под дејство на кофетинот. –заклучи Хернан обраќајќи внимание на неколкуте зголемени празни шолји кафе кои стоеја на масата. –Ајде чао, ќе те повикам подоцна. –ја бакна и набрзина замина во Институтот.

Неколку моменти подоцна во кафетеријата влезе млада девојка љубопитно барајќи со погледот место. Како што беше целата просторија веќе исполнета со луѓе, Нина и отстапи место на својата маса. Заинтересирано некое време гледаше во дојдената, очигледно беше нова бидејќи досега никогаш не ја видела во кафетеријата каде повеќето утрински гости беа секогаш истите, па со текот на времето „El Britanico“ им стана како втор дом, барем кога станува збор за пиење утринско кафе.
-Нешто појако, да ме раздрма за почетокот на денот. –одговори девојката кога келнерот ја праша што сака да порача.
-Нас не ни е обичај да служеме такво нешто во оваа доба на денот... Мислам, сигурни сте...? –изусти несигурно келнерот, беше помалку необично да нарачуваш такво нешто веќе во раното утро.
-Што ме гледаш така бледо?! Донесете ми го она што го барав, немам време за фрлање! Колку знам не ве плаќаат вас овде да зборувате со гостите. –нервозно викате девојката додека Нина зачудено гледаше.
Таман кога бурата се смири и кога девојката го доби саканиот пијалок, Нина, чии очи не се одвојуваа од екранот на лап топот, со невнимание ја истури шолјата на полуиспиеното кафе по белешките на веќе сосема доволно нервозната девојка. Незгодата, колку и да и се извинуваше Нина, направи вистинска експлозија, па гостите со подсмев гледаа на нивната расправија. Како шлаг на тортата, Нина ја зема и другата шолја кафе и ја истури врз хистеричната девојка.
-Ете, бар сега имаш зошто да попиздиш! –одговори насочувајќи се кон излезот.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“

Новинарите, на чело со Лукас, во собата за состаноци нестрпливо беа во исчекување на новата уредничка за која во уредништвото доста се зборуваше последните денови, мада никој не знаеше многу детали за дотичната жена. Дури ни Лукас немаше многу информации, единствено што надредените го известија за датумот на нејзиното доаѓање. Додека другите нервозно ги средуваа белешките настојувајќи да се покажат во најдобро светло пред новата уредничка, Нина само што завршуваше со настаните кои ќе бидат објавени во наредниот број. Неколку моменти подоцна, кога во просторијата се појави непознат лице, настана молк. Нина изненадно се стреси кога ја виде девојката, беше тоа онаа со која пред малку се караше во кафетеријата! Посрамена, брзо се вовлече во столицата и се криеше позади лап топот за да не ја виде новодојдената. Откако сите бледо ја гледаа непознатата девојка, таа одлучи да ја прекине мртвата тишина.
-Ема Ибара, драго ми е. –полека се насмевна. –Вашата нова уредничка.
-Ибара?! –се тргна Лукас наеднаш кога го слушна нејзиното презиме но пред да успее да праша нешто, Ема веќе почна со нејзината презентација.
Состанокот беше поприлично чуден, присутните всушност повеќе беа сконцентрирани на самата Ема него на нејзината презентација и плановите. Лукас едвај го дочека крајот на состанокот да позборува насамо со неа, Нина нервозно се клацаше со столчето надевајќи се дека Ема нема да ја примети наредните денови, барем додека не заборави на незгодниот настан во кафетеријата додека остатокот од новинарите со интересување го гледаа секој покрет кој го правеше девојката. Кога заврши состанокот присутните набрзина излегоа од салата за состаноци па Нина одлучи да ја искористи настанатата гужва и неприметно да исчезне. Сепак, не беше од некоја среќа бидејќи веќе во следниот момент се најде лице во лице со новата уредничка. –За тебе, драга моја... –се насмевна Ема- ...ќе имаш посебни задачи.
-По ѓаволите! –воздивна Нина седејќи уморно на столицата. –Ќе се скарам еднаш и тогаш тоа мора да биде баш мојата нова шефица. –размислуваше дека навистина нема среќа утринава. Од мислите ја прекина Сантијаго кој сврати до редакцијата за да поразговара со Лукас.
-Уште не ти почнало работното време? –го праша, помалку изненадена што го гледа во ова време надвор од Институтот.
-Откако сум свој шеф, немам работно време. –рече Сантиајго на што таа му потфрли дека навистина со својот труд заслужи унапредување во Институтот. Кога се сети дека всушност местото го доби само благодарение на братството, се почувствува како најголем бедник на светот, помал и од зрно грашок. Сепак, пред Нина која не знаеше ништо за неговото вклучување во организацијата на масоните, настојуваше да се преправа дека сè е во најдобар ред.
-А зошто ти треба Лукас? –праша со интересување, и покрај тоа што се обидуваше да не се чепка во туѓи работи.
-Ма не е толку битно, само нешто ме интересира... –застана Сантијаго. –Барем мислам дека не е битно. –настојуваше да се увери додека уште еднаш во мислите му се превраќаше утринската средба со девојката која имаше адреса на соседната куќа. Се надеваше дека можеби Лукас, кој беше поблизок со покојната Гладис, можеше да му даде некои информации за непознатата девојка. Нивниот разговор одеднаш го прекина Ема сакајќи да и објасни некои работи на Нина, меѓутоа, остана вчудоневидена кога го препозна Сантијаго.
-Не можам да верувам... –застана гледајќи ја девојката со која се удри утрината.
-Што се случило? –праша заинтересирано Нина. –И ти си ја извалкал со кафе?


Средиште на масонската организација ; 16ч.

Додека членовите на братството само што излегуваа од масонската ложа објавувајќи го уште еден од важните состаноци, низ тмурните облаци се појавуваше малку дожд носејќи со себе ладен ветар. Лошото време брзо ги натера луѓето да се затворат во своите домови па на улиците скоро немаше жива душа, а Сантијаго и Хернан беа едни од ретките кои во ова време, барем така се чинеше, тоа не им сметаше.
-Те нема скоро цел ден во Институтот, се случило нешто? –загрижено праша Хернан кога Сантијаго со невнимание згазна во поголема локва од вода.
-Се појави сестрата на Гладис...
-Каква сестра на Гладис? Па колку што знам та никогаш немала сестра, освен Каролина...
-Не знам, и мене ми е сè поприлично чудно. Разговарав со неа денес во редакцијата, го превзела местото кое некогаш го имаа Кристина и Моника.
-Чекај, чекај... сакаш да кажеш дека таа нејзина сестра, се појави така однаеднаш и веднаш го доби местото на уредничка? Ма дај, чиста лага...
-Не знам... Таа, се вика Ема, тврди дека досега живеела и работела во Европа. Се вратила во Аргентина наводно со намера да го расчисти случајот на нејзината сестра кога дознала дека полицијата го заклучила нејзиниот случај и сфатила дека мора нешто да превземе.
-Гледај стари, јас лично не верувам дека и е сестра, бидејќи психичот никогаш не ја спомна... а знаеш и сам дека се познававме многу долго.
-И мене тоа ми беше необично но проверив во полицијата, постои документ кој ја потврдува нејзината приказна.
-Поприлично чудно... –се замисли Хернан. –Не знам што да кажам за личност која никогаш не сме ја ни знаеле дека постои одеднаш се појавува со таква приказна...
-Колку сфатив одамна таа го прекинала односот со сестра си и мајка си заради некоја караница, не ми откри за што точно се работи па помислив – можеби тоа е причината поради која психичот никогаш не ја спомнуваше, бидејќи воопшто нема ниту една заедничка слика во нивната куќа...
-Би можело да е... не значи дека е точно, тешко е да се каже.
-Она што сега мене повеќе ме загрижува е тоа што таа се всели во соседната куќа и по нејзините зборови, нема да престане додека не го открие секој детаљ за смртта на Гладис.
-Сантијаго, претпоставувам дека си свесен на тоа како би требало да се држиш подалеку од неа...
-Зборувај ми за тоа...
-Најдобро е да се тргниш од било каков контакт со неа, знаеш какви се жените – и глупиот би го натерале да проговори. А ако дознае Ема нешто што не треба и се вплетка во случајот, братството одма ќе реагира.
И без предупредувањето на Хернан, Сантијаго сосема добро знаеше што ќе се случи ако и открие на Ема детали околу смртта на Гладис. Но од друга страна, таа му беше совршена прилика за братството, кој од ден во ден сè повеќе го мразеше, да му го возврати ударот. Да ги натера да платат за сè – за исчезнувањето на Кристина, за смртта на Гладис па и најнакрај, за заминувањето на Моника. За животот кој му го уништија. Недолго откако се раздели од Сантијаго, Хернан доби повик од Габриел.
-Па Хернан... има нешто ново? –се распраша.


Крај на 1. дел
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 1:55 am

(2 дел)

Темнината полека се прикриваше со последните капки дожд од тој тмурен есенски ден кога Сантијаго, изморен од денешниот ден, се враќаше дома. Во моментот додека се доближуваше, ја виде Ема како му доаѓа во посета од соседната куќа.
-Вие знаете, зар не? –нервозно го праша на што тој збунето ја погледна. –Што всушност и се случило на мојата сестра, вие знаете зар не?
Во тој момент низ главата му поминаа зборовите на Хернан за тоа како не треба ништо да и спомне на Ема бидејќи со тоа би можел да ја згрози положбата на братството.
-Слушајте, знам колку и вас...
-Не лажете ме, ве молам! Вие сте единствената личност со која од доаѓањето овде си ги доверив сите свои намери, а веќе добив и предупредување да се тргнам од понатамошна истрага!
-Добога, за што ви воопшто зборувате?
Во следниот момент се најде во подрумот во соседната куќа каде што Ема му покажа језовита сцена која ја виде враќајќи се дома. Две стари, прашливи кукли, замотани во коноп околу вратот висеа на греда на ормарот.
-Едната кукла претставува мојата покојна сестра, а другата мене – ако се мешам таму каде што не ми е местото. Само да знаете, нема да се предадам.
-Што воопшто сакате?
-Знаете добро дека Гладис не изврши самоубиствто како што заклучи полицијата, само не ми е никако јасно како никој не се осудил да го осветли случајот. И вие Сантијаго бевте уверени во таа теорија, бегство од затвор за на крајот да се обеси на мост –нема смисла, зар не? –утврди вознемирено Ема. –Не ми оди во глава зошто најнакрај сте се откажале од тој случај...
Гледам дека сте доста добро информирани... –сомнително одступи. –Гледајте, вашата сестра имаше работа со опасни луѓе, затоа ви препорачувам да не се вплеткате во никаква истрага. Тоа е сè што можам да ти го кажам. За ваше добро.
-И вас ве замолчија? –го праша на што тој немаше одговор. –По ѓаволите, тргнете се малку! Зар е можбно толку да се плашите од тие луѓе?
Иако ја предупреди да ги остави работите какви што се, Ема беше решителна во својата намера виновниците да платат за смртта на својата сестра. Неправдата која беше направена едноставно не и даваше мир, а Сантијаго, во недоумица што да направи, не можеше да ги избегнува средните со неа бидејќи веќе беа соседи.
Веќе следното утро одлучи сериозно да поразговара. И покрај тоа што обврска му беше да ја штити организацијата, целата приказна за Гладис сепак и ја довери на Ема,но фактот дека тој и самиот е еден од припадниците на братството одлучи да го задржи за себе.
-Сфаќате ли сега колку е сложена ситуацијата за да се обидувате нешто? –придодаде на излезот.
-И повеќе од што очекував.
Додека нив двајцата во жарот на разговор полека ја поминуваа улицата, не ни го приметија автомобилот кој со луда брзина се приближуваше. Недостасуваше само неколку секунди да ја удари Ема но Сантијаго успеа да изреагира во последен момент спречувајќи трагедија.
-Тоа беа тие... Тие...-изусти уште видно потресена од ситуацијата. Не ни помина ни секунда кога изненадно заѕвони телефонот на Сантијаго.
-Те очекуваат во Средиштето. –се слушна смртно сериозниот глас на Хернан од другата страна на мобилниот.


Средиштето на масонската организација

-Сантијаго... знаете ли кои услови ги прифативте при вклучувањето во нашето братство? –праша Габриел кога заедно со 4 други Врховници се најдоа во просторијата за состаноци.
-Секако.
-А заклетвата при иницијацијата? – Дека сè што и да се случи во братството, останува во братството? Дека се штитиме едни со други? Дека измамата скапо се плаќа?! –беснееше Габриел. –Зар веќе заборавивте како го плати Кристина својот инат?
-Секако дека не...
-Тогаш, зар вас не ви беше доволно јасно дека со новата соседка, сестра на нашата драга покојна психијатарка, НЕ СМЕЕТЕ да се мешате?
-Не се ни обидував...
-Навистина? А гледајте, ние имаме други информации. Дури, знаеме дека Ибара е многу добро упатена во деталите околу смртта на својата сестра.
-Не гледам што има врска тоа со мене.
-Вече и додадовме до знаење да се држи поделаку од случајот на сестра си, меѓутоа, очигледно заборави на тоа па моравме да превземеме построги мерки. Овој пат се извлече благодарение на вас, Сантијаго, но следниот пат нема да ја има истата среќа.
-Што воопшто сакате од мене?
-Да се оддалечите од неа, ништо повеќе. Ако ја загрозувате нашата положба уште повеќе, ќе се решиме од неа како и од сите останати. Сметајте го ова како една вид тест на молба која ја извршивме од вашето влегување во братството.
-Ти реков да не се мешаш таму. –му рече Хернан на Сантијаго додека излегуваа од масонската ложа.
-Доста ми е од сè... Знаеш, понекогаш мислам дека не би било толку лошо да загинам во онаа несреќа.
-Не драматизирај, сè ќе среди.
-Навистина? Тебе ти е толку сето тоа едноставно, Хернан?! Зар не гледаш во што западнав? Ги лажам луѓето кои некогаш веруваа во мене, работата која пред тоа беше моја страст се претвори во обврска а покрај мене... немам никој... Секое проклето утро се будам покрај непозната личност, ни курвата не можам да ја гледам како што треба!
-Се извинувам, знам дека ти е тешко... Само сакам да бидеш свесен дека можеш да сметаш на мене...
-Можам ли? Ха? Гледа, не сум повеќе ни во тоа сигурен! –бесно се тргна и замина некаде.
-Каде одиш?
-Ќе го направам она што одамна требаше да го направам!


Домот на Сантијаго ; вечер

Сонцето веќе одамна беше исчезнато кога Сантијаго стигна дома. Полека влезе во собата и посегна до ормарот каде што го држеше пиштолот. Се присети на зборовите на Габриел кога му го дадоа оружјето при влегувањето во братството – да го користи само во навистина потребни случаеви. Некое време бледо го гледаше прашувајќи се дали сега е вистинското време за прв пат да го употреби, дали сега е тој потребен случај.
Притисокот кој го чувствуваше во тој момент беше преголем за едно човечко суштество. Додека од една страна Ема беше упорна во намерата да и помогне, од друга страна братството го тераше да се реши и да го држи јазикот за забите. Губеше во секој случај.
-Требаше пред многу време да ја завршам целава приказна. –помисли вперувајќи го пиштолот на главата додека, треперејќи, прстот полека му одеше кон целта. Веќе во следниот момент во куќата одекна истрел.
Неколку моменти подоцна, ги отвори очите и се најде на земјата. Со бледиот поглед некое време зјапаше во напукнатото прозорско стакло, а потоа, разбиструвајќи си ги мислите сфати каде всушност исчезнал куршумот. Беше тоа моментот кога нешто се скрши во него, кога се роди сила која му недостасуваше сево ова време. Зар можеше да биде толку глуп и да допушти другите да манипулираат со неговиот живот, да го докрајчат до крај? Беше време да стави крај на ова. Го зема телефонот и ја повика Ема која веќе после неколку секунди се јави на повикот.
-Сакам само да ти кажам дека можеш да сметаш на мене, ќе ги закопаме тие гадови под земја!


Во близина на средиштето на масонската организација ; 23ч.


-Не очекував толку брз потворен состанок. –рече Габриел при доаѓањето на Сантијаго. –Претпоставувам дека сте ја одбрале вистинската опција.
-Секако дека ја одбрав.
-Убаво. Значи, не треба повеќе да се замараме за Ибара?
-Ќе се потрудам да не ни смета на патот, но исто така сакам да знам кои се условите кои ми се потребни да се пробијам.
-Како тоа мислете, да се „пробиете“, Сантијаго?
-Да станам дел од илуминатите!

Крај на 1. епизода
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 4:48 am

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 2x02 : Лажни насмевки (1 дел)


-Каква е таа глупост дека сакаш да се придружиш на Илуминатите? –го праша Хернан Сантијаго при доаѓањето во Институтот.
-Најпрво би рекол дека тоа е најпаметната одлука која би можеш да ја донесам во овој момент. –му одговори на што Хернан уште помалку ја сфаќаше целата ситуација.
-Или јас сум глуп, или ти си луд.
-Ни едното ни другото. –се насмевка Сантијаго. –Зар не сфаќаш дека со тоа ќе бидам на самиот врв, ќе имам контрола над сите... вклучувајќи го и сопствениот живот.
-А од кога тебе те интересира моќта и позицијата?
-Луѓето се менуваат.
-Да, луѓето се менуваат но не и ти, Сантијаго. Премногу добро те познавам за да подлегнам на оваа приказна.
-Зар воопшто инсистираш на ова објаснување? Да му го раскажеш на Габриел за целиот овој разговор?
-Не знам за што всушност зборуваш... –нагло застана Хернан скренувајќи го погледот.
-Очекуваш да поверувам во тоа? –Тогаш си понаивен и од мене.
-Слушај, погрешно ги сфаќаш некои работи...
-Јас сфаќам сè совршено и јасно! Знам дека ти му кажа сè на Габриел за она што ти кажав во намерите на Ема.
-Па женската е поматна отколку што мислиме, тоа би требало да ти биде сосема јасно кога веќе си толку паметен. Не сфаќам што е толку посебно да и веруваш во секој збор кој го изговара... Впрочем, братството и без мене би дознало за секој нејзин потег.
-Само ти се трудиш малце да ги олесниш тие работи, така? Вистинскиот член.
-Не би ти било од лошо да се потрудиш. Во спротивно, не знам како мислиш да ја оствариш твојата изненадна „желба“ да се пробиеш во Илуминатите.
-Постојат и други начини, нема потреба да се спуштам на тоа ниво.

Иако се обидуваше да остане имун на зборовите на Сантијаго уверен дека како и во секоја караница, го кажува она што не го мисли, Хернан беше повреден од неговите мисли.
-Кога ќе ја остварам целта, ќе ми платат сите оние кои се заебаваа со мене уште од почетокот. –изусти Сантијаго на заминувањето од својата канцеларија. –Ете, ја знаеш вистинската причина за мојата одлука. А сега биди такво гомно и истрчи сè да му кажеш на Габриел.


Редакцијата на магазинот „Lifestyle“ ; 09:10ч.


-Верувај ми, работите станаа уште полоши откако ја вработија... не знам како ќе излезам на крај со оваа вештерка. –се натажи Нина додека објавуваше телефонски повик за време на работното време. Брзо ја прекина врската кога изненадно се појави Ема, чие намуртено лице и даваше факт дека слушна дел од телефонскиот разговор.
-Приватните разговори се забранети за време на работното време. –кратко изусти Ема, на што Нина направи гримаса.
-И не сакам никакви гримаси позади грб! –придодаде усмерувајќи се кон канцеларијата на Лукас.

-Господе, па уште и видовита е! –помисли Нина и неколку моменти подоцна се фрли на назад на работа. Гледајќи дека и недостасуваше воведниот дел кој требаше додатно да го лекторира за новиот број, се упати кон канцеларијата на Ема. Меѓутоа, ни после долгото побарување на лап топот, не успеа да го пронајде саканиот дел па стана очигледно дека Ема воопшто не го ни почнала.
-А тогаш јас ќе бидам крива ако бројот касне! –луто воздивна. Баш кога имаше намера да се врати назад, внимание и привлекоа необичните документи во лап топот на Ема. Побарувајќи по датотеките, застана на момент. Поприлично шокирана, брзо ја зема телефонската слушалка во рацете и започна да го отчукува бројот на Сантијаго.
-Мораме да се најдиме, имам да ти кажам нешто важно! –вознемирено зборуваше обидувајќи да се собери, на што Сантијаго се прашуваше за што би можело да станува збор. Лицето и пребледна кога Ема изненадно се најде во канцеларијата.
-Што работиш со мојот лап топ?!


Институт за истражување на паранормални појави ; 10:00ч.


-Гледам дека нашиот научник го нема... –рече Габриел доаѓајќи во Инситутот.
-Последните денови повеќе време поминува шетајќи се наоколу него на работа. –му одговори Хернан прашувајќи го притоа што го доведува наваму.
-И подобро да го нема. Па, успеа ли нешто да извлечеш?
-Не знам, не баш... –застана Хернан додека изразот на лицето му откриваше дека не се чувствува ни малку згодно во настанатата ситуација.
-И ти и јас знаеме дека позади неговите желби да се придружи на Илуминатите крие нешто друго. Затоа Хернан, за тебе е подобро да ми кажуваш за што всушност станува збор.
-Па ти кажувам... –вознемирено одговори, -... не знам. Не успеав ништо да дознаам.
Свесен сум намерите на Сантијаго го прават да стане негов учесник во планот за одмазда на братството, Хернан сепак се одлучи да замолчи за она што го знаеше. На Габриел неговата приказна му се чинеше прилично сомнителна, меѓутоа, одлучи работите да одат по својот тек.
-Ако ти така велиш. –Само, претпоставувам дека знаеш колку скапо ќе платиш доколку се обидуваш да ме измамиш. –придодаде Габриел на заминување.


Кафетерија „Ел Британико“ ; 10:05ч.

Додека повеќето луѓе во овој период од денот беа на работа, Нина издвои неколку минути и скришум излезе од редакцијата за да се состане со Сантијаго. Датотеките кои ги најде на лап топот на Ема очигледно беа од голема важност па нивниот разговор не можепе долго да чека.
-Ти велам, женската е луда сто гради! Психопат, како и нејзината покојна сестра... очигледно лудоста е наследна.
-Нина, те молам, не сме во трилер филм! –рече Сантијаго со насмевка на неверување на лицето. –Веројатно си стекнала погрешен заклучок.
Погрешен заклучок?! Знам што сум пронајдила! Немој да ме правиш луда... –се почувствува Нина помалку повредена. –Дрдорка сум, но луда не сум.
-Во ред... Можеби имаш право.
-ИМАМ право. Многуте твои, на Кристина и слики од Моника... и тоа со прекрасни биографии за вас, и за сè што се случи со „смртта“ на Кристина па до крај. Како би го сфатил тоа?
-Да... –застана Сантијаго на момент. –Кога подобро ќе размислам, не е ни чудо што е толку информирана за сите настани што се случија.
-Само сакав да те предупредам на време да се пазиш од Ема, не е баш така сè едноставно како што таа сакаше да ни претстави.
-Ќе откријам што всушност сака да направи, не грижи се.
-Хернан ми раскажа за твојата блискост со неа па заклучив дека најпаметно ми е да ти кажам што пронајдов.
-Должник сум ти за ова, туку... сакав да поразговараме за нешто.
-Не е ваљда повторно нешто трагично? –праша Нина гледајќи го тажниот израз на неговото лице.
-Ма не, -полека се насмевна, -сакав да знам како е Моника... Веќе долго не сум слушнал ништо за неа.

***

Времето помина за момент и веќе се ближеше крајот на попладнето кога Сантијаго се упати кај Ема. Првобитната идеја за тоа дека може да му помогне во скорешната битка сега беше уништена, сепак требаше најпрво да ги провери нејзините вистински намери. Сакал да го признае тоа или не, Хернан беше делумно во право кога го предупреди да се оддалечи од Ема.
-Ги набавив документите кои ќе бидат доволен доказ колку лошо ја извршила работата полицијата околу смртта на мојата сестра.
-Од каде ви е тоа? –љубопитно праша Сантијаго.
-Па... да кажеме дека имам некои врски во полицијата.
-Интересно. –полека се насмевна насочувајќи го погледот кон Ема. –Сега нас нема да ни биде од пресудна важност но во конечната добро ќе ни дојде.
-Да бидеме на „ти“, ве молам... –предложи Сантијаго на што таа скоро неприметливо му кимна со главата. –Имам некои идеи, само ќе ми треба твоја помош детално да ги реализирам.
-Секако, сметај на мене во целост. –се насмевна Ема и нагло тргна слушајќи го звукот од телефонот. Кога ја подигна слушалката, се јави и лицето и доби болна гримаса.
-Извини ме за момент. –кратко изусти и притоа исчезна во соседната соба за да го изврши приватниот разговор.
-Да сметам на неа во целост... како да не. –помисли Сантијаго, одлучен во тоа да не му верува на никој толку слепо, и брзо да го искористи моментот кога Ема се тргна во другата соба. Го зема нејзиниот лап топ за да ги пронајде датотеките за кои му зборуваше Нина. Меѓутоа, остана прилично изненаден кога не најде баш ништо па се запраша дали може Нина ги испомешала работите. Баш кога се слушнаа чекорите на Ема кои доаѓаа од соседната просторија, во последен момент тој го заклопи лап топот и продолжи да се претвара дека ги прегледува документите.
-Нешто се случило? –праша настојувајќи да ја виде нејзината реакција.
-Ништо важно, некои мои глупости. –се насмевна и го префрли разговорот на друга тема.

Крај на 1. дел
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 4:49 am

(2 дел)

Редакцијата на магазинот „Lifestyle“ ; следниот ден – 07:00ч.


-Од каде вие волку рано? –го праша Лукас Сантијаго кога го сретна при доаѓањето во редакцијата.
-Сакав да ја избегнам гужвата па дојдов пред работното време, среќа што те затекнав овде. Дојдов лично да те замолам за услуга.
-Тогаш мора да станува збор за нешто важно.
-Дефинитивно. –одлучно рече Сантијаго. –Знам дека не сме во најдобри односи откако се случи целата таа збрка со Кристина, но можеби е време да поминеме преку тоа. На крај краева, „браќата“ мора да бидат сложни, не мислиш така?
-Да... него од каде оваа брза промена?
-Па да кажеме дека имаме некои заеднички интереси.
-Ма да? –изненадено гледаше Лукас. –Не ми беше ни на крај памет дека утрово би можел да го слушнам тоа, поготово од тебе. Тогаш... кои ни се заедничките интереси?
-Ема Ибара.
-Не мислиш валјда да ја.. –застана Лукас, -знаеш... елиминирам? Сепак братството ти ја довери таа задача тебе.
-Секако дека не. Она што сакам е да провериш.
-Ни ти не веруваш во приказната за крвната врска со покојната психијатарка, ха? –се подсмевна.

***

На утрото полека му се приближуваше крајот додека Лукас нестрпливо чекаше прилика кога Ема ќе излезе од работата. Беше уверен дека ако ја следи, би можел да дознае што всушност се крие позади нејзините наводни желби за правда. И не се лажеше. Од мислите изненадно го прекинаа кога се слушна звукот на телефонот. –Тргна. –кратко го извести Нина, на што веднаш стана, ја зема јакната и со светлосна брзина тргна по Ема. На негова среќа успеа да стигне пред да влезе во таксито, а кога конечно тргна, ја запали колата и тргна по неа. Откако таксистот некое време кружеше по градот и чекаше да изврши потребни купувања, Лукас скоро се откажа од следењето уверен дека Ема, барем не денес, нема да открие ништо сомнително. Поминуваше низ обични места, извршуваше шопингување, плаќаше сметки во банката... сè она што прават и другите.

Баш кога сакаше да се откаже и да се врати назад во редакцијата, работите тргнаа во неочекуван правец. Таксито во следниот момент се упати према самиот центар на градот додека не застана на неговото добро познато место. –Ма види ја ти кучката...-остана во неверица и веднаш го зема мобилниот да му се јави на Сантијаго.
-Како што очекувавме, посомнителна е и отколку што мислеме. –го извести Лукас додека во гласот му се приметуваше сладок жар на победа. –Да се најдиме за десет минути, подобро би зборувал за ова во живо. –предложи Сантијаго и ја прекина врската.

Додека го завршуваше разговорот, Ема веќе не беше на виделина. Излезе полека од автомобилот и тргна спрема зградата уверен дека не може да замине далеку во толку краток момент кога изненадно застана почувствувајќи нечија присутност позади себе. –Кажи му уште еден единствен збор за ова и ти се колнам, ќе те уништам веднаш! –ладно изусти Ема држејќи го пиштолот насочен кон Лукас..

Инситут за истражување на паранормални појави


Баш кога се спремаше да излезе од канцеларијата за да се најде со Лукас во блиската кафетерија, Сантијаго го прекина звукот од мобилниот. Уверен дека нешто Лукас најверојатно заборавил да му каже, брзо се јави не гледајќи го позивниот број. Меѓутоа, од другата страна на телефонот изненадно се слушна женски глас кој најмалку го очекуваше. Гласот кој одамна го немаше слушнато, а кој веќе предолго му недостасуваше.
-Сантијаго... –изусти додека во очите и се надзираа солзи.
-Тоа... си ти? –збунет и шокиран од ситуацијата едвај испушти глас, обидувајќи се да се собере.
Врската во следниот момент прекина и сè она што сакаше да го каже исчезна за момент, баш како тогаш кога ја виде за последен пат. Кога ја изгуби.

-Колку сум глупа... –воздивна тажно и ја подигна главата.


Крај на 2. епизода



Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 4:16 pm

ДРУГАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ
Епизода 3: Време е за забава!


(прв дел)

Во моментот откуцуваше попладне кога Сантијаго седеше во блиската кафетерија пред Институтот чекајќи новости за кои Лукас сакаше да поразговара во живо. Очигледно дознал нешто повеќе важно за Ема кога не сакаше да му го соопшти вестите преку телефон, што го наведе Сантијаго да се посомнева во одлуката тотално да ја прифати помошта од Ема. Ако и тоа воопшто беше помош.

-Извини што доцнам... –се извинуваше Лукас седнувајќи на столот додека лицето му беше покриено со немир и незгода која во тој момент ја чувствуваше.
-Нема проблем, мислев дека сум јас тој што доцни. –го започна разговор Сантијаго нестрпливо чекајќи да го дознае новите информации. –Па? Што крие нашата драга новинарка?
-Добро, можеби и не е така сензационално како што звучев преку телефон...-додаде Лукас- ... но интересно секако дека е. Ја следев некое време и баш кога помислив дека нема да откријам ништо што би можело да не интересира, тргна во нашата сосема добро позната насока.
-Во... добри позната насока?
-Во канцеларијата на Гладис.
-Па добро, не гледам што е тука толку чудно.. –застана Сантијаго. –Сепак и била сестра. Барем така тврди.
-Вистина, но прашање е што работи таму бидејќи колку што знам ординацијата сега и припаѓа на новата психијатарка. Кога ја запарашав бившата секретарка на Гладис која уште работи таму што ја доведува Ема во ординацијата, ми кажа нешто што тотално ме збуни.
-Што тоа?
-Ема најверојатно дошла да ги земе работите на Гладис, мислам, има право на нив ако и е сестра но не е работата во тоа... туку како се претставила.
-Сега уште помалку сфаќам што сакаш да ми кажеш...
-Не се претставувала како сестра на Гладис, Сантијаго!. Се претставила како некоја нејзина пријателка, Ема Наваро.
-Молам?! –Сантијаго остана поприлично изненаден со новостите.
-Таква беше и мојата реакција. Зошто нас би ни се претставувала како Ибара а наоколу користи друго презиме, друг идентитет?
-Знаев дека мати нешто.
-Очигледно е од самиот почеток, Ема дефинитивно не е личност на која треба слепо да се верува.
Нивниот разговор го прекина мобилниот на Сантијаго. Не беше претерано воодушевен од повикот кој го прими, штом ја прекина врската и полека стана и се подготви за заминување.
-Ме бараат во братството. Се слушаме подоцна... и јави ми ако дознаеш уште новости. –прододаде Сантијаго на заминување и набрзина исчезна од кафетеријата. Не помина ни неколку минути кога се појави Ема и седна на масата кај Лукас.
-Па.. дали попушти на приказната која ја смисли? –праша и полека се насмевна кога Лукас и даде потврден одговор.


Средиштето на масонската организација ; 12:30ч


При доаѓањето на состанак со Владетелите, Сантијаго беше свесен дека скорешниот разговор ќе влијае на неговите одлуки за пристап на Илуминатите. Знаеше дека мора да внимава на секој збор кој ќе го изговори и секоја одлука која ќе ја донеси. Сe мораше да биде совршено испланирано за братството да не се посомнева во неговите вистински намери и ништо да не го загрози неговиот план. А ова беше само почеток. Во моментот додека одеше кон салата за сотаноци, слушна гласови при дното на ходникот кои му привлекоа внимание. Се чинеше дека некој беше во вистинска расправија па љубопитно тргна кон просторијата од која допираа гласовите. Лицата на личностите кои се наоѓаа внатре не можеше да ги виде, но гласовите беа сосема доволно силни да се обиде да дознае за што разговараат.
Краницата изненадно прекина кога се слушнаа чекорите кои се доближуваа до вратата.
-Уште еден доктор? –праша нечиј глас од другата страна на вратата.
-Нема да биде штета. Што повеќе ги имаме, толку порано ќе завршиме со опитите и ќе поминеме на другата фаза.
-Просторијата за состаноци е на другиот крај од ходникот! –се тргна Сантијаго кога го слушна гласот на Габриел позади грб. –Мислев дека барем тоа го знаеш со обзир на тоа што си член веќе повеќе од пола година.
-Сите можат да згрешат. –одговори ладно Сантијаго и се упати заедно со него на состанок.

-Сигурно веќе претпоставувате дека овој состанок е за вашите одлуки на одење кон најголемите должности. –рече Првиот Врховник на почетокот на разговорот.
-Секако. –кратко одговори Сантијаго не оддавајќи никакви знаци на нервоза.
-Бидејќи сте толку одлучни во својата одлука, имаме нова задача за вас. Ништо комплицирано, тоа ќе биде само еден од тестовите кои ќе морате да ги поминете за да ви помогнеме за да ве примиме во своите редови.
-Само кажете за што станува збор и тргнувам со извршување на задачата.
-„Бордонаба лабороторија“, не знам, ви звучи ли вас познато? –се префрли во разговорот Габриел. –Таму дававте анализа на лековите во несреќната приказна со покојната психијатарка.
-Да... –се присети во тој момент дека резултатите беа спротивни од она што тој и Моника очекуваа. -... Само не гледаш каква врска има тоа со ова?
-Па да кажеме дека има нешто што нас не интересира.
-И јас, претпоставувам, треба вам тоа да ви го извршам?
-Како и мислев, брзо сфаќате. –се насмевна Габриел. „Лабораторијата“ поседува одредени пдоатоци кои нас ни компромитираат, посебно мене затоа што бев главен задолжен... за некои работи кои ги извршивме таму.
-Накратко, треба да се решиме од доказите?
-Баш така. Веќе нас не оценуваа но не доаѓа во обзир да подлегнеме на нивната игра. Уште вечерва тргаме во акција. –изусти Габриел и му стави некаква хартија во рацете.
-Целиот план е тука и не би требало да има грешки. Во спротивно, ако уништите, нема добро да си поминеме. А верувајте ми, ќе се потрудиме истото да ви се случи и вам.

Како помошник во оваа работа му го доделија Хернан, за кој Габриел беше уверен дека ќе биде најдобар избор да го следи Сантијаго. Сметаше дека на овој начин воедно и ќе провери на чија страна всушност стои Хернан кој во последно време му стануваше сe повеќе сомнителен.


Редакцијата на списанието „Lifestyle“


-Не знам баш колку паметна беше таа идеја... Подобро ќе беше ништо да не се ни обидував. Вака испадна тотално глупо од мене!
-Стара, би требало добро да размислиш уште еднаш дали твоето доаѓање беше најбистрата одлука која можеше да ја донесиш. Знаеш дека ни јас не се сложував баш со тоа... -воздивна тажно Нина извршувајќи го телефонскиот разговор.
-Извини, морам да прекинам! Доаѓа вештерката. -додаде и го прекина разговорот.
-Донеси ми ги оние документи на кои работеше до пред некој ден. Магазинот оди вечерва на печатење па и немам баш време за конечно средување! -заповедуваше Ема и ја затвори вратата од својата канцеларија.

Нина беше горда на своето мало истражување за модните трендови оваа есен, а уште повеќе на тоа што Лукас воодушевено ја прифати нејзината идеја. Брзо го зема лап топот за да и го однесе на Ема она што го бараше, меѓутоа, ја дочека ладен туш кога од документите не беше ни трага. Брзо сфати во каква неволја се најде, со тоа што Ема сега ќе ги изгуби и они малку нерви кои ги имаше кога дозна дека го нема документот.
-Документите исчезнале? Ма немој, а што се случило? Добија крилја и излетаа?! -се подсмевна Ема на што Нина беше прилично изненадена од реакцијата. Се чинеше дека наместо типичното проповедување настојува целата ситуација да ја преврти на шега.
-Се надевам дека сфати како е подобро да не се мешаш во моите работи. -иронично додаде Ема додека Нина, излегувајќи од канцеларијата, изненадено застана кога сфати кој ги избришал нејзините документи за да ја повреди и уништо она на кое работела цело време.

„Бардонаба“ лабораторија ; 00:05ч


-Подготвени? -ги праша Габриел Хернан и Сантијаго пред влегувањето во лабораторијата.
-И повеќе од спремни. -подло се насмевна Сантијаго и веќе во следните неколку моменти тргнаа во акција. Поради тоа во ова време лабораториите беа затворени, најлесниот начин за влегување беа цевките за одвод на воздухот. -Мислев дека има и поедноставни начини за поткраднување во лабораторија. -зборуваше Хернан по што Сантијаго го турна и му даде до знаење да продолжи понатаму без приговарања.

Баш кога имаа намера да одат во ходникот од лабораторијата, Габриел низ решетките изненадно го виде чуварот кој ја надгледуваше целата просторија. -Чекајте! -ги застана и ги предупреди да замолчат. Одлучија да почекат некое време за чуварот да се оддалечи па тивко да излезат од ходникот и да продолжат понатаму. Кога очекуваната ситуација конечно се случи, Габриел брзо ја тргна решетката на одводот и после влегувањето во ходникот, се врати на првобитното место. Хернан набргу забрза по клучот од канцеларијата на управникот и баш кога чуварот се враќаше назад во ходникот, успееја да се префрлат на вториот кат.

Бидејќи на другиот кат немаше никој, дури ни чуварот, се чинеше дека остатокот од работата ќе биде полесен. Меѓутоа, веќе при првиот чекор, Сантијаго ја виде надзорната камера која ги следеше нивните чекори. -По ѓаволите! -панично велеше Хернан уверен дека целиот план би можел да им падне во вода.
-Подобро би ти било помалку да драматизираш. -изусти Габриел додавајќи дека тој веќе има искуства со ваквите работи и затоа дека нема причина за паника. Кога успеа да ги исклучи надзорните камери, Хернан и Сантијаго брзо се упатија во канцеларијата на управникот каде се наоѓаше главната мета.
-Побрзајте! Немаме многу време пред идиотите да сфаќат дека камерите се исклучени. -ги предупреди Габриел и стоејќи пред канцеларијата, одлучи да внимава никој да не наиде додека Хернан и Сантијаго внатре ја извршуваат задачата.

Редакцијата на магазинот „Lifestyle“; 00:10ч.


Откако повеќето новинари во ова време веќе беа во своите домови, Нина беше една од ретките присутни во редакцијата настојувајќи да ги заврше документите и материјалот за новиот број во последен момент. Чепкањето по лап топот на Ема и се одби во главата, но немирна каква е, не сакаше да и ја препушти победата на Ема. Кога материјалот беа конечно готови и ставени во новиот број, Ема со уморно воздивнување полека се упати кон дома. Штом веќе не беше на видик, Нина веднаш ја искористи приликата и тивко се пикна во нејзината канцеларија.

(крај на 1. дел)
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 4:17 pm


(втор дел)


„Бордонаба“ лабораторија ; 00:15ч.


-Комбинацијата? -праша Сантијаго на што Хернан му пружи помала хартија на која имаше запишано неколку обични броеви. Беше тоа всушност комбинацијата за сефот скриен позади сликата, кои веќе во следните неколку свртувања успеа да го отвори. Сантијаго брзо влезве внатре и ги пронајде документите за кои Габриел зборуваше.
-20.11.07., 27.11.07., 13.12.2007.... -беа тоа само некои од датумите кои беа забележени во документите. -... кој е овој ѓавол? Непознати супстанци, обиди одржани на луѓе од 18-45 возраст...
-Пушто го сега тоа, Сантијаго! Немаме време!
-Вршат илегални обиди, па секако...-се шокира Сантијаго кога изненадно се сети како братството во последно време се‘ повеќе користат доктори и научници. Обидите кои ја издвојуваа организацијата, веќ не можеа тајно да поминат во лабораторијата бидејќи ги разоткриле и притоа ги уценувале, па братството сфатило дека најдобра опција е да ги зачува во своите простори.
-Го најдовме она што ни треба, сега одиме! -вознемирено одговори Хернан на што Сантијаго го спречи.
-Сфаќаш ли дека со ова можеме да го уништиме Габриел? Тој е главниот задолжен за илегални акции кои биле одржувани овде.
-А ти сфаќаш ли колку е луде идејата и дека братството нас ќе не убие ако им одиме на спротивна старна?
-Зошто не би ги играле и двете? -се насмевна Сантијаго додека Хернан воопшто не сфаќаше кој начин истовремено ќе го користат да работат на нивната страна а истовремено да бидат и против нив.
-Габриел е пред вратата, немаме време за ништо. Земи ги документите и одиме!
-Хернан... сакаш ли да ми помогнеш или не?! -праша Сантијаго давајќи му ги пола документи кои требаа да ги украдат. Ништо не му одговори и после неколку моменти реши да му помогне. -Ти скенирај го овој дел, јас другиот. -кратко рече Сантијаго и после неколку секунди работа, компромитирајќи, документите беа внесени во компјутерот.
-Јас навистина не сфаќам што планираш да правиш...
-Знам јас добро што да правам, затоа, смири ги нервите. -му одговори на Хернан и со неколку кликови ги прати скенираните документи на својот меил.
-Што толку правите внатре, по ѓаволите?! -се слушна изненадно бесниот глас на Габриел од другата страна на вратата. -Чуварите саом што не дошле!
Во тој момент брзо се најдоа во ходникот и пред некој да ги примети, го вратија клучот назад на местото и исчезнаа надвор.


Следното утро


-Ух, колку возбудувања! -додаде Лукас гледајќи ја Ема како нестрпиво го чека доаѓањето на новиот прој, свежо испечатен минатата ноќ.
-Мојот прв број, како не би била возбудена?!
-Секако, сите така се чувствуваат приот пат... Подоцна тоа станува рутина. -префрли со раката Лукас.
-Нема да ми ја уништиш веселбата. -ладно му одговори и потоа му дофрли со насмевка на лицето. -Едвај чекам да ја видам својата слика и името во воведниот дел. КОнечно сите службено ќе ја запознаат новата уредничка на магазинот!

Не помина ни неколку минути кога списанието на кое толку чекаше, конечно стигна во нејзините раце. Меѓутоа, реакцијата каква што ја очекуваше веќе не беше на видик.
-Кој проглед ѓавол е ова?! -и довика гласно на Нина која беше при доаѓање.
-За што зборуваш?
-Мојот воведен дел, што се случило?
-Не знам... можеби ЛЕТНАЛ? -и одговори на Ема настојувајќи да не се насмее.
-Слушај ме, мала! Го прегледав цел магази непосредно пред носењето во печатницата и се‘ беше во совршен ебен ред!
-И?
-И од каде твоето име на местото на главна уредничка? Знам дека ти тоа намерно си го заебала!
-Слушај ме, вештерко, -наеднаш Нина го промени тонот - веќе многу долго работам овде и едно научив : никој, ама баш на никој нема да му допуштам да ми се меша во работата. Затоа... да се мешаш во моите делови ова да ти биде прв и последен пат!


Средиштето на масонската организација ; 13:00ч.


-Па, средено? -го праша еден од Врховниците Габриел кој само што ги прегледуваше некои од документите во својата канцеларија.
-Секако. -изусти додека насмевката на задоволство му се гледаше на лицето. -Фарина и Коре сосема пристојно ја извршија својата задача. Доказите за илегалните обиди веќе ги нема.
-Сигурен си дека тоа беа единствените документи таму?
-Во целост. Од сега можеме да спиеме со мирна душа. -се насмевна и запали цигара.

За тоа време, Сантијаво во својата канцеларија ги принташе документите кои успеа да ги прати на меилот за време на кражбата во лабораторијата. Копиите од доказите за кои Габриел беше уверен дека веќе не можат да му наштетат, само што се наоѓаа во рацете на Сантијаго. Внимателно ги спакува, ја напиша адресата и ги прати на адресата на главната полициска станица во Буенос Аирес.

Нешто подоцна го потсети Ема во желба да дознае какви се понатамошните планови во случајот за смртта на нејзината сестра.
-Зошто си така вознемирена денеска? -ја праша гледајќи како нервозно шета по канцеларијата.
-Ма пушти го тоа, некои глупости во редакцијата па лута сум... Не е ни битно. Него, како ќе ги средиме гадовите кои ја убија мојата сестра?
-„Мојата сестра“... како тоа лажно звучи... -помисли Сантијаго присетувајќи се на работите кои Лукас ги откри за Ема. -Вече почнав да средувам некои работи... подобро препушти ми го тоа на мене.
-Никако, Сантијаго! Гладис беше моја сестра и ред е да ти помогнам. На крајот на краиштата, преголем притисок е тоа за една личност.
-Ма немој... -изненадно го промени изразот налицето. -Кога ќе ми докажеш да можам да ти верувам, тогаш можеби ќе сметам на твоја помош... Ема Наваро.
-За што зборуваш ти?!
-Дај ти молам престани со жалните чудења. Проѕирна си од самиот почеток!
-Сантијаго, јас навистина...
-Знам многу добро каде се движиш и што правиш! Како и тоа дека воошто не си Ибара.
-Ова навистина не го очекував од тебе!
-Ма да, каква штета...
-Гледај, не знам кој ти ја наполнил главата, но погрешно си ги поврзал некои работи. Вистина, имам лажно презиме - Наваро, кое го спомена но... тоа е начинот да се штитам од убиецот на Гладис. На овој начин во нашата истрага ќе останат помалку траги. Па и сам рече дека тие луѓе имаат преголемо влијание.
-А податоците од лап топот?! - Мислиш едка не знам за тоа? И тие траги кои си се потрудила добро да ги отстраниш!
-Зар не сфаќаш дека со доаѓањето овде морав да бидам добро информирана за се’?! Беше многу врза за случајот на мојата сестра и минимално што можев да направам е да се информирам за сите личности со кои таа беше во контакт. Од каде иначе би ја започнала истрагата?! -беше поприлично уверлива Ема па Сантијаго веќе не знаеше во што да верува. Не негираше ништо што откри во последните денови и можеби навистина се случило погрешно да ги поврзал работите. Сепак требаше да ја виде и другата можност наместо веднаш да ја оптужи.
-Сети се дека и мене се обидоа да ме убијат. Мислиш ли дека би се плеткала во вакви работи да не станува збор за мојата сестра?! -додаде Ема и недолго потоа замина од неговата канцеларија.


Средиштето на масонската организација ; 14:30ч.


Хернан и Сантијаго стигнуваа во средиштето кога ја видоа полициската кола пред зградата. Додека Хернан со интерес гледаше што се случува, во Сантијаго почна да се раѓа чувство на задоволство.
-Кучкин син! -довикна Сантијаго гледајќи го со бесен поглед, додека Сантијаго со насмевка гледаше како полицијата му става лисици на рацете и го носи во станицата. Беше тоа тек почеток на неговата одмазда кон организацијата, но дури мала победа во скорешната војна која наскоро доаѓаше.


КРАЈ НА 3. ЕПИЗОДА
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitimeСре Окт 07, 2009 7:18 pm


ЗАРАДИ МОЈАТА ЗАФАТЕНОСТ И ВРЕМЕ КОЕ НЕ МОЖАМ ДА ГО ПРОНАЈДАМ ДОПОЛНИТЕЛНО, СЕ ИЗВИНУВАМ НА “ЧИТАТЕЛИТЕ“ ПОРАДИ ТОА ШТО ЌЕ МОРАМ ДА ЈА ОТКАЖАМ СЕРИЈАВА. ОД ВТОРАТА (последна) СЕЗОНА ОСТАНАА УШТЕ 9 ЕПИЗОДИ, ПА СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ЈА ПРОДОЛЖАТ ДО КРАЈ, НЕКА СЕ ПОЈАВАТ НА СЛЕДНИОВ ФОРУМ ЕМДТ.

СЕ ИЗВИНУВАМ, И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОНОЈ КОЈ ШТО ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЈА КОМЕНТИРА НА НАШИОТ ФОРУМ.


Боби.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Другата страна на животот - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Другата страна на животот   Другата страна на животот - Page 2 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Другата страна на животот
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: